Историја

Телеграма од 1903 година: Илинденското востание било „исклучиво дело на Македонците“

Македонска Нација

Македонска Нација

Српски дипломатски документ од 13 август 1903 година сведочи дека востанието било претставено како самостојно дело на македонските востаници, без учество на бугарската држава и без насоченост против Србија

Во екот на Илинденското востание, од Софија кон Белград била испратена дипломатска телеграма која содржи значајно сведоштво за карактерот на македонското револуционерно движење.

Документот е составен на 13 август 1903 година, единаесет дена по почетокот на Илинденското востание и во време кога македонските востаници воделе жестоки борби против османлиската војска.

Телеграмата ја испратил српскиот дипломатски претставник во Софија, Бошко Чолак-Антиќ, до Министерството за надворешни работи на Кралството Србија во Белград.

Таа била испратена од Софија во 1 часот и 3 минути по полноќ, а била примена во Белград во 2 часот по полноќ.

Шангов барал да биде пропуштена муницијата

Во телеграмата се наведува дека Стојан Шангов, директор на софискиот весник „Вечерна пошта“, дошол во српското дипломатско претставништво со молба да биде пропуштена пратка со муниција.

Муницијата била испратена на негово име и била пријавена како хартија, но српските царински власти ја откриле и ја задржале во Белград. Шангов отворено признал дека таа била наменета за македонските востаници.

Во телеграмата пишува:

„Шангов, директор на ‘Вечерна пошта’, доаѓаше да моли да се пропушти муницијата, која е испратена на негова адреса под лажна декларација дека е хартија и која е задржана на белградската царинарница.“

Овој дел од документот покажува дека преку територијата на Србија се правел обид тајно да се пренесе оружје или муниција за востаниците во Македонија.

„Исклучиво дело на Македонците“

Најзначајниот дел од телеграмата е известувањето за објаснувањето што Шангов му го дал на српскиот дипломатски претставник:

„Признава дека е наменета за македонските востаници, но уверува дека овој сегашен покрет е целосен договор и исклучиво дело на Македонците, дека Бугарија нема удел во него, дека не е насочен против Србите и дека Србија нема интерес да го спречува.“

Со овие зборови било нагласено дека востанието е организирано и водено од самите Македонци, а не од бугарската држава. Истовремено, српските власти биле уверувани дека движењето не било насочено против српскиот народ и дека Србија немала причина да ја спречува помошта за востаниците.

Шангов најавил дека за случајот ќе му се обрати и на тогашниот српски министер за надворешни работи, Светозар Симиќ. Тој сакал молбата до дипломатското претставништво да ја упати и во името на Внатрешната организација – (ВМРО).

Документ од српската дипломатска архива

Телеграмата е значајна затоа што не потекнува од подоцнежно сеќавање или политичко толкување, туку претставува дипломатски запис создаден во самиот тек на востанието.

Особено е значајна употребата на јасните називи „Македонци“ и „македонски востаници“. Во документот востаниците не се претставени како дел од редовна војска на некоја соседна држава, туку како македонски сили што водат сопствена борба.

Сведоштво за самостојноста на македонското движење

Илинденското востание било врв на долгогодишната организирана борба против османлиската власт. Неговите цели биле политичко ослободување и автономија на Македонија, остварени преку силите на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) и населението што ја поддржувало.

Токму поради тоа, овој архивски документ има значајно место меѓу изворите што сведочат за македонскиот карактер на Илинденското востание и за стремежот на македонскиот народ самостојно да се избори за својата слобода.

Архивска ознака:

Архив на Србија, Министерство за надворешни работи, Политичко одделение, 1903, Ф-VI, Д-IX, У/б, доверлив број 594

Најново од: Историја

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

Славе Катин – Географски карактеристики на Балканот

Името „Балкан“ е од подоцнешен датум, по стариот италијански Бог на огнот Вулканус, првенствено Бог на вулканскиот оган, а подоцна и Бог на ковачката вештина. Ова име се однесува на планината Хем и на целиот полуостров. Погрешно е да се смета дека е од турско потекло. Науката за Балканот е балканологијата, која е основана во […]

Американското училиште во Битола (1865–1913) за народноста на Македонците

„Писмо на битолскиот областен инспектор од 1913 година во кое го информира надлежниот министер дека училиштето на американската мисија во Битола му испратило список на ученици кои по народност биле „Македонци“, нешто друго од народноста „Србин“.“ Ова американско училиште во Битола било отворено во 1865 или во 1873 година. На почетокот било наменето за девојчиња, […]

Солун 1912: грчкиот весник напишал — „Солун освоен со меч“

Една насловна страница од грчкиот весник „Πατρίς“, објавена на 27 октомври 1912 година, отвора непријатно прашање за современиот грчки историски наратив. На неа, со големи букви, пишува: „Η ΘΕΣΣΑΛΟΝΙΚΗ ΚΑΤΕΚΤΗΘΗ ΧΘΕΣ ΔΙΑ ΤΟΥ ΞΙΦΟΥΣ“ Во превод: „Солун вчера беше освоен со меч.“ Ова не е македонска интерпретација, ниту современа пропаганда. Тоа се зборови отпечатени во […]

Доброволците од Гостиварско во Македонско-одринското доброволство 1912–1913

Архивските списоци откриваат имиња на луѓе од Гостивар и гостиварските села кои во годините на Балканските војни биле заведени како ополченци, односно доброволци. Балканските војни, 1912–1913 година, кај многу Македонци разбудиле надеж дека конечно доаѓа ослободување на Македонија од османлиската власт. Голем број обични луѓе, меѓу кои печалбари, занаетчии и работници, се приклучиле како доброволци, […]

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

To top