Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ.
Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница.
Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, а ВМРО-ДПМНЕ паѓа?
Кога ќе ги објави и кој ги изработил?
Или анкетирањето се одвивало од една до друга канцеларија во партискиот штаб?
Ако рејтингот е толку висок, зошто анкетите се чуваат во толку длабока тајност?
Да не чекаат резултатите од изборите да се приспособат на нив?
Венко, покажи ги анкетите — да видиме и ние каде победува СДС, кога веќе во Брвеница не успеа!
Можеби Филипче, изморен од прославата на „големата победа“ со освоеното четврто место, сè уште не може да се соземе и да се сети каде ги оставил анкетите?
Сепак, не е лесно — четврти на избори, први на прослава!