Македонски легенди

Васил Хаџиманов

Vasil Hadzimanov

Vasil Hadzimanov

Васил Хаџиманов (14. I 1906 – 16. XII 1969) е етномузиколог, собирач на македонско народно творештво, композитор, мелограф и педагог. Собрал над 8.000 македонски народни песни. Своите сознанија и заклучоци по научната обработка на дел од нив, им ги претставил на македонската и на меѓународната јавност на поголем број научни симпозиуми.

Васил Хаџиманов е роден на 14 јануари 1906 година во Кавадарци. По завршувањето на основното образование во родниот град, Хаџиманов учел гимназија во Велес и Скопје. Потоа студирал на Правниот и на Филозофскиот факултет во Белград, а магистрирал фармација во Загреб. . Во меѓувреме ја посетувал Музичката школа во Белград, но не успеал да ја заврши. Во 1955 г. дипломирал на Катедрата за музика на Педагошката академија.

Иако бил сестрано образован, сепак поголемиот дел од својот живот, Хаџиманов и го посветил на музиката. Собрал над 8.000 македонски и 700 албански народни песни. Своите сознанија и заклучоци по научната обработка на дел од нив, им ги претставил на македонската и на меѓународната јавност на поголем број научни симпозиуми.

Пред Втората светска војна бил еден од првите македонски пејачи што снимал за Радио Белград и настапувал на повеќе концерти во странство.

Во своите научни трудови Хаџиманов обработувал најразлични теми сврзани со вокалната, инструменталната и ороводната народна традиција. Тој бил член на Здружението на етномузиколозите во Њујорк, како и на Интернационалното здружение на музичките фолклористи во Лондон.

Дел од песните се објавени во неколку збирки: Македонски народни песни 1-4 (1953-1956); Моми тиквешанки; Невестински народни обредни песни (1965) и др.

За својата дејност Хаџиманов добил бројни признанија и награди, меѓу кои наградата на Владата на НР Македонија.

Васил Хаџиманов починал на 16 декември 1969 година во Скопје.

1d-Tiho copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Поготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

To top