Македонски легенди

Никола Герасимов

462539540 576322031399568 942449311132372910 n

462539540 576322031399568 942449311132372910 n

Никола Герасимов (17. VII 1868 – 2. XII 1927) е македонски револуционер, петрички војвода и учител. Учителствувал во Пазарџик, Гевгелија, Штип, Трговиште. Бил учесник во Горноџумајското и во Разлошкото востание. Од 1903 година бил секретар во четата на Александар Протогеров. Учествувал во Балканските и во Првата светска војна, во составот на Бугарската армија.

Никола Герасимов е роден на 17 јули 1868 година во Охрид. Завршил во 1891 година во Солунската машка гимназија. Во 1893 година дипломирал историја на Вишата школа во Софија. Работел како учител во гимназијата во Пазарџик (1893 – 1903).

Герасимов бил активен член е на Македонско-одринската организација, која била создадена од македонската емиграција во Бугарија и имала за цел автономија на Македонија и Одринско. Во есента 1902 година учествувал во Горноџумајското и во Разлошкото востание.  Од 1903 година бил секретар во четата на Александар Протогеров. Со неа учествувал во битката кај селото Селиште на 14 – 15 април и во Илинденското востание.

По востанието од 1904 година, повторно работел како учител во Трговиште (Ески Џумаја).  Од 1907 година бил директор на гимназијата во градот, се до Првата балканска војна.

Герасимов учествувал во Балканските и во Првата светска војна, во составот на Бугарската армија. По избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, тој раководел со партизанска чета на Македонско-одринското ополчение. Заедно со четите на Дончо Златков, Лазар Делев и Тане Николов напредувал по долината на реката Струма. Се борел кај селата Осеново, Сербиново и Сенокос.

По Втората балканска војна во 1913 година, се вратил во Трговиште, каде што бил учител до 1915 година. За време на Првата светска војна, по влегувањето на бугарската армија во Македонија, Герасимов  во 1916 година станал учител во Гевгелија, каде што останал до 1918 година.

По војната се вратил во Трговиште. Во 1923 година, станал директор на гимназијата, а во 1924 година бил избран за претседател на македонското добротворно братство Трговиште.

Во септември 1927 година, тој бил назначен за директор и учител во гимназијата во Орхание, град во Софиската област, но починал неколку месеци подоцна, на 2 декември 1927 година во Софија.

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

To top