Пишува: ВЕЛЕ МИТАНОСКИ.
На 20-ти авгусат 2026 година, во „Прличевата одаја“ на НУ Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид беа промовирани делата „Славе Катин – живот и дела“ и „Патувања околу светот“ на Славе Катин, со што беше одбележан големиот јубилеј 85 години живот и 50 години творештво на познатиот новинар и публицист Славе Николовски – Катин.
Овој културен настан го отвори и на присутните им се обрати директорката на НУ Библиотеката „Григор Прличев“, Христина Трпеска, која меѓу другото, рече дека Славе Николовски-Катин кој е познат само како Славе Катин е голем вљубеник во својата родна Преспа,во Охрид, Скопје и Торонто. Тој не припаѓа на политичка партија, бидејќи тој е припадник на етничка Македонија, на Македонците во иселеништвото и на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), која како институција игра значајна улога во опфаќањето и сплотеноста на Македонците надвор од Македонија, особено во прекуокеанските земји и насекаде во светот.
Славе Катин и’ е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија и на животот на Македонците во иселеништвото, на науката, новинарството, религијата, културата, македонскиот јазик и литературата
Промотор на публикацијата „Славе Катин –живот и дела“ бев јас, Веле Митановски новинар, публицист и општестевник, кој сум и еден од рецензентите на делото. Јас, меѓу другото реков дека да се говори за Славе Катин е исто како да се говори за сите македонски премрежија. Славе, со самата рожба, беше судбински предодреде кон Македонија и македонската кауза, самообврзан да им го отслужи целиот работен и животен век. Да го отслужи, одработи за нас, како нација, како народ – овде на ова парче Вардарско, а собено во иселеништвото.
На неговата вродена нарав, се надоврза разбирањето на неговата животна сопатничка Нада, без неа, како таква, и денеска за Славета не ќе можевме да говориме на овој начин.
Геодетот, подоцнежен дипломец на Филолошкиот факултет, Славе, од геодет премина во филолог и речиси теолог, со тоа што најголемиот дел од работниот век го помина со Црквата и за Црквата. Како потпретседател на Комисијата за односи со верските заедници, Славе Катин, сам, или заедно со највисоките достоинственици на МПЦ – ОА, ги премина скалилата на секоја новоподигнато македонско светилиште во светот. Од “Свети Климент Охридски”, во неговото младешко Торонто, до “Светa Злата Мегленска” во Загреб, во земјите на Северна Европа, се до далечна Австралија.
Славе Катин е една од најцврстите фиданки во симбиозата на МПЦ-ОА и македонското иселеништво. За него е речено дека, тој го достигна “самиот хоризонт на македонската вистина, колективна судбина и историска синтеза”. Тој е судбински поврзан со ореолот на македонизмот, но, за жал, и со денешните појавни и видливи облици на нашето размакедончување.
Сме минале часови и часови разговори и плачливи воздишки и нему многу потешко од сите нас, му паѓа неотсонетиот сон, кај него беше многу посилна љубовта и верноста кон Татковината, затоа што беше искрен истражувач, сведок и автентичен наратор на сите патриотски воздишки по Вардарот, Пиринот, Егејот и Мала Преспа.
Промоторот, пак, на делото „Патувања околу светот“ беше публицистот Стево Томовски кој рече дека Славе Катин, имал можност да посети бројни држави, метрополи и споменици кои имаат светско значење и кои оставаат вечни траги во сеќавањата на посетителот. Затоа, тешко е посебно да се издвои место, град, метропола или држава, бидејќи сите тие Господови дарби на мајката Земја имаат свое значење, карактеристики и улога во афирмирањето на државите од светот каде патеписецот Катин се чувствувал како дома.
Затоа неговите патувања во различни земји во светот му беа мошне возбудливи, исполнети со многу непреспиени ноќи, искушенија, релаксирачки моменти, сознанија и предизвици да запознае различни држави, места, градови, народи, култури, религии, обичаи и многу карактеристики на современиот свет
Во поголемиот број земји во светот што ги посетил Славе Катин живее и македонско население од сите делови и краишта на етничка Македонија. Затоа, одењето по светот како новинар; потпретседател на Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија; како член на државни, црковни, новинарски и други делегации, и како човек на кого светот му е предизвик, патувањата беа тесно поврзани со разговорите кај поглаварите на Романската, Украинската, Руската и Српската православна црква, во Цариградската патријаршија и во Ватикан. Потоа бил на во делегацијата запогребот на Мајка Тереза во Калкута, а повеќе пати ги посетил МПЦ-ОА в о Австралија, Канада, САД и ЕУ.
Сепак, враќањата во Македонија за него биле највпечатливи, највозбудливи и исполнети со една неопислива љубов кон својата родна земја, која човек и каде да оди, љубовта кон родната грутка, кон родната Татковина во себе ја носи. Таа љубов е голема и тешко може да се опише. Затоа, „Патувања околу светот“ се поместени материјали кои зборуваат за патувањата и враќањата кои почнувале и завршувале во нашаѕа наубава земја во светот – Македонија, за што има бројни причини, факти, пишани документи, но најсилна е љубовта кон родната земја Македонија