Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи.
Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите граници.
Кога се навраќам на османлиското владеење, на именувањето на полуостровот како Балкански или на начинот на кој се раскажува историјата на Источното Римско Царство, подоцна наречено Византија, секогаш го поставувам истото прашање: колку простор во тие приказни им се остава на Македонија и на нејзиното име?
Денес Европа сè потешко го задржува влијанието што некогаш го имаше. Светот се менува, а европските лидери сè уште очекуваат нивниот збор да има тежина како порано. Многу земји, и во Европа и надвор од неа, сè уште ги чувствуваат последиците од времето кога големите сили решаваа во свое име и во свој интерес.
Според мене, европските лидери ја потценија Русија и Кина, а премногу се потпреа на Америка. Во исто време, европските влади тешко наоѓаат заеднички одговор на миграцијата и на прашањето како да ги вклучат новодојдените во своите општества. Европа, која некогаш имаше големо влијание низ светот, денес тешко наоѓа заедничка насока дури и за сопствената иднина.
Европа ѝ копаше гроб на Македонија, денес, со своите одлуки, си го поткопува сопствениот авторитет, а Македонија, и по сите поделби, го носи своето име и го чува споменот за она што ѝ било направено.
Правдата може да задоцни, но Бог не заборава.
Слава Ти, Боже, што во вистинското време ги враќаш работите на своето место.
Амин!