Македонски легенди

Петар Мазев

Mazev

Mazev

Петар Мазев (10. II 1927 – 13. III 1993) е македонски сликар и педагог, една од клучните личности на модерната и постмодерната уметност во Македонија.

Како водечка фигура во македонското сликарство, извршил значајно влијание врз уметници од повеќе генерации. Заедно со Лазар Личеноски Мартиновски се смета за еден од најеминентните претставници на експресионизмот.

Роден е на 10 февруари 1927 година во Кавадарци, во сиромашно занаетчиско семејство. Завршил нижа гимназија во родниот град, а потоа направил неколку обиди за продолжување на образованието, меѓу кои и во Воено-занаетчиското училиште, кое не го завршил поради почетокот на војната. Уште од рана возраст покажувал изразен талент за цртање, по завршувањето на војната се запишал во Уметничкото училиште во Скопје. Во 1953 година заминал во Белград, каде студирал на Академијата за ликовни уметности.

Мазев бил член на авангардната група „Мугри“, професор на Архитектонскиот факултет во Скопје и еден од главните иницијатори за формирањето на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Тој е еден од најзначајните современи македонски ликовни уметници. Самостојно изложувал во Скопје, Белград, Загреб, Њујорк и Љубљана. Во своите рани дела работел во експресионистички манир („Црвенокосата“, 1955; „Портрет“, 1957), а потоа преминал кон метафизичко сликарство („Оплакување“, 1958).

Во шеесеттите години се насочил кон апстракцијата, создавајќи дела со мотиви и симболика блиска до македонското поднебје („Црвен град“, 1961; „Композиција“, 1962; „Манастирски пејзаж“, 1965; „Презреано жито“, 1965), кои оставиле длабок белег во историјата на македонското сликарство. По краткиот период на геометризам во седумдесеттите, повторно се враќа кон експресионизмот („Крст“, 1971; „Жена“, 1972; „Курбан“, 1978; „Мазохизам“, 1980; „Собир“, 1991; „Црвенокоса 2“, 1991; „Тројца“, 1993).

Покрај сликарството, Мазев реализирал и значајни монументални дела. Меѓу нив се издвојува мозаикот во Спомен-костурница Велес (1979–1980), како и монументалната фреска во Скопската железарница (1967). Негови дела се наоѓаат во државни и приватни збирки во Северна Македонија, САД, Германија, Швајцарија, Србија, Хрватска и други земји.

За своето творештво е добитник на повеќе значајни награди, меѓу кои „11 Октомври“ (1960) и „13 Ноември“ (1977), како и признанија од изложбите на Друштвото на уметници на Македонија.

Мазев е и еден од основачите на политичката партија МААК.

Починал на 13 март 1993 година во Скопје.

1d-Tiho copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

To top