На прво место

Различни изговори на СДС, Левица и ДУИ за блокирање на Изборниот законик, но мотивот е ист – пад на поддршката и страв од изборен пораз

Секоја од опозициските партии – СДС, Левица и ДУИ – изнесува различни изговори за блокирањето на Изборниот законик, но мотивот кај сите е ист: нискиот рејтинг, намалената поддршка од граѓаните и стравот од изборен пораз.

Јавноста е сведок дека секоја од овие партии настапува со различни тези, барања и образложенија, како намерно да се обидуваат да создадат конфузија и збунетост кај граѓаните.

СДС не сака на македонската дијаспора да ѝ се овозможи полесно остварување на уставно загарантираното право на глас. Левица најнапред прифати зголемување на средствата за политичките партии, а потоа се откажа од намерата да го поддржи Изборниот законик.

ДУИ, пак, поставува нови услови во однос на начинот на носење одлуки во Државната изборна комисија.

Сите настапуваат со различни барања и изговори, до тој степен што јавноста повеќе не може да им го фати крајот на нивните политички калкулации.

Ваквите различни образложенија не се случајни. Тие имаат иста цел – да не биде донесен нов, реформски Изборен законик и на тој начин опозициските партии однапред да создадат алиби за сè поизвесниот пораз на следните избори.

Зад ваквото однесување на опозицијата стојат теснопартиски интереси и обид да се прикрие стравот од соочување со граѓаните. Тоа станува сè поочигледно и не може да биде прикриено со ниту едно соопштение, реакција или јавен настап.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потенцира дека останува доследна на својот став и дека е подготвена да ги прифати барањата на опозицијата, под услов да бидат почитувани препораките на ОБСЕ/ОДИХР и да се олесни и прошири можноста за гласање на македонската дијаспора.

Најново од: На прво место

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Груевски во предметот „Талир 2“

Апелациониот суд Скопје ја потврди ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Талир 2“, кој се однесува на изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Апелациониот суд ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје и ја потврди ослободителната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје. Одлуката е донесена на нејавна седница одржана на […]

Мицкоски не бара алиби за избори – СДС бара алиби за да ги одбие

Пред нешто повеќе од две години, ВМРО-ДПМНЕ не се плашеше да излезе на избори и убедливо го порази СДС, преземајќи ја одговорноста за држава оставена во катастрофална состојба – презадолжена, оптоварена со криминал и корупција и врзана со штетни договори. СДС бара алиби за да не се соочи со граѓаните на предвремени избори Ако состојбата […]

Македонски историски и црковен календар – 26 август

Македонски историски и црковен календар – 26 август На 26 август се одбележуваат повеќе значајни настани и личности од македонската историја. Овој датум нè потсетува на уметничкото наследство на Томо Владимирски, раѓањето на скопјанката Мајка Тереза, херојската погибија на Овадија Естреја – Мара, борбата на Македонците од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија и духовното […]

Вечерта на македонското наследство ја обедини заедницата во Форт Вејн

Форт Вејн, Индијана, 22 август 2026 година – Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја организираше Вечерта на македонското наследство на стадионот „Парквју филд“ во Форт Вејн. Настанот, за кој беа распродадени сите билети, ја покажа силата и значењето на заедничките собири посветени на македонската култура, традиција и наследство На настанот се собраа припадници на една од […]

Македонски историски календар – 25 август

25 август 1903 – Ослободена Невеска Во текот на Илинденското востание македонските востаници го нападнале и го ослободиле градот Невеска, тогашен административен центар во Леринско, во Егејскиот дел на Македонија. Ослободувањето на Невеска претставува еден од најзначајните воени успеси на македонските востаници. Акцијата покажала дека востаничките сили биле способни организирано да нападнат и привремено да […]

СДС повторно со црни сценарија, економските показатели ги демантираат

Додека СДС најавува поскапувања и шири страв меѓу граѓаните, инфлацијата се намали на 2,3 отсто, јавниот и државниот долг бележат пад, а цените на горивата во Македонија остануваат меѓу најниските во регионот. Кога СДС нема што конкретно да им понуди на граѓаните, испраќа некого на прес-конференција за да шири страв, недоверба и апокалиптични сценарија. Уште […]

Муцунски во Израел: Нови можности за соработка во економијата, одбраната и сајбер-безбедноста

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари средба со израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар, на која биле потврдени одличните билатерални односи и подготвеноста за нивно натамошно продлабочување. Во рамките на работната посета на Израел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски се сретна со својот израелски колега Гидеон […]

За СДС владин авион е „несериозност“, а јахти и златни визи во Дубаи се сериозна работа?

СДС ја прогласува намерата на Владата да набави авион за потребите на државата за непотребен луксуз, но молчи пред јавните прашања за криминалите, корупциите,  марихуаната, државна лотарија, јахта, скап имот и златни визи во Дубаи поврзани со луѓе од неговото раководство,… Слично беше и за време на „Шарената револуција“, кога владиниот „мерцедес“ беше претставуван како […]

To top