Култура и туризам

Успение на Пресвета Мајка Богородица

Славе Катин

Славе Катин

Дел од монографијата за манастирот „Света Богородица“ во Сливница, од д-р Вера Стојчевска-Антиќ и Славе Николовски-Катин

Кога мудреците му се поклониле на Младенецот, заминале по друг пат во татковината, бидејќи добиле на сон известување од Бога да не се враќаат пред Ирод. На Јосиф му се јавил на сон ангелот и му рекол: „Стани, земи го Младенецот и Мајка му и бегај во Египет и остани таму додека не ти се јавам! Бидејќи Ирод ќе го бара Младенецот за да го заколе.” Јосиф ја исполнил наредбата и истата ноќ заминал за Египет, каде што живеел се до смртта на Ирод.

Преданието зборува дека светото семејство при патувањето било нападнато од разбојници и еден од нив кога го видел Исус се зачудил на неговата убавина и ги задржал другарите, зборувајќи: „He и правете лошо! Ако Бог земеше за себе човечки образ немаше да биде поубав од овој Младенец.” Тогаш пресветата Дева му рекла на разбојникот:

„Овој Младенец ќе ти врати со добро бидејќи сега го спаси.” Тој бил истиот разбојник којшто бил распнат десно од Христос, се покајал, поверувал во него и ги слушнал зборовите: „Вистина ти кажувам, ти ќе бидеш денес со мене во рајот” (Лука, 23:43).

Ова предание за патувањето е зачувано во тие места. Тие го покажуваат местото под смоквата каде што одморале. До него тече прекрасен извор, од кој тие пиеле вода и во кој пресватата Дева го искапила Младенецот. За доаѓањето на Младенецот во Египет се поврзува и друго чудо. Кога Младенецот пристигнал, сите идоли паднале и се скршиле.

Ирод ги очекувал мудреците, но кога видел дека не се враќаат, наумил да го уништи Младенецот. Бидејќи не знаел како да дојде до него, наредил да ги убијат во Витлеем и пошироко сите деца од машки пол кои имаат до две години. Ова злосторство било извршено и земјата се исполнила со плач, но тој не ја постигнало целта бидејќи тогаш Христос не бил во Витлеем. Убивањето на децата се воспева во Црквата на 29 декември.

Со почетоците на христијанството Црквата одобрила да се празнува денот Успение на света Богородица. Поедностите за овој настан, како и за животот на пречистата Божја мајка по вознесението на Спасителот, не се опишани од старите црковни писатели. По враќањето од Елеонската Планина по вознесението на Исус Христос, апостолите се наоѓале во Ерусалим, во очекување на утешителот – Светиот Дух, ветен од Спасителот. Сите верници живееле еднодушно и постојано се молеле.

Co нив била мајката на Исус Христос и некои свети жени кои му служеле на Господа во последните години. Разбирливо е дека присуството на Божјата мајка меѓу нив ги радувало, зашто учениците жалеле заради разделбата од Учителот. Таа, веројатно, им ги пренесувала оние зборови кои спо-ред евангелистот Лука „ги чувала, ставајќи ги во срцето” (Лука, 2:19; 2:52) и сите верници гледале во неа со љубов и блаженство.

Пресветата живеела на брдото Сион во домот на свети. Јован Богослов кому во последните минути од својот живот Спасителот му оставил завет мајка му да ја гледа како син и оттогаш свети Јован ја зел кај себе и ја гледал како своја majka (Jovan, 18:27).

И по слегувањето на Светиот Дух над апостолите, Пресветата си останала во Ерусалим. Скапоцени и биле сите оние места каде што страдал нејзиниот Син. Таа често одела на Голгота да се моли, потоа на Елеонската Планина, во градината, каде што било погребено телото на Спасителот. Се претпоставува дека христијаните од неа го примиле обичајот да се посетуваат местата посветени од присуството на Господ Исус Христос.

Кога царот Ирод почнал да ја гони Божјата Црква, Пречистата заминала извесно време во Ефес, каде што проповедал Јован Богослов. Постои предание дека таа ја посетила Света Гора Атонска и островот Кипар каде што праведниот Лазар, кого нејзиниот Син го воскреснал од мртвите, бил епископ. Еве што вели црковното предание за тоа:

„Кога апостолите фрлиле ждрепка кој каде да оди за да го проповедаат Евангелието, таа посакала со нив да ги дели маките и посакала да фрлат ждрепка и за неа. Нејзе и паднала Иверската земја и Света Гора Атонска. Но, ангелот Божји и се јавил и и рекол извесно време да не го напушта Ерусалим. Неколку години потоа таа посакала да го види св. Лазара и се упатила со кораб кон островот Кипар. На патот се дигнала голема бура. Коработ се оддалечил од Кипар и стигнал до Света Гора.

Таму имало пагански храм полн со идоли. Штом Богородица стапила на суво, идолите паднале и Богородица им раскажала на исплашените жители за својот син Исус Христос. Мнозина од нив поверувале и Божјата мајка им рекла: „Тоа место ќе биде моја судбина, дадена од Синот. Нема да биде ова место без Божјата милост и јас ќе му бидам застапница!”

Отците од Света Гора и денес ја сметаат Божјата мајка за своја покровителка и ја нарекуваат Света Гора „Ждрепка на Божјата мајка”. Кога прогонствата се стишиле, пресвета Богородица се вратила во Ерусалим и живеела таму опкружена со голема љубов. Постапно, со распространувањето на христијанската вера растела и нејзината слава. Мнозина доаѓаа од разни страни да ја видат.

Во едно древно послание, што му се припишува од некои на свети Игнатиј Богоносец, пишува: „Кај нас има многу жени кои сакаат да ја видат Мајката Исусова. Слушаме дека Мајката Божја е исполнета со секаква благодет, во прогонствата таа е големодушна, при сиромаштија и лишувања не жали, на ожалостените не им се лути, туку им прави добро, во среќата е кротка, кон бедните е милосрдна и им помага колку што може. Но, не ги трпи противниците на нашата вера: таа е благовесник на нашето благочестие, учителка на верните во секое добро дело. Посебно ги сака смирените, бидејќи секогаш во се е смирена”.

Паганците и Јудеите, кои ги мразеле христијаните, зборувале против Божјата мајка заради уважението што и го давале, и кое и користело. Бидејќи знаеле дека таа ги посетува местата каде што страдал Исус Христос, ја следеле за да ја убијат. Но, Господ ја чувал пречистата Дева и и приготвувал славно успение.

Пресвета Богородица била веќе во подоцни години (64). Еднаш, кога таа се молела во Елеонската Планина, пред неа се појавил архангел Гаврил, кој држел во рацете палмово гранче. Тој ја извести дека по три дена таа ќе се претстави оттука: „Твојот Син, а Богот наш, ќе те земе во горното царство, за да живееш и царствуваш со него вечно!”

Откако и го дал рајското палмово гранче, се оддалечил. Co најголема радост пресвета Богородица ја примила веста за својата блиска смрт, бидејќи одамна сакала да го напушти земниот свет и да се пресели во вечните места. Таа коленичела и долго му се молела на Бога и му благодарела.

Манастирот св Богородица, Трескавец

Кога се вратила дома, свети Јован бил изненаден од сјајот на нејзиното лице. Таа го известила за веста и почнала да се подготвува за смртта. Го уредила и украсила домот како за најголема свеченост, сите облеки им ги ветила на две сиромашни вдовици и го замолила свети Јован да ја погребе во селото Гетсиманија, каде што лежеле телата на нејзините родители и на свети Јосиф свршеникот.

Свети Јован го известил ерусалимскиот епископ Јаков за блиската смрт на Божјата мајка. Биле известени сите нејзини роднини и верниците. Сите се собрале при Пресвета Богородица. Сите плачеле и жалеле за разделбата со Божјата мајка. Но, таа ги тешела, им ги предавала зборовите на архангелот Гаврил, им го покажувала рајското гранче и им ветувала дека ќе се моли за нив.

Пресвета Богородица имала уште една желба: да ги види уште еднаш светите апостоли кои биле распрснати низ светот да го проповедаат Евангелието. Желбата и се исполнила. На чудесен начин сите апостоли, освен апостолот Тома, биле пренесени во Ерусалим и истовремено се јавиле пред вратата на нејзиниот дом.

Co апостолите дошол и апостолот Павле со учениците: Тимотеј, Дионисиј Ареопагит и Еротеј Атински. Сите биле збунети кога се виделе заедно. А кога Богородица ги известила за својата блиска смрт, сите се натажиле при помислата дека за последен пат ја гледаат Исусовата мајка.

Но, таа прославувајќи и благодарствувајќи му на Господа, кој и ја исполнил последната желба, ги молела да не жалат: „He плачете пријатели и ученици Христови и не ја помрачувајте мојата радост со жалост! Радувајте се со мене бидејќи одам кај мојот Син и Бог. Кога ќе ме погребете, вратате се сите на работа!” Потоа пресвета Богородица ги распрашала апостолите за дејностите. Долго беседувала со нив, ги благословила и му се молела на Бога за целиот свет.

Настапил денот на нејзиното претставување. Од утрината гореле свеќи во нејзината куќа во знак на радост и свеченост. Апостолите се молеле и го благословувале Бога. Божјата Мајка легнала на украсен одар, очекувајќи ја со радост смртта. Наеднаш, во третиот час, чудна небесна светлина ја осветлила собата. Како да се отворил покривот на куќата и чудна појава се претставила пред верниците.

Самиот Господ Исус Христос, во небесна слава, опколен со ликови на ангели и светци, слегол од небото за душата на света Богородица. „Душата го возвеличува Господа – проговорила таа – и духот ми се зарадува со Бога, Спасителот мој. Тој радосно го погледа смиреното лице на својата рабина” (Лука 1:46-48).

Господ ја повикал својата Пречиста мајка за вечен живот и потоа се слушна пеењето на ангелите, кои славеле со зборовите на архангел Гаврил: „Радувај се благодетна, Господ е со тебе, ти си благословена меѓу жените” (Лука 1:28). Сите со чудо гледале во тоа благословено видение. И кога пристапиле кон одарот, каде што лежело пречистото тело на Божјата мајка, виделе дека лицето и сјае како сонце и чуден пријатен мирис се раширил во собата. Срцата на сите присутнни се исполниле со неискажана радост!

Кога дошло времето за погребот, апостолите го дигнале одарот и со песни го пренеле преку Ерусалим во селото Гетсиманија. Напред одел свети Јован Богослов, држејќи го во рацете рајското гранче. Сите верници оделе по телото, над кое се движел светол облак, кој ја осветлувал целата поворка, а ангелското пеење се слевало со тоа на верниците.

Многу жители од градот, кога ја виделе таа чудна поворка, и се приклучиле. Но, кога јудејските архиереи и началници дознале за честа што и била укажана на Божјата мајка, тие испратиле вооружени војници, за да ја растераат собраната толпа и да го одземат од христијаните телото на Божјата мајка.

Тие сакале да го запалат. Но, кога војниците се приближиле светлиот круг се спуштил и како камена карпа ја одделил толпата, а испратените војници веднаш ослепеле. Подоцна, некои од нив поверувале и биле излекувани на гробот на Божјата мајка.

Апостолите го погребале телото во пештерата во Гетсиманија и го затвориле влезот со камен. Тие три дена непрекинато се молеле над гробот и за цело време пееле ангели.

На третиот ден по заспивањето – успението, пристигнал апостолот Тома. Бил очаен што пристигнал многу доцна и не ја затекнал жива пресветата Богородица. Во желба да го утешат апостолите предложиле да го тргнат каменот и Тома да се помоли пред пречистото тело. Но, кога влегле внатре виделе дека пештерата е празна, а на местото каде што лежела Пресветата останала само плаштеницата, покровот со кој ја покриле.

Апостолите го молеле Бога да им ја открие тајната и истиот ден таа им била соопштена. Тие се собрале на заедничка трпеза и беседувале за успението. Тие имале обичај на трпезата да оставаат едно празно место и да стават таму парче леб за воскреснатиот Господ Исус Христос. По јадењето го дигале тој леб наречен „Дел на Христос” и, славејќи ги Светата Тројца (Отецот, Синот и Светиот Дух), зборувале: „Господе, Исусе Христе, помогни ни!”

Потоа го делеле тој леб меѓу себе и го јаделе како благослов од Исус Христос. Тогаш, кога станале од трпезата за да го дигнат „Христовиот дел”, слушнале ангелско пеење и кога ги насочиле погледите кон небото ја виделе Божјата мајка во облаците, осветлена во слава и опколена со ангелски ликови. „Радувајте се – им рекла таа – бидејќи јас сум со вас сите денови!”

Исполнети со радост, место вообичаената молитва, извикале: „Пресвета Богородице, помогни ни!” Тогаш апостолите поверувале дека Божјата мајка воскреснала на третиот ден по успението и телото и било земено на небото.

Во нејзина чест Црквата го подига и го дели лебот наречен „панагија”. Подоцна над пештерата, каде што било положено телото на Пресватата, била подигната црква и оттогаш започнало свеченото прославување на Успението. Тој е еден од дванаесетте големи празници.

 

 

Најново од: Култура и туризам

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Најнови вести

To top