Коментари

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (58)

9.9

9.9

Мане Јаковлески е еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ и има големи заслуги за развојот на партијата и шерењето на нејзината мрежа, како во земјата така и во дијаспората. Како на свое чедо, тој на секој можен начин ја помагал партијата и ги спроведувал најтешките задачи. Тој бил иницијатор, организатор и активно учествувал во формирањето на општинските комитети. Истовремено со лични средства ги помагал овие активности. За својот огромен партиски ангажман некои од ветерани сметаат дека Мане требал да има видно место во паријата.

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, од авторот Киро Кипровски, бизнисменот Делче Ицков, вели дека „Мане заслужува да биде потпретседател на ВМРО ДПМНЕ. За своето познаство со Мане и за неговите партиски ангажмани при формирањето на општинските комитети на партијата во Гостивар, Тетово, Кичево, Дебар и во други општини тој ќе напише:

„Со Мане Јаковлески се запознавме во далечната 1988 година, во неговиот ресторанот „Солун“ во Гостивар, кој во тоа време под кирија го имаше мојот другар, Љупчо Билбиловски.

За првпат тогаш, сретнав повозрасен човек од Гостивар, со кој можеше отворено да се зборува за слободна, независна и обединета Македонија. Со него разговорите секогаш беа долги, искрени и полни со жар и љубов кон Македонија, а посебно ме исполнуваше кога разговаравме за обединување на Вардарска, Пиринска и Егејска Македонија.

Со формирањето на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија, природно беше јас, Цветан Личковски и Љупчо Билбиловски, да се ангажираме за формирање на огранок на партијата во Гостивар, да работиме на ширење на вмровската идеја меѓу младите, да бидеме дел од ВМРО-ДПМНЕ.

Мане Јаковлески беше носителот на сите активности, за формирање на Општинскиот комитетет на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар. Исто така, можам да потврдам, дека тој, заедно со нас, неколкумина вмровци, учествувавме во формирањето на општинските комитети на партијата во Тетово, Кичево, Дебар и во други општини. Не само што беше иницијатор, организатор и двигател на активностите во формирањето на општинските комитети, туку со лични средства ги покриваше организационите трошоци. Долги години, финансиски го помагаше и го поддржуваше Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар. Многу пати бев сведок, кога Јаковлески со свои пари, ја помагаше и централата во Скопје.

Заедно со Мане успеавме, Општинскиот комитет од Гостивар, да се вброи меѓу најуспешните и најактивните комитети на ВМРО- ДПМНЕ во Македонија. Во овој контекст, морам посебно да напоменам, дека авторот на монографијава, Киро Кипровски, истакнат новинар и публицист, кој во тој период беше уредник на Радио Гостивар и дописник на дневниот весник „Нова Македонија“, беше еден од ретките во Македонија, кој придонесе на најпрофесионален начин во Гостивар да се воведе плурализам и демократија, покажа и докажа како треба непристрасно и професионално да се информира. Всушност, тоа беше и почетокот на демократските процеси во Македонија.

Кога велам дека ВМРО-ДПМНЕ Гостивар е еден од најуспешните комитети, го поткрепувам со фактот, дека неговото раководство придонесе на најдиректен начин, партијата на првите повеќепартиски избори во Македонија, да освои 38 пратенички мандати.

На денот на гласањето од првиот круг на изборите за пратеници, на гласчко место во населба „Циглана“, кое се наоѓаше во дворот на Туланата во Гостивар, дојде до проблеми. На голем број гласачи, кои ни беа наклонети, не им беше дадена можност да го искористат своето гласачко право. Во дворот на Туланата бевме јас, Цветан Личковски, Љупчо Билбиловски и Боге Илиевски, како и членови на претседателството на Општинскот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар. Откако видовме дека многумина гласачи се онеправдани, се договоривме на оваа измама, да одговориме со земање на гласачките кутии од гласачкото место. Така и направивме. Колоната ја предводеа Љупчо Билбиловски и Боге Илиевски со гласачките кутии враце, а зад нив на излезот од дворот на Туланата беше создадена колона од над 150 луѓе, кои не гласаа и се упатија кон центарот на Гостивар. Од стотици грла ечеше „ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО- ДПМНЕ ….“Извиците ги прифаќаа и луѓето кои се наоѓаа на улиците. Како што се приближувавме кон центарот на Гостивар, колоната стануваше се поголема и поголема и во еден момент, слободно можам да кажам, броеше неколку илјади гостиварци, кои во еден глас извикуваа ВМРО-ДПМНЕ.

Подоцна беа организирани граѓански митинзи во Гостивар, Тетово и Скопје и на сите митинзи најзначајно за ВМРО–ДПМНЕ беше, што за цело време се извикуваше името на партијата. Овие настани придонесоа во Македонија да се промени сликата и мислењето за ВМРО-ДПМНЕ. Како резултат на тоа, во вториот круг освоивме 38 пратеници.

Слободно можам да кажам, дека бројката од 38 пратеници е во голема мера заслуга на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар. Мане Јаковлески, кој во тој период цело време беше со нас и нескриено ја покажуваше гордоста и задоволството што членовите на гостиварското раководство на партијата и македонските патриоти од населбите „Циглана“, „Дутлок“ и од другите реони на Гостивар, беа на чело на настаните.

Мане Јаковлевски, од основањето на ВМРО – ДПМНЕ па се до денес, беше и остана столбот и моторот на партијата во Македонија и во дијаспората. Од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, беше именуван за претседател на Задграничниот комитет за дијаспората и според мое длабоко уверување и мислење, тој е најзаслужен што ВМРО е единствена партија што има организарана дијаспора.

Ако се направи детална анализа на 27-годишното постоење на ВМРО-ДПМНЕ, и ако се види придонесот и активноста на личностите кои продефилирале на одговорни партиски функции, нивниот ангажман и потрошено време и пари, ќе се дојде до констатација дека е направена голема неправда кон Мане Јаковлески, што не му се доделија оние функции, кои ги заслужуваше. Најмалку, тој требеше да биде избран за потпретседател на ВМРО- ДПМНЕ.

Зошто ова го велам и го тврдам? Време е ВМРО-ДПМНЕ своите искусни, проверени и подготвени кадри, да ги позиционира на високи функции во партијата. Само на тој начин, директно ќе можат новите кадри да учат, како се раководи партија. Во секоја организација, претпријатие, фирма или др. сите вработени почнуваат како почетници, но со текот на времето, со добиеното искуство полека напредуваат и добиваат унапредувања, а стекнатото искуство подоцна го пренесуваат на помладите кадри.

Истото мислам дека треба да се случува и во ВМРО ДПМНЕ, каде постарите и искусни кадри, ќе можат со непосредна работа и комуникација, да ги подучуваат помладите кадри и да им го пренесуваат своето искуство. Од овие добронамерни причини, тврдам дека Мане Јаковлески најмалку што треба да биде во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е функцијата потпретседател.“

(продолжува)

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top