Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“.
Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј.
Промоцијата ќе се одржи на 14 октомври 2026 година, со почеток во 19:30 часот, во мултимедијалната читална на библиотеката.
Антологијата ќе ја промовира проф. д-р Виолета Ачкоска, а за Литературното друштво „Григор Прличев“ ќе говори Оливера Јовановска, членка на друштвото.
Поздравни обраќања ќе имаат Јовица Никчевски, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, и Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво.
Оваа книжевна средба е можност домашната публика да се запознае со творештвото на македонските поети од Австралија и со нивната поврзаност со татковината. Преку поезијата, Илинден останува живо сеќавање и духовна врска меѓу Македонците, без оглед каде живеат.
Поканети се љубителите на поезијата, македонскиот пишан збор и иселеничкото творештво.
Извор: Агенција за иселеништво.