Коментари

Луѓето добро знаат кој дојде со празни раце, а си замина со полни куфери!

701 copy

701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ДУИ кога ќе почувствува дека ја губи поддршката од народот, одма ја вадат од фиока нивната омилена тема: правата на Албанците.

Дваесет години беа во влади, во општини, во јавни претпријатија. И сè им беше „таман“. А сега, кога крајот им чука на врата, пак стара песна: Албанците се дискриминирани, а ниту еден збор за сите други што живеат овде: Македонци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, народ што трпи и живее со иста мака од нивното дваесет годишно владеење..

Не зборуваат за младите што во нивно време заминуваа масовно без разлика на вера или етничка припадност, сите во еден правец: Германија, Швајцарија, Италија, Австрија, Словачка,…Заминаа цели генерации млади, а тука останаа празни села, стари родители, а Тие со полни сметки!

Старите луѓе-нивните родители останаа сами, нема кој чаша вода да им подаде, во Зајас, Врачиште, Гостивар, Тетово, Чегране, Добридол, Боговиње, така е и во другите градови и села во цела Македонија, школските клупи празни, нема детски џагор, куќите затворени, ролетните спуштени, суви чешми, недај боже како чума да поминала. А тие што заминаа место да ги чуваат нивните родители, чуваат стари Германци, Австријци, Италијани, Швајцарци,…

Цели генерации заминаа во странство, а тие „многу“ загрижените заминаа-побегнаа, со полни торби нечесно „заработени“ пари. А пред да избегаат, се натпреваруваа кој погласно ќе каже дека „образот им е чист“ и дека „со душа чекаат да одат на суд за да ја докажат нивната невиност“. Сите ги видовме, сите ги слушнавме! И сега тишина. Ни суд, ни правда, ни совест ни бутур. Само старата приказна за „дискриминација на Албанците“. Оваа држава не е нивна приватна авлија. Македонија е за сите и сите еднакво страдавме и сите заедно се радуваме.

Ама народот не е повеќе наивен ниту е за потценување.

Бог или Алах ни го даде Христијан Мицкоски кој не ги дели луѓето по националност или по вера, тој работи за иднината на сите, тој работи да ја врати Македонија кај народот, тоа, овие напатени души го заслужуваат.

Христијан Мицкоски работи еден ден да се врати џагорот во училиштата, да се кренат ролетните на куќите, да почне да тече вода од исушените цевки, да се вратат младите дома за да живеаат покрај нивните стари и изнемоштени родители. На следните локални избори, ќе им стигне одговорот од народот и на ДУи и на СДС.

Доста беше од лажни „загрижени“ патриоти! Народот повеќе не им верува!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top