Фељтон

ПЕТРЕ ЈАНОВСКИ – БИЗНИСМЕН И ДОНАТОР НА БРОЈНИ МАКЕДОНСКИ АКТИВНОСТИ ВО КАНАДА (4)

56211

                                       56211

                                     ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Монографија „Јановски“ е дело на Славе Катин, а издавач е „Македонска искра“ од Скопје (2002) на 226 страници е на македонски и на англиски. Таа е документ за потеклото, животот и судбината на семејството Јановци, во Македонија и во Канада. Делото опфаќа три генерации: постарата (родителите), средната (браќата) и најмладата (нивните потомци). Монографијата, главно, е наменета за идните нивни генерации, кои се раѓаат, растат и се формираат во Канада, со цел да не ги заборават сопствените корени. Затоа овде се опфатени два века, целиот дваесетти и почетокот на дваесет и првиот век и историјата на семејството Јановци со дадените координати во просторот и времето што таа го опфаќа.

Извори на податоците за книгата беа браќата Петре, Марко и Васил, нивните роднини и пријатели, особено нивниот роднина Алексо Јановски од Битола, како и бројната историска литература за нивниот роден крај. А кога се пишува за Македонците во Торонто неодминливо е да се спомене семејството Јановски и нивната фабрика „Јановски топ каунтер лимитед“, формирана во 1975 година. Оваа пространа фабрика која е специјализирана за кујнски намештај е една од значајните поддржувачи и донатори на македонските активности, особено на МПЦ „Свети Климент Охридски“ во Торонто. Сопствениците на оваа значајна канадска фабрика се трите браќа Марко, Петре и Васил (сега покоен). Ова семејство се одликува со својата скромснот, честитост, работливот и приврзаност кон Македонија и Канада, а е почитувано и ценето како во македонската заедница, така и пошироко во канадското општество.

Корените на семејството Јановски се во Македонија, во убавото подпелистерско и печалбарско  село Велушина, Битолско. Ова македонско село се наоѓа на десетина километри јужно од Битола, од десната страна на патот кој преку Бистрица и Драгош продолжува во Егејска Македонија. Тоа е сместено во зелениот засек што паѓа директно од планискиот масив на Баба Планина. Локалниот асфалтен пат што се одвојува од главниот, врви низ средината на Велушина и се искачува на ридот, каде е сместен манастирот „Свери Ѓорѓи“. Овој пат што врви и покрај црквата „Света Богородица“ се тврди сдека е дел од римската магистрала „Виа Игнација“.

Инаку, Велушина во минатото било напредно и богато село. Неговите земјишни имоти се простирале до источниот пат што води од Битола кон Меџитлија. Во тоа време во селото живееле околу 1.200 жители. Меѓутоа, денес за жал, се останати само дваесетина семејства, а се населуваат семејства на македонски Албанци од ближното село Острец.

Овој пат ќе се задржиме на животната приказна на Петре Јановски, еден од основоположниците на фабриката за кујнски мебел „Јановски“. Тој е најмалиот брат кој со своите способности успеал да се издигне во светот на бизнисот и да ги почувствува неговите погодности. Тој е скромен и срдечен човек кој повеќе се радува на семејството, на поколението Јановци, односно на човековата вредност, отколку на моќта на парите. Долги години во неговите раце беше кормилото на фабриката, посебно на маркетингот, односно освојувањето на пазарот. И денес како пензионер е секојдневно присатен во фабриката. Тој си остана да биде разговорлив Македонец, милозлив соговорник, со питомо срце и душа, каков што беше на помлади години.

Петре Јановски е роден во Велушина и ги наследил убавите работи од неговите ро­ди­тели. Тој  е  ин­те­лигентен и мудар, има смисла за бизнис и креа­тивноста, тој е упорен и енер­гич­ен. Петре Јаневски е човекот со хуманитарен карактер и готовност да помогне секому.  Лагата, фалбата и омразата за него се туѓи. Тој завршил основно училиште во Велушина, а потоа се запишал во Средно техничко училиште во Скопје. Тој е успешен бизнисмен, природно надарен, скромен  и талентиран за секој вид работа. Стапил во брак со убавата велушинка Софка родена Гушевска, со која заедно одраснале во селото, а свадбата ја направиле во Торонто, каде ги удриле темелите на својот полувековен брак. Петре има голема поддршка од неговата сопруга. Софи му остана негова десна ра­ка, му помогна тој да се кон­цен­­трира на бизнисот, а таа ја пре­зе­де сета грижа за семејството и домот.

Во врска со неговото доаѓање во Канада, во еден разговор Петре Јановски ме ифомирани дека тој најпрвин избегал од Македонија кај јужниот сосед, бил во логот во Лаврион, каде го научил грчкиот јазик. Потоа бил префрлен во Белгија. Оваа земја, позната по својот стандард и култура, извршила големо позитивно влијание брз формирањето на неговата личност во светот на бизнисот. Од Белгија дошол во Торонто, каде заедно со Софи свиле ново гнездо.

Тие се родители на два сина кои се здобиле со факултетско образование во Канада. Синот Ѓорѓи (Џорџ) како одличен студент често бил присутен во јавноста со способностите што ги покажувал во областа на финансиите. По завршувањето на факултетот се вклучил во семејниот бизнис, во кој бил задолжен токму во таа свера. Денес Џорџ Јановски е на чело како главен менаџер на фабриката „Јановски“. И вториот син Никола Јановски тргнал по неговиот пат, како во образованието, така и во бизнисот, што е голема среќа за родителите. Се здобил во факултетско образование и е на висок положај во една позната фирма во Торонто.

Инаку членовите на семејството Јановски се долгогодишни донатори на изградбите и активностите во сите македонски православни цркви во метрополата Торонто. Тие се донатори на печатени книги  на членови на Литературно друштво „Браќа Миладиновци“, на инфромативните гласила кои постојат во метрополата Торонто, на други организации и поединци. Нивната материјална помош била од голема важност за продолжување на целокупната дејност на црквите, информативните гласила и другите асоцијации на Македонците во Канада  Исто така, семејството Јановски е подржувач и учесник на голем број македонски манифестации, како и на други бројни активности во македонска колонија .

Денес во индустрискиот дел на градот Маркам, северно предградие на Торонто  се наоѓа фабриката „Јановски“ која произведува мебел, односно кујнски елементи, барани на канадскиот пазар, главно, заради нивниот квалитет. При моите посети на овој значаен канадско-македонски објект, како што милуваат да кажат браќата Петре и Марко, а јас како автор на монографијата „Јановски“  и гостин на ова семејство, сум имал прилики на самото место да ја доживеам атмосверата во која функционира оваа фабрика.

Она што паѓа вочи е големината на капацитетот кој зафаќа преку пет илјади квадратни метри површина, но и системот на неговото функционирање без застој, а со кој ракови главниот менаџер Џорџ, синот на Петре Јановски. Преку него се запознав со процесот на производството, но и со фактот дека Џорџ е клучната фигура во работата на фабриката, заедно со својот тим, во презентацијата на производите и нивниот пласман.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top