Историја

Писмо од Македонец до еден србски пропагандист-1888 година

Темко Попов до Деспот Баџовиќ

Темко Попов (1855–1929) бил македонски национален деец и просветен работник, кој во втората половина на XIX век се спротивставувал на туѓите пропаганди во Македонија и ја ширел македонската национална мисла.

Тој припаѓал на кругот македонски интелектуалци кои во политиката на српскиот државник Стојан Новаковиќ препознале можност за поддршка на македонските национални стремежи. Во еден период Попов соработувал со него, верувајќи дека преку таквата соработка може да се помогне во борбата за национална и духовна слобода на македонскиот народ.

Но, истовремено, Темко Попов се сретнал и со дејци чии намери кон Македонија не биле добронамерни. Наместо признавање на посебноста на македонскиот народ, тие се залагале за поделба на Македонија и за негово национално обезличување.

Меѓу нив бил и Деспот Баџовиќ, познат и како Баџовски. Иако по потекло Македонец, уште како дете потпаднал под влијание на Милош Милојевиќ и ги прифатил ставовите на српската национална пропаганда. Поради неговото дејствување, Темко Попов му упатил писмо во кое отворено го предупредил дека македонската национална свест веќе не може да биде задушена.

Во писмото од 1888 година Попов му пишува:

„Да не се лажеме, Деспоте. Националниот дух во Македонија дошол до таква положба што, дури и самиот Исус Христос да слезе од небото, не би можел да го убеди Македонецот дека е Бугарин или Србин, освен оние Македонци меѓу кои бугарската пропаганда веќе се вкоренила.

За да се увериш во тоа, треба да го земеш бугаризмот и внимателно да го разгледаш. Бугарската пропаганда се шири веќе дваесет години, колку што дејствува во Македонија. Таа започна во најмрачните времиња, кога грцизмот — сосема туѓа народност — се обидуваше да се вкорени во македонското срце.

Кога Македонците здогледаа зрак на словенството, му се фрлија во прегратка на бугаризмот, без да обрнат внимание на постојните разлики. Тргнаа по него затоа што се одделуваа од грцизмот.

Но што се случува сега, по дваесет години бугарски маки, труд и огромни парични вложувања? Се случува она, драг мој Деспоте, што е природно, но за Бугарите неочекувано: денес секој Македонец признава дека не е Бугарин и гласно ја исповеда својата народност, иако сè уште се служи со бугарски средства, бидејќи, се разбира, нема свои…“

Писмото претставува значајно сведоштво за развојот на македонската национална мисла во втората половина на XIX век. Од зборовите на Темко Попов јасно се гледа дека прифаќањето помош од туѓи просветни и црковни центри не значело и откажување од сопствениот национален идентитет.

Напротив, Попов сведочи дека по долгогодишното дејствување на странските пропаганди, меѓу Македонците сè погласно се изразувало сознанието дека тие не се ниту Бугари ниту Срби, туку посебен народ со сопствена татковина, историја и национално име.

Токму затоа ова писмо останува важен документ за македонската национална самосвест во XIX век и за отпорот против обидите Македонија да биде поделена, а нејзиниот народ национално обезличен.

Извор: Народна библиотека на Србија, Белград, фонд „Јован Хаџи Васиљевиќ“, П 413/III.

Најново од: Историја

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Табела за пописот од 1956 година: Во Благоевградскиот округ се наведени 63,64 проценти Македонци

Во приложениот преглед Македонците се наведени како посебна национална категорија, со 63,64 проценти од населението во округот. Во околиите Сандански и Петрич нивното учество надминувало 80 проценти. Една фотографија од табела за националната структура на населението во Благоевградскиот округ отвора важно прашање за македонскиот идентитет во Пиринска Македонија: што покажуваат пописните податоци и зошто тие […]

Битката кај Тир и понудата на Дариј на својата ќерка Естер и 10.000 таланти

Надежите на Александар Македонски за лесна опсада на Тир не се осгварија, бидејќи Тирјанците продолжија да се бранат многу храбро. Но, одењето на тирјанската флота кон север и судирот со Киприотите заврши со нејзино целосно уништување. Co завршувањето на бедемот се покажа дека инженерците не го постигнаа саканиот ефект на силниот источен ѕид. Меѓутоа, бродовите […]

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците, за македонската нација, за Македонија на Македонците. Грчка публикација сведочи за македонската национална посебност и за идеите на Гоце Делчев Во издание од 1992 година се разгледува развојот на македонското национално движење и се посочува разликата меѓу […]

1913 година – поделбата не го решила Македонското прашање

Балканските војни биле пресвртница за Македонија. По нив, нејзината територија била поделена меѓу балканските држави. Границите биле исцртани, но поделбата не го решила Македонското прашање. Секоја држава настојувала да ја оправда својата политика и преку толкување на минатото. Затоа борбата за територијата продолжила и како борба за историјата, јазикот и определувањето на населението. Чие е […]

To top