Фељтон

ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД – БРАНИТЕЛ НА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА ВО КАНАДА (22)

121

121

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Со право може да се рече дека Дана Скендова Скотланд е голем приврзаник и почитувач на втората татковина–демократска  Канада и родната Македонија и дека таа е  еден вид мост меѓу Македонија и Канада. Тоа се потврдува со зборовите на Дана, дека треба човек да се бори за својата иднина, да ги чува семејните обичаи, традициите, религијата, мајчиниот јазик, културата и сите други придобивки, со  цел  да  остави  трајни  белези  за  идните  генерации, кои треба    да ги продолжат древните македонски вредности.

Судбината Дана Скендова Скотланд била, да ја напушти Македонија во немирните времиња исполнети со прогони, неправди, страв и се’ она што може да го донесе војната и недемократските системи. Таа од родната Македонија го понесе единственото чувство дека е Македонка и дека ќе остане тоа до крајот на животот

Животот на Дана Скендова-Скотланд започнал во Битола во 1944 година, во градот на конзулите и градот на културата и образованието, за потоа во 1951 година заедно со родителите да замине во Канада каде и сега живее. Таа од родната Македонија го понесе единственото чувство дека е Македонка и дека ќе остане тоа до крајот на животот.

Судбината Дана Скендова Скотланд била, да ја напушти Македонија во немирните времиња исполнети со прогони, неправди, страв и се’ она што може да го донесе војната и недемократските системи. Патот ја однел на повеќе балкански простори, за на крајот да се пресели во Канада, каде Дана со своето семејство живее повеќе од педесет години. 

Меѓутоа, иако ова доблесна Канаѓанка од македонско потекло со семејството живее во демократска Канада, во нејзината втора татковина, таа остана доследно на својата вековна македонска национална припадност и на своите дедовски корени во Македонија.

Животната приказна на Дана Скендова-Скотланд е, истовремено и еден вид сторија и историска вистина на Македонија, а преку неа и на македонското иселеништво. Тоа е особено изразено со нејзината Автобиографија за нејзиниот животен пат, каде сублимирано се проектира најновата фаза на историјата на една скромна иселеничка која е на распетие меѓу Македонија и Канада. Со тоа значењето на оваа автобиографија, која ја подготви авторот на овие редови Славе Катин, ги надминува рамките на обично дело за животот на едно македонско семејство надвор од Македонија.

Инаку, автобиографијата „Сеќавања” на Дана Скендова-Скотланд, е огледало на нејзиниот животен пат, судбина, минато, сегашност, дел од нејзините лични и семејни постигнување, како и дел од иднината на нејзиното семејство. Затоа може да се каже дека со оваа автобиографија во куси црти се проектира еден дел од македонската историја. Таа е интересна и претставува вечно дело на едно скромно македонско семејство од Егејска Македонија.

Во оваа книга даден е дел од сликата за Дана и нејзиното семејство Скендови, младото поколение, нејзиниот сопруг Блер Скотланд, нивната животна прикаска и судбина, нивниот заеднички живот и постигнувања. Во автобиографско дело, на многу интересен, наративен начин, на англиски и на македонски јазик се презентирани историскиот, животниот, семејниот, иселеничкиот и творечкиот опус, пред сè на Дана Скендова–Скотланд.

Дана, покрај тоа што е вљубеник во Торонто, во канадскиот живот, демократските процеси и слободи, таа е голем роднокраен поборник и вљубеник во македонскиот поетски пишан збор, во македонското духовно живеење и македонската заедница. Во исто време со своето скромно поетско постигнување е позната, докажана и призната  во македонската заедница во Торонто, особено преку Литературното друштво „Браќа Миладиновци” што е во рамките на МПЦ „Свети Климент Охридски” во Торонто..

За авторот на овие редови посебно значење е и еден друг факт. Тоа е познанството, пријателскиот однос и добрите релации на нашите родители од пред педесетина години до денес. Затоа и мојата лична благодарност кон Дана и нејзиното семејство за укажаното внимание и чест да ја уредам, преведам и отпечатам оваа значајна автобиографија, дело со дел од интересната животна сторија на Дана Скендова-Скотланд и нејзиното почитувано семејство, која се чита во еден здив.

Исто така, во монографијата се дадени податоци за нејзиниот сопруг Блер Атол Мур Скотланд кој бил роден во болницата „Свети Јосиф” во Торонто, на 26 јуни 1940 година.Неговиот татко Џорџ кој бил роден во Пертшир, Шкотска, при крајот на   XX век, бил единствено момче во семејството со четири сестри. Играл фудбал во клубот „Свети Џонсон” и во 20-тите години на XX век, од далечната Шкотска дошол во Канада во потрага по подобар живот.

Блер не знаеше ништо за Македонија и за македонскиот народ. За една недела, направи истражување и набргу доби низа сознанија за историјата на македонскиот народ. Поради неговата љубов кон Дана, Блер го прифати народот, културата и религијата. Се запиша во македонско училиште и две години учеше со професорката Софија Росовска и таа навистина беше импресионирана од неговата трудољубивост.

Научи да чита и пишува македонски, но јазикот му беше предизвик. Уживаше во музиката и играше ора. Всушност, Блер стана вистински амбасадор за Македонија.

Дана Скотланд е член на Литературното друштво „Браќа Миладиновци”. Објавила поезија на англиски и на македонски во делата „Корени”, „Литературна мисла”, „Незаборавени” и „Носталгични воздишки”

Таа е медицинска сестра и е хуманист, човекољубец, помагач и волонтер во многу организации. Така, таа, меѓу другото, е Член во Комитетот за контрола (архивски секретар) на црквата „Свети Климент Охридски”, Член на Женската секција на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски”, во “Македонски детски фонд,, член на Организацијата „Обединети Македонци”,на Македонско историско друштво на Добротворното друштво „Неволјани” и на Женското здружение „Неволјани”. Дана Скотланд, меѓу другото е добитник на Награда за волонтирање 1993 – 10 години од Канадско-македонското здружение.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

Мијаците под османлиска и српска власт

Улогата на селските првенци Мијачките населби имале свои првенци – познати и влијателни луѓе што посредувале меѓу населението и државната власт. Меѓу личностите што ги споменува Трајчев се Томо Ќаја, Ѓурчин и Сарџо. Нивниот авторитет не произлегувал само од материјалната состојба. Тие биле одговорни за одржување на редот, решавање спорови и заштита на интересите на […]

ОРЕШЕ – МИЈАЧКА КОЛОНИЈА ВО СРЦЕТО НА АЗОТ

Земјоделци, мајстори и чувари на мијачката традиција По описот на Папрадиште, Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“ се осврнува и на соседното Ореше. Двете села ги претставува како една поширока мијачка заедница создадена во областа Азот, во југозападниот дел на Велешко. Според податоците што ги пренесува авторот, Ореше било населено со мијачки семејства доселени […]

МИЈАЦИТЕ ОД ПАПРАДИШКАТА КОЛОНИЈА НЕ ПОДЛЕГНАА НА СРПСКОТО ЗЛАТО

Отпор против туѓата пропаганда „Последните години од турскиот режим Папрадиште беше често тероризирано, но Мијаците не подлегнаа на српското злато, ниту се уплашија од теророт на српските чети и го зачуваа своето национално чувство“ – пишува Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година. Меѓу мијачките населби на кои Трајчев […]

Карактерот и семејните вредности на Мијаците

Воздржаност, достоинство и добронамерност Во својата книга за Мијаците, Георги Трајчев го опишува Мијакот како воздржан, молчелив, добронамерен и благ човек, подготвен да помогне некому во неволја. Во неговиот опис, особено место заземаат чесноста, почитувањето на дадениот збор и грижата за семејниот углед. Воздржаноста не подразбирала отсуство на чувства. Тие најчесто се изразувале во семејниот […]

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

Најнови вести

To top