Коментари

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (56)

1 17

1 17

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, од авторот Киро Кипровски, голем број негови пријатели, соработници и познаници говорат за животот и делото на Мане, за неговата посветеност кон Македонија и македонски народ. Сепак можеби еден од најдобрите описи за љубовта на Мане кон својот народ и татковина, за неговиот патриотизам, за неговата борба по осамостојување на земјата за признавање и очувување на сувереноста, независноста и самостојноста на македонската држава, како и за борбата за зачувување на името и идентитетот на македонскиот народ, ни го дава  публицистот  Славе Николовски – Катин.

Slave Nikolovski - KatinВо македонската јавност Славе Николовски – Катин е познат по бројните публицистички, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно на животот на Македонците во светот. Проучувајќи ја македонската емиграција, тој неминовно се запознава и соработува со Мане Јаковлевски кој долго време работи во Западен Берлин. Опишувајќи го како „чувар на македонската вистина“, меѓудругото во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески“, публицистот Славе Николовски – Катин за Мане ќе напише:

„Името и делото на Маноил (Мане) Јаковлески е особено познато, признато и тесно поврзано со вистината за македонскиот народ и Македонија. Тој како македонски емигрант во Европа е еден од најзаслужните за формирањето и иднината на партијата ВМРО – ДПМНЕ.

Мане Јаковлевски е еден од ветераните за движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) уште од формирањето до денес и е поборник за напредокот и иднината на Македонија како самостојна, суверена и независна држава.

Со својот портал „Македонска нација”, тој е поддржувач и продолжувач на првиот весник кај македонската емиграција во Европа, кој беше огледало на вистината и на одбраната на етничка Македонија. Тој е истакнат бизнисмен и хуманист, духовен посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја. Таквата угледна бизнис-личност, вљубеник во македонскиот народ насекаде по светот и во својата татковина Македонија, секогаш го водела светата мисла да остави вечни траги за идните генерации.

Мане Јаковлевски, без сомнение, е еден од економски успешните Македонци, кој како повратник инвестира голем капитал во Република Македонија. Иако подолго време живееше во Берлин, Германија, од своето емигрирање до денес тој е длабоко и силно поврзан со судбината, вистината и настаните во Македонија. Мане е Македонец по националност и православен христијанин по вера. Тој е еден од најголемите иницијатори и организатори на одбраната на македонското име. Мане е бранителот и афирматорот на историјата на етничка Македонија и честа на македонскиот народ во светот.

Мане Јаковлески жали што пречекот на Новата 2003 година бил крај на ресторанскиот бизнис на „Ново Скопје”, во кој ја продолжил работата на неговиот постар брат Гојко. За престанувањето со работа на „Ново Скопје” жалат и голем број берлинчани кои биле редовни гости, потоа бројни Македонците кои живеле во Берлин и Германија, бидејќи за нив ресторанот бил повеќе од еден македонски дом, кој од почетокот до затворањето бил неформална македонска амбасада во светската метропола Берлин.

Во сите тие години Мане живееше со Македонија. Таа му беше и сон и јаве и вечна судбина. Затоа, во 2002 година се врати во Македонија и оттогаш живее на две локации – родното Зубовце и Скопје. Посебно сакам да истакнам дека Мане е продолжувач на гласилото „Македонска нација”, кое беше гласило на македонската емиграција. Денес како веб – портал „ Македонска нација”, претставува вистинска нацонална трибина, во која учествуваат сите оние Македонци или Македонки, кои сакаат да работат за доброто и среќата на својата нација и Македонија. „Македонска нација“ ја обнови на 17 јуни 2009 година, и е едно од првите демократски и емиграциски гласила, кое не така одамна претставуваше единствен печатен медиум на Македонците надвор од сопствената држава. Како основоположник на македонската национална слободна мисла, новото електронско издание на „Македонска нација” продолжува со потрагата по вистината, толку потребна за одбрана на македонската национална кауза. Електронското издание на „Македонска нација”, со своите над пет илјади статии, претставува вистинска енциклопедија на македонскиот народ, а изнесената вистина која ја шири низ светот претставува вистински браник на македонската национална кауза.

Покрај Мане Јаковлевски како основач на веб-порталот, во него се вклучени: Горан Митевски, Киро Кипроски, Дејан Донев, Тихомир Каранфилов, Гордана Димовска, Јанко Томов, Емил Јакимовски и авторот на овие редови Славе Катин, како и надворешните соработници: Васил Стерјовски, Бранислав Саркањац, Панде Лазаревски, Виолета Сековска, Жаклина Трпевска, Тодор Петров, Жаклина Петровска, Александар Џеповски и Костадин Керпичоски. Овие лица се заслужни што веб-порталот „Македонска нација” стана македонски хроничар, кој ги бележи настаните, ја брани и ја чува македонската вистина и Македонија.

1 17

Цела книга: https://drive.google.com/file/d/1iCYJJXWCxHwU4QBowt7jBymD9VHMuvAO/view?fbclid=IwAR00xUlk9SOLzmKsvkZl0Rw4aDz0xnIwPP2f_Xq0jcku9QapmkdjpGsRtTM

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top