На прво место

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе пари додека не почне да испорачува резултати

Независноста не се обезбедува со пари, туку со работа, порача премиерот, оценувајќи дека судиите и обвинителите со досегашната работа не заслужиле дополнителни средства од Буџетот

Последниот Извештај на Европската комисија за владеењето на правото содржи пофалби за дел од спроведените политики, но и критики за состојбите во правосудниот систем.

Мицкоски појасни дека не станува збор за редовниот извештај за напредокот на Македонија, кој се очекува наесен, туку за анализа што Европската комисија ја изработува за земјите членки и за четири земји кандидати од регионот.

„Овој извештај е редовен извештај што го објавува Европската комисија за сите земји членки, а во последните три години и за дел од земјите кандидати. Станува збор за извештаите од 2023, 2024 и 2025 година. Од кандидатите се анализирани Македонија, Црна Гора, Албанија и Србија“, рече Мицкоски.

Според него, во документот има и меѓусебно спротивставени заклучоци. Од една страна, се констатира политички притисок врз судството и обвинителството и се бараат дополнителни финансиски средства, а од друга страна, се упатуваат сериозни критики за нивната работа и ефикасност.

„Во извештајот е констатиран притисок од политичари врз судството. Кога зборуваме за судството, тука ги вклучуваме и обвинителството и судовите. Истовремено, се наведува дека треба да има повеќе пари за обвинителите и судиите, а потоа се критикува нивната работа. Тие два заклучока се контрадикторни“, рече премиерот.

Тој нагласи дека не може истовремено да се тврди дека правосудниот систем не испорачува резултати, а од Владата да се бара да обезбеди повеќе пари.

„Од една страна велат дека судскиот систем не испорачува, а од друга страна бараат Владата да даде повеќе пари. Тие две работи не одат една со друга. Или ќе почнат да испорачуваат, па ќе добијат повеќе средства, или нема да добијат“, истакна Мицкоски.

Премиерот оцени дека меѓу граѓаните постои широко распространето незадоволство од работата на правосудниот систем и од недоволното испорачување правда. Тој најави дека ќе продолжи јавно да упатува критики и да бара реформи, преземајќи ја политичката одговорност, сè додека не се забележи реален напредок во судовите и обвинителствата.

„Повеќе пари нема да добијат затоа што не ги заслужиле. Со измените што ги направивме, добија сè што побараа во делот на вработувањата и самостојноста. Ако некој мисли дека на овој начин ќе врши притисок врз Владата, Владата нема да го прифати тоа. Независноста не се обезбедува со пари, туку со работа, а не со допишување работни часови, дежурства и проценти“, изјави Мицкоски.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да понесе одговорност за скандалот во Гостивар, коалицијата со Таравари и ДУИ им нанесе штета на гостиварчани

СДС не може да избега од одговорноста за случувањата во Гостивар, бидејќи функционери поддржани од нив, како што се наведува, денес се сомничат дека ја загадиле водата во градот и околината, по што илјадници граѓани побарале лекарска помош. Во соопштението се наведува дека СДС очекува гостиварчани да заборават на коалицијата со Арбен Таравари и ДУИ, […]

Поранешен бугарски разузнавач: Членството на Македонија во ЕУ би било голем удар за Бугарија

Велизар Енчев оценува дека Софија не треба да дозволи европска интеграција на Македонија, бидејќи со тоа македонскиот идентитет би добил дополнителна меѓународна потврда Бугарија ја попречува Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија, а потврда за вистинските мотиви зад таквата политика може да се препознае и во изјавите на Велизар Енчев, поранешен бугарски разузнавач, дипломат, […]

Грција го кандидираше Олимп за светско наследство на УНЕСКО – планината е дел од историска Македонија

Олимп денес се наоѓа во границите на Грција, но се издига на јужниот раб на историска Македонија, на границата со Тесалија, додека неговата северна страна кон Пиерија е неразделно поврзана со македонската историја Грција ја кандидираше пошироката област на планината Олимп за впишување на Листата на светското наследство на УНЕСКО, како локалитет со истовремено културно […]

ВМРО-ДПМНЕ – Гостивар обезбеди 30.000 шишиња вода за граѓаните

Водата ќе се дели на 12 пунктови во Гостивар и околните населени места, а акцијата е организирана поради забраната за користење на водата од водоводот за пиење Поради актуелниот проблем со питката вода и забраната за нејзино користење за пиење, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Гостивар обезбеди 30.000 шишиња вода за граѓаните. Водата ќе им […]

18 јули 1967 – денот кога беше прогласена автокефалноста на Македонската православна црква

На Третиот црковно-народен собор во Охрид беше донесена историската одлука со која МПЦ се прогласи за автокефална црква и наследничка на обновената Охридска архиепископија На 18 јули 1967 година, во древниот Охрид, Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква ја донесе историската одлука за прогласување на нејзината автокефалност. Одлуката била донесена во храмот „Пресвета Богородица […]

СДС ја жртвува дијаспората и го блокира Изборниот законик

Наместо да ги прифати препораките на ОБСЕ и ОДИХР и да придонесе за поправеден изборен процес, СДС покажа политичка незрелост и со илјадници амандмани го блокираше законот што мораше да се донесе со широк политички консензус СДС уште еднаш покажа дека теснопартиските интереси им се поважни од демократските стандарди, правата на граѓаните и интересите на […]

Во Гостивар откриена нелегално поставена пумпа, преку која вода од реката Вардар директно вбризгувана во водоводниот систем

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе времена забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем, поради основано сомневање дека таа е загадена и небезбедна за употреба. Одлуката била донесена по вонреден инспекциски надзор во пречистителната станица во селото Вруток, спроведен по известување од Основното јавно обвинителство во Гостивар, поплаки од граѓани и […]

Монтираниот случај на поранешното СЈО против ВМРО-ДПМНЕ падна, правдата е задоволена

Реакција на прес-конференцијата на СДС Политичкиот прогон што поранешната власт на Венко Заев и СЈО, предводено од Катица Јанева, го водеа против ВМРО-ДПМНЕ, конечно го доби својот епилог. Случајот што го водеше Ленче Ристоска, и покрај тоа што имаше седум години да го заврши, остана заробен во политички конструкции и правни лавиринти. Со падот на […]

Најнови вести

To top