Култура и туризам

БЛАГОВЕСТА НА ПРИСНОДЕВА МАРИЈА И ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ

Славе Катин

Славе Катин

ЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

На денешен ден сите христијани го слават празникот на Благовештението. Ангелот божји и донел вест на дева Марија за брзото појавување на одамна очекуваниот Спасител.

Да си спомни што благовествувал светиот Лука, кој подетално од другите евангелисти ги опишува настаните, кои претходеле пред раѓањето на Исус Христос.

Во шестиот месец, по известувањето што го добил свештеникот Захариј од архангелот Михаил за раѓањето на светиот Јован Претеча, истиот известител на Бога се вратил во Назарет кај дева Марија. Таа преблагословена жена била свршена за еден благостив човек, по име Јосиф, кој произлегувал, како и таа, од родот на царот Давид.

Ангелот се јавил при пресветата Дева и и рекол: „Радувај се, благодетна! Благословена си ти меѓу жените!” Смирената Дева се збунила од овие зборови. Но, ангелот продолжил: „He плаши се, Марија, бидејќи ти најде благодет во Бога! И ете ти ќе зачнеш во утробата, ќе родиш син и ќе го наречеш Син на Севишниот; и ќе му го даде Господ Бог престолот на татко му Давид, и ќе царува над домот на Јаков навек, и царството нема да му има крај.”

Пресветата му рекла на ангелот: „Како ќе се случи тоа, кога не познавам маж?” Ангелот и одго-ворил: „Светиот Дух ќе слезе врз тебе и силата на Севишниот ќе те осени. Затоа и Светото, коешто ќе се роди од тебе, ќе се нарече Син Божји.” Потоа ангелот, исто така, и соопштил на Дева за радоста, ветена на нејзината роднина Елисавета, која набрзо требала да роди син.

„Ете Господовата рабина – рекла Марија – нека биде според твоите зборови.” Ангелот си заминал, а светата Дева се упатила кон планинската страна, кај роднината Елисавета, која се исполнила со Светиот Дух и ја поздравила, нарекувајќи ја мајка на Господа.

Пресветата Дева била ќерка на благочестивите старци Јоаким и Ана, кои од самото раѓање му ја посветиле на Бога. Кога наполнила три години, ја одвеле во храмот, а потоа умреле. А пресветата дева Марија, која останала под напатствијата на свештеножителите, постојано се наоѓала во храмот, се молела и го читала Светото писмо.

Преданието зборува дека кога Дева Марија ги навршила годините, кога, според еврејскиот обичај девојките стапувале во брак, свештеникот и рекол дека по таа возраст не може да остане во храмот и дека треба да си избере сопруг. Но, пресветата дева Марија одговорила решително дека таа била посветена од родителите и дека и таа самата му се ветила на Бога, па затоа треба засекогаш да остане девојка.

А во Јудеја постоел обичај доброволно да се избере безбрачен живот заслужење на Бога, и затоа, за да не се наруши општоприфатениот обичај, свештениците ја свршиле Марија за еден благочестив старец, по име Јосиф, далечен нејзин роднина, којшто требало да ја чува.

Пресветата дева Марија се преселила во домот на Јосиф и водела скромен живот. Се занимавала со домашни изработки и ги делела домаќинските работи со ќерките на Јосиф. Гласот не и се слушал во празни и гласни говори. Таа била кротка и молчелива, а најголема радост и причинувало читањето на светите книги.

Затоа на иконата Благовест се слика отворена книга. Кога ги изучила пророштвата, таа знаела дека е близу доаѓањето на Месијата – Христос. Во пророштвата на Исаија таа прочитала дека Месија ќе се роди од Дева (Ис. 7:4) и од цело срце посакувала да ја види таа Дева и да и стане последна рабина на таа од која ќе се роди Исус. И еве, таа требала да биде мајка на Синот Божји.

Пресветата Марија со смиреност и со неописива радост ја примила таа блага вест: „Душата ми го возвишува Господа – одговорила таа на поздравот од Елисавета, и духот ми се зарадува за Бога, Спасителот мој, зашто тој милостиво го согледа смирението на својата рабина, за што еве, од денес ќе ме обележуваат сите родови. Силниот ми направи големо дело и името му е свето, Неговата милост е од род во род, за оние му се плашат.”

„Денес е почетокот на нашето спасение – воспева Светата Црква – и раскривањето на вечната тајна: Синот Божји станува Син на Дева и Гаврил благовести блага вест. Затоа и ние со него да и пееме на Богородица: „Радувај се, Благодетна, Господ е со Тебе!”

 

Најново од: Култура и туризам

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

To top