Коментари

Бугарија е пример како преку ноќ од Хан се станува Цар

1Dzepovski1

Dzepovski

Александар Македонски Џеповски

Точно така и нема човек на планетава да не им се смее поради тоа. Сите знаат колку време е потребно , како и зошто да постане некој Цар во некоја земја и таа процедура е предолга и ептен историска со голема дистанца на време  и преголеми докази. Арно ама кај Бугарите  се е возможно и немаат ама никаков срам и арам за нивните лаги и ” големите историски докази “.

Пример за тоа е времето на Кирил и Методи. Додека беа млади во тоа време според Бугарите имале Хан или предходно Ханови. Види чудо и последниот ” бугарски  ” Хан преку ноќ станува Цар и така да од муслимани народот демек бугарски стануваат христијани и Ханот со титула Цар. Просто и Господ да им позавиди како експресно тоа се случило и толку многу конвертирани христијани се создадоа.Се би било убаво доколку нормални луѓе би им поверувале и за една секунда.

Се поставува едно нормално прашање – дали Бугарите се толку паметни луѓе или цел свет е глуп до даска ? Истите работи на ист начин ги преправаат од тогаш па се до ден денес и ако ги оставиме, ептен ќе ни се качат преку глава и на онаквото.

Трагедијата да биде уште поголема, оваа глупост и сите лаги се благословени да се запишуваат во енциклопедии и секаде пошироко како големи ” вистини ” .

Сто пати повторена лага на крајот станува голема вистина и тоа глобалистите го спроведуваат секојдневно последниве 200 и кусур години.

НАШАТА БОРБА Е ГОЛЕМА БОРБА КАДЕ СИТЕ ОВИЕ ЛАГИ МОРА ДА ГИ ГЛЕДАМЕ, АНАЛИЗИРАМЕ И ДОКАЖУВАМЕ ЗОШТО Е ТАКА И ТОА НА НАША ШТЕТА. ГИ ЛАЖАТ СИТЕ, ГО ЛАЖАТ БОГА И МОРА ОДЛУЧНО ДА СЕ ЗАСТАНЕ ВО ИМЕ НА БОГА, НАРОД И МАКЕДОНИЈА.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top