На прво место

Инвестициски бран во Македонија: Нови фабрики, современи технологии и илјадници работни места

Инвестицискиот циклус во Македонија продолжува со нови проекти, производствени капацитети и работни места. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на создавање поволни услови за инвестиции што носат современи технологии, зголемен извоз и долгорочен економски раст.

Во ТИРЗ Тетово следува реализацијата на инвестицијата на „Џаво Отомотив“, мултинационална компанија со повеќе од 40 години искуство во автомобилската индустрија. До 2030 година компанијата планира да вложи околу 21 милион евра, со можност за отворање од 400 до 500 работни места и остварување годишен извоз од приближно 45 милиони евра.

Во ТИРЗ Скопје 1 веќе започна изградбата на фабриката на „Чагатај Кабло“. Инвестицијата е вредна околу шест милиони евра, а производствениот капацитет од 10.000 квадратни метри треба да овозможи отворање до 200 работни места.

Кичево, исто така, станува центар на нови и технолошки напредни инвестиции. Таму започна изградбата на фабриката на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“, наменета за производство на батерии за електрични автомобили.

Инвестицискиот интерес се проширува и кон други високотехнолошки сектори. Во земјава се реализираат проектите на „Епсотех“ за отворање развојно-истражувачки центар и на американската компанија „Вебтек“ за производство на сопирачки за шински возила.

Особено е значајно што интересот за инвестирање повеќе не е ограничен само на автомобилската индустрија. Турска и германска компанија од секторот на високите технологии потврдија инвестиции во вкупна вредност од околу 80 милиони евра. Проектите имаат потенцијал да отворат околу 1.000 работни места и да остварат заеднички извоз поголем од 200 милиони евра.

Завршени се и преговорите со три странски компании што планираат да отворат фабрики во Македонија во автомобилската, високотехнолошката и фармацевтската индустрија. Паралелно се водат разговори со уште околу десет компании од различни сектори.

Нов инвестициски импулс се очекува и во телекомуникациите. Компанијата „4iG“, која ја доби дозволата за трет мобилен оператор, планира да вложи повеќе од 100 милиони евра во развојот на новиот оператор. Со тоа треба да се зголеми конкуренцијата, а граѓаните да добијат нови услуги и поголем избор.

Сите овие проекти претставуваат потврда дека Македонија станува сè попривлечна за инвеститорите и дека економијата се движи кон поголема диверзификација, современо производство и развој на сектори со висока додадена вредност.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе продолжи да соработува со домашните и странските компании и да создава услови Македонија да биде конкурентна и посакувана дестинација за нови инвестиции.

Најново од: На прво место

Македонски историски и црковен календар за 18 август

Роден е Никола Мартиноски – втемелувач на современото македонско сликарство Во Крушево, на 18 август 1903 година, е роден Никола Мартиноски, истакнат македонски сликар, педагог и академик, една од најзначајните личности во културната историја на Македонија во XX век. Основното образование го започнал во родниот град, а своето уметничко образование го продолжил во Букурешт. Во […]

Филипче и СДС да престанат да бегаат и да дадат одговори за седумгодишното владеење

Местени тендери, милионски зделки, аферите „Дубаи“ и „Јахта“, промената на името, штетните договори, партизацијата на институциите, економското пропаѓање и иселувањето на младите се темите за кои јавноста бара политичка и кривична одговорност. СДС никако да престане со ширењето хистерија, страв и паника меѓу граѓаните. Ќе заврши со една тема, па веднаш ќе започне со друга. […]

ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар одбележува 36 години посветеност, единство и работа

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар утре, 18 август 2026 година, ќе одбележи 36 години од своето основање. Свеченоста, која ќе се одржи во ДТВ „Партизан“ со почеток во 18:30 часот, ќе биде можност членовите, поддржувачите и пријателите на партијата заеднички да го прослават јубилејот на гостиварскиот Општински комитет. Настанот се одржува под мотото „Заедно […]

Македонски историски и црковен календар – 17 август

17 август 986 – големата победа на цар Самуил кај Трајановата Врата На 17 август 986 година, во теснината Трајанова Врата, војската предводена од цар Самуил ѝ нанела тежок пораз на византиската војска на царот Василиј II. По неуспешната опсада на Средец-Софија , византиската војска започнала повлекување. Во планинскиот премин била пресретната и разбиена, додека […]

34 години Армија на Македонија – гордост, сигурност и чувар на татковината

34 години Армија на Македонија – гордост, сигурност и чувар на татковината По повод 18 Август – Денот на Армијата, го одбележуваме триесет и четвртиот роденден на Армијата на Македонија, една од најзначајните институции на македонската држава. Создадена во пресудните мигови по осамостојувањето на Република Македонија, Армијата измина пат исполнет со бројни предизвици, преобразби и […]

Македонски историски и црковен календар – 16 август

16 август 1872 – Ѓорѓија Пулевски го најавува својот учебник На 16 август 1872 година, додека работел како учител во Кукуш, Ѓорѓија Пулевски објавил известување за подготовка на учебник по граматика на македонското наречје. Пулевски е една од најзначајните личности во развојот на македонската национална, јазична и историска мисла во XIX век. Во своите дела […]

Мицкоски: За помалку од четири недели целосно е прочистен водоводниот систем во Гостивар

Водоводниот систем во Гостивар за помалку од четири недели е целосно прочистен, како никогаш досега, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Главниот штаб за управување со кризи вчера соопшти дека водата од гостиварскиот водовод повторно е безбедна за пиење. Забраната за нејзина употреба беше воведена на 17 јули, откако надлежните институции утврдија дека во текот на […]

Николоски: Автопатот Охрид – Кичево се гради со силна динамика

Министерот за транспорт Александар Николоски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, одржа работен состанок во кампот кај Извор, посветен на изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Николоски информира дека работите на терен се одвиваат со силна динамика, при што надлежните институции и изведувачите работат на решавање на сложените инженерски предизвици. […]

To top