Фељтон

МАЈКЛ КЛОС – УГЛЕДЕН ЛИКОВЕН УМЕТНИК И ДОНАТОР ОД ТОРОНТО (6)

11 copy copy copy

11 copy copy copy

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Мајкл Клос, е светски познат ликовен уметник од Канада, со македонско потекло. Неговите родители потекнуваат од Егејска Македонија. Живее во Торонто, со неговата сопруга Менка – Македонка од Охрид и двете ќерки. Постојано изложува по светот, настојува секоја прилика да ја искористи да дојде во Македонија, каде организира изложби, учествува на ликовни колонии и се радува на Македонија.

Според текстовите и информациите на Веле Митаноски, кој е во родбински врски со Менка Змејкоска, сопругата на Мајкл Клос беа од големо значење да го напишам овој текст за оваој канадско-македонски ликовен уметник. Во информациите, меѓу другото, се вели дека. Мајкл многу ја сака Македонија, речиси исто колку и својот животен сопатник и менаџер, сопругата Менка Клоз. 

Мајкл и неговата сопруга Менка заеднички ја изразија нивната љубов кон Македонија кога во прилог на самостојноста на Македонија, испратиле стотици и стотици писма и минијатури на сите континенти. Во нивните томови од писма наредени се: До сите членови на американскиот Конгрес, до парламентарците во Париз, Рим, Торонто, Перт, до Бил Клинтон и Хилари Родман Клинтон, до Марше и Батинтер. Притоа, испратиле над 2.000 оригинални слики – минијатури, кои се дел од нивниот мега-проект: “Вистината за Македонија“.

Михаил (Мајкл) Клос е човекот кој, далеку од Македонија со себе го носи македонскиот код, само што со него судбината се поиграла на малку посуров начин. Мајка му Стоја Милошева од селото Трсеа, Леринско, која ја напуштила родната грутка непосредно по Ѓраѓанската војна во Грција, која заедно со сопругот Славко Стаменов си го нашол својот нов дом во Торонто, во демократска Канада.

Во биографијата на семејството е забележано дека кога Мајкл имал само 5 години, татко му Славко посака да ја види Пиринска Македонија. Беше тоа времето на источно-европската “челична завеса”. Кога стигна во Бугарија, како во некоја последна “балканска крчма” го уапсиле како “западен кодош!”.  Му се губи секаква трага. Меѓутоа, после 25 години, синот Мајкл – Михаил, го пронаоѓа својот родител како дрвосечач, високо над планините во Ќустендил. На тагата и’ немало крај.

Инаку, канадско-македонскиот ликовен уметник Мајк Клос е роден во Торонто на 14 август 1954 година. Таму го започна своето основно и среднообразование. Уште од раното детство, а особено во средното училиште пројавува интерес кон ликовната уметност. Затоа и продолжил да  студира дизајн на политехничкиот универзитет „Рајерсон“, На универзитетот во Гвелф завршил општа економија, а на Колеџот за уметности во Онтарио се стекнал со диплома на уметник.

Во 1977 година се стекнува со диплома на Универзитетот за уметност во „Онтарио Колеџ оф Арт” една од најстарите и најпознати сликарски школи во Канада. Во Торонто го завршува елитниот ликовен колеџ, но паралелно студира и сценарио и дизајн. Светскиот, а наш – македонски ликовен горостас Клос, истовремено е дизајнерот на ТВ серијата “Полициска Академија Три”, како и на играните филмови: “Тројца мажи и бебе”, “Вивид” и други. Исто така, уметникот Мајкл Клос е сценарист и дизајнер на филмскиот проект “Американски син”, филм со личен печат.

И покрај тоа што е еден од познатите ликовен уметник, Мајкл Клос се занимава и со сценографија за филм, театар и телевизија. Уметничкото творештво на Мајкл е свртено кон апстрактноста. Во сликарската палета на црвената, жолтата, црната, сината линија на Мајкл Клос, прикажани се ликови низ кои струи минатото, сегашноста, иднината.

Кај него оддблесоците на времето, културите и цивилизациите се испреплетуваат. До сега има реализирано повеќе од 40 ликовни изложби на сите континенти. Мајкл Клос е познат и како филантроп. Имено, скоро секогаш изложените дела ги подарува на галеријата или на музејот каде изложува. Многу често се јавува и како донатор на свои минијатури за учесници на разни научни и културно-уметнички собири.

Поради љубовта кон Македонија, посебно кон Охрид пред повеќе од дваесет години се родила идејата кај Мајк Клос, постепено да ја пренесува личната архива, поврзана со неговото сликарско творештво. Промотор на ова идеја е Веле Митаноски, кој го придвижува процесот, кој, пред 5 години, финишираше со пренос на најголемит дел, депониран во Подрачната единица на Архивот на Македонија, во Охрид.

Подоцна, се почна да се работи на идејата, во Македонија, во случајов во Охрид, да пренесе поголем дел од сликарското дело. Во 2019, повторно дојде во Охрид. Во организација на МАНУ, се организира изложба на Мајк која беше отворена во Куќата Уранија (МАНУ) и на која и’ се даде голем публицитет. Во присуство на бројна публика, академици, дипломати и други видни личности, изложбата ја отвори претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелеска.

Во таа прилика, беше организиран и прием кај градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески. Тој им оддаде благодарност за пренесената лична архива, додека за ликовните дела беше договорено тоа да се реализира како постојана продажна изложба, уметникот сликите да ги дарува бесплатно, општината да даде своја просторија бесплатно (во новоподигната зграда на Градскиот пазар), додека средствата за тековно одржување и работно ангажирање на две лица, да ги обезбеди државата, преку Министерството за култура.

Денес Мајкл Клос е светски човек: Од Торонто до Њујорк, од Вашингтон до Париз, од Берлин до Токио и до сите светски метрополи, тој ја гради Македонија, како уметник и Македонец. Не му е тешко за секој член на француското националсно собрание (парламентот) да наслика по една оригинална минијатура.

Тоа го прави и во ООН. Тоа го прави како Канаѓанец од македонско потекло, во прилог на Македонија и тоа им го става на знаење на сите влијателни луге во светот. Треба да се спомене дека едно негово платно е трајна сопственост и има траен простор во Романскиот парламент. Посебно е горд, на изложбата и делото што го оставил во седиштето на Европскиот парламент во Стразбург, затоа што му ја посветил на првиот македонски претседател, Киро Глигоров, во 1996 година.

Мајкл Клос со сликарство се занимава веќе 4 децении и за тоа време има изложувано свои дела во родната Канада, но и во многу евроспки земји. Сликарството е неговата главна преокупација, но веќе долго време работи и како графички дизајнер и сценограф. Во неговите дела доминира лицето на жена. Досега има реализирано околу 150 самостојни изложби во триесетина земји во светот: Канада, САД, Франција, Германија, Белгија, Турција, Египет, Русија, Казахстан, Кина, Ватикан, Соломонските Острови, Виетнам… Секако, повеќе пати и во Македонија.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top