Фељтон

ВИРЏИНИЈА СТОЈМЕНОВ – ПОЗНАТА МАКЕДОНКА ОД ТОРОНТО (24)

1

1

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Вирџинија Стојменов (Virginia Stoymenoff), беше позната Македонка во Торонто. Таа помогна да се формира Канадско македонско место (Домот за стари лица) во 1977 година и како член на неговиот одбор на директори беше повеќе од четири децении. Во 1990 година, Вирџинијабеше коосновач на Канадско – македонското историско друштво (и музеј) чија примарна цел е зачувување на се’ што е македонско и промовирање на јавниот интерес за историјата на канадските граѓани со македонско потекло.

Инаку, Канадско-македонското историско друш­т­во“ е асоцијација во која членуваат Канаѓани од македонско потекло од сите делови на етничка Македонија кои се занимаваат со македонската историја, култура, јазик, литература и воопшто со македонската вистина во минатото и сегашноста. Тоа е формирано во 1991 година од група ентузијасти чиј број постојано расте и привлекува други професионалци и ентузијасти да ги негуваат македонските придобивки

„Канадско – македонското историско друштво“.е многу значајна македонска иселеничка органииселеничка организација која има за цел да ја развива свеста и гордоста меѓу членовите и пошироко во канадското општество со цел тие да дознаат од каде им се корените, какво било нивното минато, сегашност и иднина. Затоа, Друштвото собира и ја регистрира потребната документација и материјали за македонскиот национален идентитет, традициите, културата, религијата, јазикот и други области.

Друштвото е единствена асоцијација од ваков вид во Канада и пошироко во македонската дијаспора. Тоа игра значајна улога во севкупната научна и културолошка активност на голем број македонски интелектуалции од Канада и има своја библиотека, Тоа работи во состав на Домот за стари лица „Канадско-македонски центар“, познат како „Старски дом“, каде старите лица нашле среќно катче.  Овој центар со стотина апартмани, трпезарија, и други потребни простории е пријатно место за живеење за голем број Македонци и Канаѓани. Тој е една од старите и значајните македонски институции во Канада.

Целта на „Канадско-македонското историско друш­т­во“ е да остави траен белег за македонското историско минато. Притоа да ги сними членовите на Друштвото и други Македонци од постарата генерација, со цел тие да се претстават со материјали од своите области, како што се: пред с’е историјата на Македонците во Канада, нивната култура, традиции, јазик, религија во Македонија и во Канада, како и прашања и од други области поврзани живото во нивните родни места во етничка Македонија и во Канада.

 Оваа значајна канадско-македонска асоцијација е непрофитна, доброволна, формирана согласно законските одредби на провинцијата Онтарио. Затоа Друштвото е поддржано од бројни волонтери и нивни спозори кои ги финансираат програмите на Друштвото. Исто така, Друштвото придонесува да се соберат на едно место и членовите на Канадско македонската асоцијација на ветераните, што е голема придобивка во развивањето на односите меѓу ветераните од Македонија и Канада

Вирџинија Стојмено, родена Лазарова беше позната Македонка во Канада и САД. Таа беше родена на 31 мај1934 година во Торонто, а потекнуваше од македонско семејство од егејскиот дел од Македонија. Вирџинија почина на 13 јуни 2022 година, само неколку дена по нејзиниот 88-ми роден ден, а по долга, храбра и решителна 18-годишна борба со ракот. Зад себе остава 5 внуци: Алексис, Лорен, Еван, Арон и Шајна; и нејзините два сина: Гери (сопругата Дона) и Крис (сопругата Ен). Иако работеше во текот на целиот свој живот, нејзината вистинска кариера започна подоцна во животот, кон крајот на 1970-тите кога ја следеше својата лиценца за недвижности и стана успешен и добро ценет агент за две водечки фирми од овој бизнис во Торонто.

Вирџинија беше ентузијастички вклучена во музиката, вежбаше и свиреше на бројни концерти со мандолинскиот оркестар во Торонто на музичкиот ансамбл „Шевченко“.

Во спомен на Вирџинија Стојменов ќе ги пренесеме изјавите на повеќе познати личности од САД и Канада. Така, Методија А. Колоски, ко-сновач на ОМД и претседател во заминување изјави дека Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечкиот глас за Македонците во странство – длабоко жали за смртта на драгата пријателка, член и цврст застапник и шампион за македонската историја и наследство, Вирџинија Стојменов.

„Вирџинија беше патоказ во канадско-македонската заедница, беше почитувана и сакана од сите што ги запозна. Уште кога бев тинејџер ја запознав Вирџинија и од тогаш таа ми стана пријателка, потоа ментор и еден од најсилните поддржувачи на ОМД од самиот почеток. До самиот крај на животот Вирџинија се бореше за нашата македонска кауза и заедница и беше еден од најдобрите проверувачи на фактите за македонската историја, наследство и човекови права. Без разлика дали се работеше за пишувањето на медиумите за името или историјата на Македонија, застапувањето на Конгресот, за средби со шефови на држави, членови на парламенти и амбасадори или зборување со млади Македонци, Вирџинија жестоко се противеше на промената на името Таа постојано повикуваше на единство меѓу Македонците да работаат за општото добро на Македонија. Затоа се вели дека  нејзиното наследство и сеќавање да ги инспирираат младите генерација на Македонците во Канада и ширум светот“, напиша Мето Колоски.

По повод смртта на Вирџија Стојменов, Ден Малин, претседател на Канадското-македонското историско друштво од Торонто изрази жалење и го изјави следното::

„Вирџинија Стојменов беше најпосветен поддржувач на македонската заедница во Торонто. Нејзината посветеност и истрајност беа едноставно неверојатни. Нејзината работа со интервјуирањето и снимањето на голем број значајни членови на македонската заедницата за сите нас, беше од особен интерес не само за неа како автор, туку и тоа е достапно на нашата веб-страница Macedonianhistory.ca. Ние сме горди што можеме да кажеме дека таа беше дел од нас“, изјави Ден Малин

Професорката д-р Кристина Крамер од Универзитетот во Торонто, пак, го изјави следното: „Вирџинија Стојменов беше неуморна. Таа беше длабоко заинтересирана за македонските работи и ја сподели со мене нејзината семејна историја поврзана со селото Врбник, Мала Преспа, во Албанија. Во 2000-та година требаше да патуваме таму заедно, но морав да одам без неа бидејќи таа неможеше да патува од здравствени причини. Снимав видеа од неа за да ја покажам пред нејзините роднини, и снимка од нејзините роднини за нејзе да и’ покажам. Никогаш нема да заборавам како ги споделувавме тие приказни. Таа земаше часови по македонски јазик со мене и секогаш се интересираше за историјата политиката и културниот живот на Македонија. Бев инспирирана од нејзината љубопитност, нејзината подготвеност да учествува во толку многу области и да работи за други“, напиша проф.д-р Кристина Крамер.

Д-р Крис Стефанович, член на Управниот одбор на Канадско-македонско место (Домот за стари лица) во Торонто, го изјави следното: „Вирџинија Стојменов беше активна, практична и поддржувач на се’ што е македонско, честопати оставајќи ја светлината на другите. За неа поважно беше извршувањето на работата, отколку да се зборува за тоа. Таа придонесе нејзината енергија да даде придонес за македонската кауза, вклучително и за Канадско-македонското место-Домот за стари лица, Канадското-македонското историско друштво, Македонското-канадското здружение на здравствени работници од Канада и на Обединета македон-ска дијаспора (ОМД) од Вашингтон. Вирџинија Стојменов со ентузијазам ги поддржа позициите на ОМД., затоа многу ќе им недостасува на сите кои се восхитуваа на нејзината енергија, а ќе  остане запаметена по тоа што постојано викаше ЈАС СУМ МАКЕДОНКА“, изјави д-р Крис Стефанович од Домот за стари лица во Торонто

Продолжува

1slavek1

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top