Коментари

Силни општини стабилна држава, доказ дека може кога се сака!

701 copy

701 copy copy copy copy copy

Секој граѓанин заслужува достоинствен живот, а тоа се постигнува и со локални власти кои имаат јасна стратегија, чесна намера и силна посветеност. Токму тоа ќе го понудат новите кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на следните локални избори, работа во интерес на сите, без разлика на политичка, етничка или социјална припадност.

Предизвиците пред Македонија се големи, но искуството од изминатиот период јасно покажа дека може да се направат позитивни промени. Клучот е чесност, посветеност, упорност и работа за доброто на секој жител, во секое населено место, стабилни општини значат стабилна држава.

Последните четири години беа период во кој граѓаните видоа што значи одговорно и посветено локално управување. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ успеаја да покажат дека политиката може да се претвори во конкретни резултати, изградени и реконструирани улици, водоводни мрежи, канализации, нови и обновени училишта и градинки, инвестиции во спортот, културата и јавна инфраструктура,… Сето тоа беа проекти кои директно го подобрија секојдневието на луѓето.

Тоа е причина зошто сè повеќе граѓани ја препознаваат како партија која не само што ветува, туку и исполнува и тоа секогаш во интерес на граѓаните.

Денес, повеќе од било кога, е важно да се избере визија која гради, а не која руши.

Визија која нуди иднина, а не празни ветувања.

Со тоа ќе се овозможи континуитет на досегашните успеси и ќе се обезбеди нов бран проекти, идеи и решенија што ќе ја направат секоја општина уште подобро и посигурно место за живеење.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top