Фељтон

СЛАВЕ ГРПЧЕВ – ЈАНКУЛОВСКИ – ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА (30)

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Славе Грпчев – Јанкуловски е роден во 1934 година во Наколец. Завршил четири одделенија основно училиште во родното село Наколец, но немал услови да го продолжи своето образование. Тој потекнува од старо македонско семејство кое се занимавало со земјоделство и риболов.

Судбината и тешките услови за живот го натерале да создаде ново животно гнездо во Канада. Така, во 1969 година, заедно со сопругата Олга, синот Јове и ќерката Валентина се преселиле во  Торонто, каде им се родиле внучињата Даниел, Андтријана и Александар.

Меѓутоа, Славе Грпчев – Јанкуловски го раскажуваше преданието дека селото Наколец трипати било преместувано додека не ја заземало денешната местоположба што се потврдува со следниве факти. Кога Преспанското Езеро било повлечено слично на денешната положба, населбата постоела на околу 300 метри поблиску, кон езерото од денешната местоположба. Тоа се потврдува со откриените остатоци по опаѓањето на нивото на водата, што следи во периодот од 1987 година до денес, со тенденција на натамошно повлекување.

Притоа, покрај темелите на езерската црква „Свети Никола“, која била преместувана кон крајбрежјето и остатоците од живеалиштата, беа откриени два бунара: едниот соѕидан со камен, другиот плетен со фоини прачки, како и многу керамички предмети. Но, најинтересно е тоа што повлеченото Преспанско Езеро зад себе оставило траги од некогашни живеалишта на колци, според кои се зачувал топонимот, односно името на селото Наколец, што означува живеалиште на колци.

Во Наколец постојат три значајни локалитети: Леска, Метилаец и Лапата. Во него постојат три македонски православни цркви и тоа: „Свети Никола“, лоцирана во центарот на селото каде се и селските гробишта, која е изградена во 1884 година, потоа црквата „Свети Атанас“, подигната меѓу двете светски војни и уште езерската црква „Свети Никола“, подигната на самиот брег на Преспанското Езеро, изградена во 1921 година на стари темели.

Во Наколец постои џамија, која, веројатно, била изградена во XIX век, реновирана е во 1995 година, а во неа постојат гробишта ,чии гробови се напишани со арапско писмо. Таа им служи на муслиманите во селото. Исто така, во Наколец има и теќе, кое е реновирано во 2003 година, и е лоцирано на самиот влез во селото. И покрај тоа што сите верници од муслиманска вероисповед во селото одат во џамијата, постоењето на теќето укажува на постоење на муслиманска дервишка секта – бектеши во овој дел на Преспа.

Според зборовите на Славе Грпчев – Јанкуловски, со своја прва училишна зграда селото се стекнало во годините на Првата светска војна, од кога, всушност, и почнале образовните процеси во овој крај. Затоа селото е познато по одреден број интелектуалци, кои живеат на балканските простори, во Канада, Соединетите Американски Држави и Австралија.

Славе Грпчев – Јанкуловски е автор на публикацијата, „Македонски народни приказни од брегот на Преспанското Езеро раскажани од Славе Јанкуловски-Грпчевски“, што ја подготвил д-р Танас Вражиновски. Таа е значајна публикација за Наколец и Преспа која е издадена и промовирана во Торонто, 1995 година. Таа содржи 200 страници на кои се претставени вистини за селото Наколец и Преспа.

Славе Грпчев – Јанкуловски беше одличен раскажувач и човек кој беше вљубен во народното творештво, особено од преспанскиот крај. Тој е автор на  книгите: „Маке-донски народни приказни од брегот на Преспанското Езеро“, Торонто, 1999 година на 200 страници, што ја подготви д-р Танас Вражиновски, како и на публикациите „Стари македонски народни песни“, „Македонска искра“, Скопје, во 2004 година на 323 страници, и „Македонски народни песни – старо богатство“, „Македонска искра“, Скопје, 2004 година, на 366 страници, што ги подготви авторот на овој текст, Славе Катин, кој е во роднински врски со семејството Грпчевски по баба му Ката.

Така, во поговорот на делото „Македонски народни приказни од брегот на Преспанското Езеро“, меѓу другото, се вели дека публикацијата претставува значаен прилог и придонес во собирањето, зачувувањето и афирмирањето на македонското народно творештво. Таа, всушност, претставува скромно дело на еден македонски иселеник во Канада, кој ја напуштил татковината, а го заробила носталгијата.

Авторот вложи огромен труд, напор, време и средства, а со тоа му се исполни желбата да ја изрази својата голема љубов, мечта и дарбата кон пишаниот збор, кон своето семејство, кон народно творештво… Ова дело содржи 360 страници на кои по азбучен ред се дадени неговите записи за народните песни.

Делото, пак, „Стари македонски народни песни“ (2004) на Славе  Грпчев – Јанкуловски содржи 330 страници на кои се презентирани 325 песни кои тој самиот ги собрал и ги напишал. Нив ги паметел уште од дете, а ги слушал од луѓето, пренесени од колено на колено, од генерација на генерација и од место до место.

Затоа, Славе Грпчев – Јанкуловски ќе рече дека неговата желба беше песните да останат вечни и да се пренесуваат од поколение на поколение, не само во Македонија туку и меѓу Македонците кои живеат во Канада.

Книгата „Народни приказни од Преспа“ (2004), исто така, е приватно издание, во која сите приказни ги напишал авторот. Нив ги паметел уште како дете, а ги слушал од народот. Тој велеше дека приказните немале стопан, туку тие никнале од земјата и останале вечни и се пренесуваат генерациски натаму за да не се заборават.

Тој, меѓу другото, ќе забележи: „Од половината на XX век, за жал, селото Наколец остана полупразно. Езерото се повлече кон длабочините, планината остана пуста, а Македонците речиси се иселија. Таму не се слуша блеењето на овците и јагнињата, се изгуби гласот на ѕвонците, на песната, на убавото, на минатото… Тогаш и мене иселеничката река ме донесе во Канада, каде изградив постојано гнездо за моето семејство“.

Делата на Славе Грпчев – Јанкуловски, всушност, се значаен прилог и придонес во собирањето, зачувувањето и афирмацијата на македонското народно творештво. Публикациите, претставуваат скромно постигнување на еден македонски иселеник во Канада кој ја напуштил Татковината, а него го заробила носталгијата.

За да најдат овие дела за македонските народни умотворби простор под Сонцето, авторот вложил огромен труд, време и средства, а со тоа му се исполни желбата да ја изрази својата голема вера, надеж, љубов и дарба кон пишаниот збор, кон своето семејство, кон македонското народно творештво и кон Македонија.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top