Коментари

Македонија не треба да биде јаболко на раздор, туку мост меѓу народите!

Мане Јаковлески

Во Македонија со векови се менувале царства, граници, знамиња и владетели. Се воделе војни, се кроеле туѓи карти, се делел народот и се создавале омрази, но македонскиот народ и покрај сè не научил да мрази, затоа што премногу добро знае колку е тешка омразата и колку таа не гради домови, туку гробови, не создава иднина, туку раѓа нови поделби, нови несреќи и генерации што ќе живеат со товарот на старите конфликти. Но едно нешто останало, Македонија, земја со душа, историја и човечка топлина.

Колку војни поминале преку оваа земја? Колку армии марширале? Колку туѓи интереси се судриле токму овде? И повторно, македонскиот човек останувал човек – гостопримлив, топол, насмеан и подготвен да му подаде рака дури и на тој што вчера му бил непријател. Тоа не е слабост, туку големина и сила што ја имаат само народите што вистински знаат колку вреди мирот. Тоа е можеби најголемата сила на македонскиот народ.

Особено денес, кога светот повторно се дели, кога омразата лесно се шири преку политика и туѓи интереси, Балканот има потреба од нешто поинакво. Има потреба од место што ќе поврзува, а не да раздвојува. Има потреба од простор каде луѓето повторно ќе се гледаат како соседи, а не како непријатели. А такво место е Македонија.

Македонија е душата на Балканот. Охрид е бисер што не му припаѓа само на еден народ, туку на сите што знаат да ја почувствуваат неговата убавина и дух. Кога човек ќе застане покрај Охридското Езеро, ќе го почувствува мирот на водата, тишината на старите камени улици и ќе ги види црквите и манастирите што со векови стојат исправени над времето, тогаш сфаќа дека Балканот можел да биде поинаков. Можел да биде место на почит, разбирање и човечност, а не на омраза и поделби.

Охрид не е случајно наречен бисер балкански. Бисерот не настанува преку сила. Тој се создава трпеливо, долго и тивко. Така треба да се гради и Балканот – не со закани, навреди и уцени, туку со трпение, мудрост и човечност.

Во Македонија со векови се среќавале различни традиции, народи и цивилизации. Овде свештениците и камбаните во црквите, оџите во џамиите и молитвите во синагогата никогаш не биле причина народот да престане да живее заедно. Тоа е вистинската Македонија. Македонија што не’ дели, туку спојува.

И токму затоа е време гласно да се каже: Македонија не треба да биде јаболко на раздор. Македонија треба да биде мост меѓу народите. Место каде Балканот ќе научи дека иднината не се гради преку омраза, туку со почит.

Затоа денес пораката до нашите соседи мора да биде искрена и човечка, Македонија не ја гледајте како проблем што треба да се реши. Не ја гледајте како територија врз која треба да се докажува сила, историја или влијание. Гледајте ја како алка што може да нè поврзе сите на Балканот.

Ниту еден народ нема да стане поголем ако го понижува другиот. Ниту некој ќе стане пославен ако му го негира идентитетот на Македонецот.

Токму затоа Македонија денес не мора да остане „буре барут“, туку може да биде пример за искрен сосед, држава на соработка во економијата, туризмот, културата, почитта и човечноста.

Замислете Балкан каде младите од Скопје, Софија, Белград, Атина и Тирана ќе се натпреваруваат кој ќе изгради повеќе, а не кој повеќе ќе навреди. Балкан каде ќе се отвораат фабрики наместо стари рани. Каде туристите ќе доаѓаат да уживаат во убавините, а не да слушаат кавги, навреди и препукувања.

Доста беа поделби. Доста беше омраза што им служи само на тие што сакаат народите да останат скарани, исплашени и сиромашни. Доста беше политика што живее од конфликти и стравови, време е Балканот да порасне.

А Македонија, со својата душа, историја и човечност, може да биде срцето на тоа обединување. Може да биде местото од кое ќе почне една поинаква приказна за Балканот – приказна во која народите нема да се мерат по тоа колку се мразат, туку по тоа колку можат заедно да создадат.

За крај, да се потсетиме на зборовите на великанот Гоце Делчев, кои и денес звучат помудро и помоќно од многу современи политички говори: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите.“

Токму во тие неколку зборови е содржана иднината што Балканот мора да ја избере, натпревар во култура, економија, знаење, почит и човечност, а не во омраза, поделби и конфликти.

Само обединет Балкан може да биде силен, достоинствен и почитуван дел од обединета Европа.

Најново од: Коментари

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

Зошто европските политичари водат „салама-тактика“ кон Македонија?

„Салама-тактика“ (германски: Salamitaktik) е политички израз за постепено постигнување на една поголема цел – не одеднаш, туку чекор по чекор, „парче по парче“. Секое поединечно барање изгледа како мала отстапка, но кога ќе се наредат сите отстапки, се гледа целината. Во македонскиот случај тоа може да се препознае во постојаното: „само уште ова“ – по […]

35 години независност – заслугата на дијаспората мора да остане запишана

Целта на оваа колумна не е да се намали или оспори нечиј придонес во создавањето на самостојна Република Македонија. Целта е историската слика да биде целосна и идните генерации да знаат дека македонската дијаспора со децении ја чуваше и ја застапуваше идејата за независна македонска држава. Кога одбележуваме 35 години независност, со право се потсетуваме […]

Меѓу вистината и лагата – како социјалните мрежи ја менуваат информацијата

Во време кога социјалните мрежи ја претворија информацијата во борба за кликови и внимание, сè потешко е да се разграничи вистината од манипулацијата, полувистината и лагата. Тоа сè почесто се случува на социјалните мрежи, каде што се наведуваат линкови за да ја видите целосната објава или ќе прочитате: „Информацијата е во коментар“. Така, во денешно […]

Да видиме од кога постои Грција и грчкото знаме.

Преку глава им е дојдено на Македонците како наводно Грција е лулка на демократија, најстара цивилизација а се друго – никој и ништо. Кога сакате кажете, пред илјада, две, реи или пет илјади години нијкогаш не постоело царство, држава миту клозет именуван со име Грција а уште помалку народ, етнос или група на двајца ненормални […]

СДС беше против родителскиот додаток, а денес бара повеќе пари за трето дете

СДС денес повикува на донесување закон за финансиска поддршка за трето дете како мерка за зголемување на наталитетот. Но јавноста не заборави дека партијата беше против тогашното законско решение за родителски додаток и со години ја критикуваше оваа демографска мерка. Кога СДС дојде на власт, во 2019 година го укина долгорочниот додаток за третото дете […]

За родољубните жени – воинките Македонки

Елизабета Чингарова Матевска, член на Претседателството на Родина Македонија Нашата неисцрпна енергија, љубов, заложба и решителност ги црпиме од нашето славно минато, од генот, воспитувањето и традицијата на нашите мајки, баби и прабаби – од прамајката Ма. Тие се олицетворение на богатата и бурна историја на големите македонски жени и воинки. Ангелина Маркус Ангелина Маркус […]

Македонецот единствено може да биде добар и искрен сосед, но никогаш Србин, Грк или Бугарин

Од Македонец не може да се направи Србин, Грк или Бугарин Благодарение на интернетот и на сè подостапните странски архиви, секојдневно се појавуваат документи, дипломатски извештаи, стари весници, книги и истражувања што ги откриваат размерите на туѓите пропаганди во Македонија. Со децении, а особено од втората половина на XIX век, Србија, Бугарија и Грција настојувале […]

Најнови вести

To top