На прво место

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Славе Катин

Славе Катин

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го нападнаа бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, што го означи почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред

Денот на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ. 11 Октомври е денот кога започна борбата против фашизмот, а со цел ослободување на македонскиот народ. Затоа со право се вели дека овој голем ден е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ.

Во историските документи е забележано дека со Одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности. Со тоа се потврди декам Македонците самостојно се изборија за својата најзначајна слобода во неговата историја.

Исто така, во историските документи е забележано дека македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народно-ослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во добро организирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.

Методија Шаторов–Шарло и Методија Андонов-Ченто

За жал. за време на окупацијата фашистичките непријатели од Македонија интернираа околу 58.000 лица, покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно македонско население, земјата претрпе и огромни економски и други штети.

Треба да се одбележи дека по Балканските војни 1912-1913 година, Бугарија, Грција и Србија извршиле оккупација на Македонија и геноцид врз македонскиот народ. Во армијата на овие оккупатори, биле мобилизирани околу 100.000 Македонци од окупираните делови на Македонија: Бугарија регрутирала 33.000, Грција 20.000 и Србија 53.000 Македонци. Мобилизираните Македонци, за жал, учествувале во најкрвавите меѓусебни воени судири во текот на Балканските војни 1912-1913 година и Првата светска војна 1914-1918 година.

Ако Крушевската Република од 3 до 13 август 1903 година беше корона на Илинденското востание, Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија одржано на 2 август 1944 година во манастирот „Свети Отец Прохор Пчињски“ беше круна на македонското востание на Втората светска војна.

Манифестот на АСНОМ повика на ослободување и обединување на сите делови на етничка Македонија и на македонскиот народ, на етно-историските граници на Македонија. Македонскиот народ во Вардарскиот дел на Македонија, Втората светска војна ја заврши со околу 25.000 загинати борци и цивили. Вечна им слава на загинатите учесници во вооруженото антифашистичко и национално-ослободително востание на македонскиот народ. Посебна е славата и значење на првиот претседател на Македонија, Методија Андонов Ченто, родена на 17 август 1902 година во Прилеп

Исто така, треба да ја споменеме и дејноста на Методија Шаторов – Шарло и неговата национална програма за ослободување и обединување на Македонија уште пред да дојдат нацифашистите. На Петтата земска конференција на КПЈ одржана во октомври 1940 година кај Загреб, Шарло ги застапувал ставовите за национално ослободување и обединување на македонскиот народ.

Тогаш зошто и покрај фактот дека и пред 11 октомври имало облици на организиран вооружен отпор, овој датум е избран за ден на народното востание во Македонија?

Затоа со право се вели дека „11 Oктомври“ е симбол на македонската борба за слобода. „11 Oктомври“ е денот кога повторно се поставени основите на македонската држава. Затоа, на денешните и на идните генерации е обврска  да ја чуваат Македонија: слободна, суверена, самостојна и независна.

Денес „11 Oктомври“ е државен празник на Македонија – Ден на народното востание, Ден на востанието на македонскиот народ.

Могилата на непобедените во Прилеп 

Поради самиот факт дека се работи за голем настан од македонската историја, низ Република Македонија се организираат разни свечености и прослави. Традиционално се одржуваат свечени концерти. Повеќе делегации положуваат цвеќе на гробот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, во Паркот на Револуцијата во Прилеп и Скопје, како и на Спомен-костурницата на паднатите борци од народно-ослободителната борба во Куманово.

Во Прилеп секоја вечер спроти празникот се одржува традиционалниот импровизиран напад на градот како потсетување на историските настани од предвечерјето на 11 октомври 1941 година. Во Прилеп постои и Меморијален музеј „11 Октомври“ во кој се изложени неколку стотици фотографии и значајни документи од Народно-ослободителната борба. Прилепскиот градски оркестар организира маршрута од центарот на градот кон Могилата на непобедените, каде покрај движечкиот оркестар се организира и спектакуларен огномет.

Посебна важност има и свечено положување цвеќе на Партизанските гробишта во Скопје од страна на повеќе делегации на Владата, на Собранието, на Претседателот на Македонија, на Главниот одбор на Сојузот на борците на Македонија, на делегации на Министерството за одбрана и Генералштабот на Македонската армија.

Празникот „11 Октомври“ се прославува не само во Република Македонија, туку и во целиот свет каде што живеат Македонци. Традиционална прослава има секоја година во македонските заедници, македонските православни цркви и црковни општини, друштва и асоцијации во Австралија, Канада, Соединетите Американски Држави, Европската Унија и во многу други земји ширум светот. Во голем број македонски средини секоја година се организираат прослави со богата културно-уметничка програма, каде настапуваат повеќе естрадни ѕвезди од иселеништвото и од Македонија. Затоа, со праве се вели дек „11 Октомври“ е празник на сите Македонци во светот.

Најново од: На прво место

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

To top