Коментари

Венко, престани да се брукаш!

1Manojil

1Mane 4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Мане Јаковлески

На 17 јуни 1990 година, во салата на Домот на млади „25 Мај“ во Скопје, беше формирана ВМРО-ДПМНЕ. Од говорницата јасно беше истакнато дека Македонија ќе има своја надворешна политика, македонски амбасадори, армија, сопствена валута, репрезентација во фудбал, кошарка, ракомет… дека ќе ги има сите обележја на една современа европска држава. Истовремено беше кажано дека Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ – изјава што тогаш одекна како бомба.

Некои медиуми во тоа време објавија дека се формира „фашистичка партија“ во Македонија, само затоа што ВМРО-ДПМНЕ се залагаше за самостојна држава на македонскиот народ и нејзино членство во ЕУ и НАТО.

Од тогаш до денес, ВМРО-ДМНЕ за СДС беше: фашистичка, пробугарска, проруска, анти ЕУ, анти НАТО, анти Америка, а тие за жалење до денес не се сменија, тие беа и останаа партија која цело време работи против интересите на Македонија.

По 35 години од создавањето на независна Македонија не им иде паметот, денес Венко Филипче со нова песна, денес, на прес конференија изјави: Македонија прифати да бидеме коспознори на американската резолуција. Венко, престани да се брукаш! Со твоите изјави не само што се срамиш себеси, туку ја брукаш и Македонија. Па нели за тебе и СДС, ВМРО-ДПМНЕ беше анти Америка?. Денес за тебе и тие околу тебе било грешка да се прифати резолуција предложена од нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави? Бог да чува.

Можеби Венко и неговата партија заборавиле што се случувало во минатото или мислат дека македонскиот народ има кусо паметење. Но фактите остануваат: од 1990 година до денес, ВМРО-ДПМНЕ секогаш се залагала за независност, интеграцијата и националните интереси на Македонија.

Македонија, благодарение на антимакедонските политики на СДС, како држава што ги почитува сите национални заедници (Албанци, Срби, Турци, Власи, Бошњаци и други), потпиша договори со Грција за промена на името и со Бугарија за менување на историјата… Со тоа, на Македонците им беше ускратено правото да се изјаснуваат како Македонци, додека сите други можат слободно да го прават тоа. Ова не е ништо друго освен историска глупост и велепредавство.

И додека СДСМ продолжува да ги игнорира потребите на македонските граѓани и продолжува со својата стара песна која ги носи кон понорот, ВМРО ДПМНЕ на чело со лидерот Христијан Мицкоски успешно ги реализира проектите и Македонија со крената глава чекори напред кон нови остварувања.

Венко, престани да се брукаш!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top