Легендата на црвено-црните
Од Кавадарци тргна, по скопската трева,
со секој негов гол публиката се крева.
Со грбот на Вардар и со срце свое,
на теренот беше стрелец што победи брои.
Двесте и седумнаесет пати мрежата ја затресе,
секој негов удар нова радост донесе.
Со оган во градите, со молња во чекорот,
остави трага во македонскиот фудбал и во времето.
Но од фудбалот не се раздели лесно,
со тактика во умот и со срце на место.
Во летото ’87, на шампионскиот врв,
со Вардар ја сподели радоста како никогаш прв.
Кога историјата повика и нова зора се роди,
Република Македонија кон иднината тргна да оди.
Тој застана прв, со знаење и моќ,
да ја води Македонија низ фудбалската ноќ.
Од балканските терени до Јужниот Крст,
и во „Престон Лајонс“ остави свој печат.
Чичко Андон стои со пионерска душа,
неговиот завет за победа сè уште се слуша.
Титан и ментор со непрегаснат сјај,
неговото име во историјата нема крај.
Чичко Дончо, како што милуваме да го викаме сите,
е наша жива легенда низ годините.
Секогаш го поддржува сè што е македонско,
со совет и со збор од срце, татковинско:
„Бидете горди и достојни Македонци.
Продолжете само напред.
Со вас Македонија има иднина.“
Неговиот глас секогаш нè храбри и ни дава сила
за успех на Македонија, нашата земја мила.