Дијаспора

КАРАКТЕРИСТИКА ЗA СЕМЕЈСТВОТО СТАМЕВЦИ БИЛА СЛОГАТА (17)

Славе Катин

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СВЕТОЗАР – СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Во ова продолжение ќе  претставимедел од приказната за живот и судбина на таткото на Светле Стамевски, печалбарот газда Тврдомир (денес покоен), што ја слушнав и снимав при мојата пријателска  средба на семејството Стамевски во Детроит

Ех, колку значи домашното воспитување. Она на родителите, на фамилијата. Тоа е пресудно, за сите потези и зафати кои натаму ќе ги преземете во животот. Нашите родители ни ја всадиле огромната роднокрајна припадност, сета таа љубов од човек за човека. За тоа колку е важен образот и чесгитосга, нагласува Тврдомир и додава:

„Војник тргнав во 1949 година. Онака здраво момче решено да ја брани својата земја. Служев цели три години. Во војската ме викаа Македонче и така сите ме знаеја. И токму бев во армијата кога моите дома во Одри ја преживувале таа висгинска драма со колективизацијата. Кога веќе се вратив откако го отслужив воениот рок, колективот како неуспешна епизода на новата Југославија, се расформира. Тој никогаш и не заживеа“.

Но, уште пред аскер да замине, Тврдомир сторил ниет да се жени. Млад, убав, пукал од здравје, тој решил дека доста му е беќарлак и време е веќе да бара невеста. Во 1947 година со музики, со тапани, со сватови и свадби, Тврдомир зет станува и ја зема неговата сакана Стојна, која нагалено Цена си ја викал. Тврдомир немал ни осумнаесет години но, Цена око му фатила.

„Спомените за Лешок ме врзуваат, вели Тврдомир.Тогаш во секое село имаше музика. Игравме мајка ми и целата фамилија, на собирот кој таму се одржа. По некое време еве ја мајка ми и ми рече: Синко сум ти нашла девојче за на оро.

Знаеме чие е, му ги знаеме мајката и таткото, па ти оди, види го. Јас веднаш појдов и веднаш се фатив на оро до неа. Онака културно, со усул, што се вели, ја прашувам од каде е, и така скршивме по некој муабет. Второто видување беше на една свадба. Пак оро играме, кога тука некаде се вртеше нејзината мајка, за да дознае кој сум и каков сум.

     Дел од куќата на Светле во Детроит

Третата средба се случи во Раотинце на слава на ден Илинден, кога е светиот празник во селото, а од таму е и мајка и’. Само што ме видоа татко и мајка и, веднаш почнаа да се вртат околу мене. Двајцата се интересираа. До есента уште еднаш се видовме токму за света Богородица. И доволно беше. По една недела со Цена моја се зедовме.

Ние бевме популарна фамилија. Богата. Имавме се. Имот многу. Тоа се ценеше и беше голема предност. Се оженив многу млад и само по една година ми се роди ќерката Лепа, која е мажена за Јованчета од Русиново, Беровско.

Малку, да се вратам наназад ида споменам дека мојата сопруга Цена е родена на трети март 1928 година во селото Жилче. Нејзиниот татко се викаше Стојче а мајката Донка од с. Раотинце. Дедото на Цена се викал Спиро, и многу ја мазел својата мила внука.А Цена била првороденото дете на Стојче и на Донка Андовски. Второто умрело. Третото Драго и тој умрел. Се раѓа сесгра и’ Јелица мажена за Стево, кои живеат во Ѓорче Петров. Следна е Славка омажена за Киро Бугаринот a ce Иванови. Тие го имаа Ненад и голема свадба му направија.

Низ годините потоа, еве Бог ни даде со Цена, прекрасни деца. Сите си го најдоа својот пат во животот, а секогаш ја имаат нашата родителска грижа, помош и поддршка. Задоволни сме како тие денес се добри и успешни наши наследници.

Да продолжам со фамилијарното стебло: – Во 1948 година во месец октомври ни се роди Лепа. Таа прво заврши Учителска школа, а потоа отиде и на Вишата педагошка академија. Синот што ни погина и не зави во црно, беше бистар и заврши за електричар. Тој беше оженет со Менка од Беловишта. Имаат две ќерки Зорица и Павлина. Лепа ги има Јулијана и Славјанка. Јулијана е мажена за Даг кој е Американец, додека Славјанка за Палестинец, католик, учен човек.

За синот Светозар-Светле Стамевски, тоа е друга приказна и тој сам ја раскажува во оваа книга. Многу се трудев на децата да им ги пружам сите услови. Почнав со едно мало ресторантче а за девет години пара добра спечаливме. Направивме куќи, големи, купивме коли убави. Свадби и крштевки во фамилијата Стамевски што треба да се памтат. Купивме и фарма, а ресторанот го продадовме. Доста беше. Имаме имот, дуќани, шопинг-центри“.

Ова ми го раскажа Тврдомир Стамевски во една домашна, пријатна средба со чашка македонска ракија.Притоа ми рече дека му е многу драго што со внимание го слушам и го снимам се’ со цел да ја збогатиме монографијата на Светле (Стив) Стамевски.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска-Илинден ден за обединување

Македонците достојно го одбележаа Илинден во Мелбурн Во чест на големиот верски и национален празник Илинден, МЛД “Кочо Рацин” од Мелбурн зеде активно учество на два големи настани, Илинденски фестивал организиран од ФОМКУД во South Morang и Чествувањето на Илинден пред споменикот на Гоце Делечев – Epping, во организација на Македонската православна општина за Мелбурн […]

Вечерта на македонското наследство ја обедини заедницата во Форт Вејн

Форт Вејн, Индијана, 22 август 2026 година – Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја организираше Вечерта на македонското наследство на стадионот „Парквју филд“ во Форт Вејн. Настанот, за кој беа распродадени сите билети, ја покажа силата и значењето на заедничките собири посветени на македонската култура, традиција и наследство На настанот се собраа припадници на една од […]

Слогата во семејството – карактеристика за Стамевци (16)

Дел од монографијата „Светозар – Светле Стамевски“ од Славе Катин Во ова продолжение ќе  претставимедел од приказната за живот и судбина на таткото на Светле Стамевски, печалбарот газда Тврдомир (денес покоен), што ја слушнав и снимав при мојата пријателска  средба на семејството Стамевски во Детроит При мојата пријателска средба на семејството Стамевски во Детроит, меѓу другото, разговарав […]

Иван Трпоски: Илинден прославен во Сиднеј

Македонскиот верски и национален празник Илинден традиционално се одбележува на 2 август во сите градови и држави ширум светот каде што живеат и работат Македонци. Бидејќи Илинден е и национален и верски празник, Македонците најмасовно го одбележуваат во црковните храмови. Покрај богослужбите посветени на светиот пророк Илија, на свеченостите се говори за Илинденското востание од […]

Срдечна средба со Тврдомир Стамевски – татко и дедо (15)

Дел од монографијата „Светозар – Светле Стамевски“ од Славе Катин Во ова продолжение ќе претставам дел од приказната за живот и судбина на таткото на Светле Стамевски, печалбарот газда Тврдомир (денес покоен), кој беше вистинска легенда, столб на Стамевци, прекрасен соговорник, човек кој и долго и многу памтеше При мојата посета на семејството Стамевски се […]

Македонски фолклорен фестивал „Преспа“ ќе ги обедини Македонците од целиот свет во Пустец

На 20 август 2026 година, со почеток во 18:00 часот, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец ќе се одржи Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“ – културна манифестација што ќе ги собере Македонците од Македонија, Албанија и дијаспората во чест на македонската традиција, песна и оро. Фестивалот ќе биде можност за промоција на богатото македонско културно наследство […]

Средба со Тврдомир Стамевски – почитуваниот татко и дедо (14)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СВЕТОЗАР – СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН Во ова продолжение ќе  претставам дел од приказната за живот и судбина на таткото на Светле Стамевски, печалбарот газда Тврдомир (денес покоен), кој беше вистинска легенда, столб на Стамевци, прекрасен соговорник, човек кој и долго и многу памтеше  Моето патување од Чикаго го продолжив за Детроит со летот […]

Формиран Македонскиот национален сојуз во Србија: Обединети 29 македонски организации

Илинденска прослава во Јабука – архивска фотографија На Илинден, во Јабука, беше одржано Основачкото собрание на Македонскиот национален сојуз, со што започнува ново поглавје во организираното дејствување на македонската заедница во Република Србија. Во новоформираниот Сојуз се обединија 29 од вкупно 34 активни македонски организации во Србија, не сметајќи го Националниот совет на македонското национално […]

To top