Историја

Какво е етничкото потекло на Гоце?

Александар Донски

Александар Донски

За револуционерната дејност на апостолот на македонското ослободително дело Гоце Делчев овде нема да зборуваме затоа што тоа се повеќе или помалку познати работи, туку ќе направиме осврт на една актуелна тема, а тоа е неговото етничко потекло, кое и денес е актуелно.

Бугарската историографија тврди дека Гоце бил „етнички Бугарин“, иако имало период и кога официјалната бугарска историографија го третирала Гоце како етнички Македонец. Во полза на бугарските ставови тие посочуваат на негови писма во кои тој самиот себе си се декларирал као „Бугарин“.

Навидум во ваквото тврдење нема ништо спорно. Штом тој самиот се декларирал како „Бугарин“ тогаш, според бугарските историчари, нема дилема дека тој и навистина бил „Бугарин“.

Но состојбата сепак не е таква каква што им изгледа на бугарските историчари, а за да го докажеме ова потребно е малку да се одалечиме од основната тема на овој текст за да посочиме на неколку ноторни факти, т.е. да укажеме на еден поинаков (апсолутен) аспект во одредувањето на етничкото потекло на Гоце, но и на Македонците воопшто.

Како прво ќе го ставиме под знак прашалник тврдењето дека националното декларирање на  поединци и навистина го определува нивното етничко, т.е. национално потекло. Себедекларирањето е важен сегмент, но тоа не може секогаш да биде доказ за нечие етничко потекло, посебно не во минатото, а така понекогаш е дури и денес. Во различни пригоди и историско-општествени услови, но и поради други причини, човек може различно себеси национално да се декларира. Вакви примери има безброј како во историјата, така и денес.

На  последниот попис на население во Хрватска (одржан во времето на Југославија) неколкумина Хрвати, во шега или заради искажување на одредено незадоволство, инсистирале да бидат запишани како Бушмани (припадници на африканско племе од Јужна Африка)! Се разбира дека желбата им била исполнета со што им биле задоволени човековите права национално да се декларираат онака како што ќе посакаат. Но зарем тоа значи дека тие преку таквото декларирање автоматски си го смениле и своето етничко потекло, т. е. дека овие Хрвати преку ноќ и навистина се престориле во етнички Бушмани?

Овде ќе ги спомнеме и некои од македонските преродбеници од XIX век (Прличев, Миладиновци и други). Некои од нив, поради неинформираност,  отпрвин себеси се декларирале како Грци, а потоа како Бугари. Па зарем тоа значи дека тие прво биле етнички Грци, а потоа, преку ноќ се престориле во етнички Бугари?

Бројни вакви случаи има и во бугарската историја, но денешната бугарска историографија не сака многу да ги спомнува. Така, на пример, еден од првите бугарски преродбеници Васил Априлов (роден во 1789 година во Габрово) исто така себеси отпрвин се декларирал како Грк. Додека живеел во Русија тој, како етнички „Грк“ активно го помагал Грчкото востание од 1821 година и учествувал во испраќањето доброволци да се борат на страната на грчките востаници.  Дури во 1831 година се запознал со делата на рускиот бугарофил Венелин, по што наеднаш почнал да се декларира како Бугарин. Па зарем тоа значи дека големиот бугарски преродбеник Априлов прво бил етнички Грк, а во 1831 година наеднаш станал етнички Бугарин? Практично испаѓа дека повеќе од половината на својот живот Априлов бил Грк, а само последните 15 години бил Бугарин.

Впрочем, дури и во XIX век голем број жители на Бугарија воопшто не знаеле каква е нивната етничка припадност и за ова постојат бројни докази. Така, на пример, англискиот патеписец Вилијам Макмајкл во 1818 година, откако посетил неколку градови на територијата на денешна Бугарија, сосема јасно запишал дека припадниците на тамошното население себеси се декларирале како „Срби“! Дека на територијата на Бугарија живеат Срби, тврдел и истакнатиот француски дипломат Бузбек, кој дури двапати престојувал во Бугарија. Како „Срби“ себеси се декларирале и истакнати жители на Бугарија. Еден од нив бил Јован Раиќ од Видин, кој не само што тврдел дека во Бугарија живеат Срби, туку и оставил значајни дела за српската историја.

Имало и бројни Бугари кои себеси се декларирале како Грци, а така биле третирани и од страна на странски патеписци. Патеписецот Адам Нил во 1805 запишал дека во Разград живеат само Грци, Евреи и Турци. Ни трага од Бугарите. Џон Галт кој во 1811 ја посетил Софија исто така запишал дека таму живеат Грци. За декларирањето на огромен број  Бугари како Грци,  пишувале и тогашните историчари Голубински од Русија, Друмев, Шишманов и други. Тие забележале дека прифаќањето на грчкото етничко потекло од страна на населението во Бугарија било масовна и доброволна појава. Постојат и други називи за жителите на Бугарија низ историјата. Па доколку етничката припадност се определува врз основа на себедекларирањето, тогаш треба ли да се заклучи дека денешните жители на Бугарија порано биле етнички Срби и етнички Грци?

Најново од: Историја

Крвавата свадба во Зеленич – Леринско, Егејска Македонија

На 13 ноември 1904 година по јулијанскиот календар, грчка андартска чета го нападнала селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија. Нападот бил извршен ноќе, додека во домот на семејството Готеви се одржувала свадбена прослава. Меѓу убиените имало и жени и деца. Настанот во македонската историографија е познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 […]

Изминаа 122 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчките андарти убиле 13 Македонци. Меѓу жртвите се младоженецот, неговите пријатели, две деца, како и деецот на Македонската револуционерна организација Пандо Мечкаров, вкупно 13 лица. Оттогаш изминаа 122 години, но грчката геноцидна политика кон македонскиот народ не се изменила. […]

Колективната меморија на Македонците

Од книгата „Македонци“ Автор: Бранислав Светозаревиќ-Покорни „Кога ќе го видиш начинот на играта на еден народ, му го откриваш карактерот.“— Конфучие Колективната меморија претставува сврзно ткиво на многуте генерации низ историјата на еден народ и е клучна за неговиот опстанок. Сè додека постои еден народ, постои и колективната меморија, но и народ без колективна меморија […]

Александар Македонски се уште еден од најфасцинантните и најдолготрајните митови во човечката историја.

Александар Македонски и по повеќе од 2.300 години останува една од најфасцинантните личности во човечката историја. Неговиот живот продолжува да инспирира нови истражувања, биографии и различни толкувања на неговото наследство. Оваа недела, историчарот на антиката Едмунд Ричардсон ја освои водечката британска награда за нефикција, „Бејли Гифорд“, за биографијата „Александар: Бог, крал, човек“. Напишана со елеганција […]

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци Палеобалканското племе Енхелеи е поврзано со митското доселување на Кадма и неговата жена Хармонија од беотска Теба, меѓу древните жители на западниот Балкан и борбата со Илирите во XIII век пред Христа. Меѓутоа, тие се интересни од повеќе аспекти, а, пред сé, што припаѓаат на единствениот праисториски свет на […]

Логорите на Царството Бугарија и македонските интернирци (1941–1944)

Во текот на Втората светска војна, властите на Царството Бугарија воспоставиле мрежа на логори во кои затворале политички противници и луѓе осомничени за учество во отпорот. Во службените документи логорите биле нарекувани „Селишта на државната сигурност“. Меѓу заточениците имало и македонски дејци, меѓу кои поетот Венко Марковски и Методија Андонов-Ченто. Според Македонската енциклопедија, Министерството за […]

Санстефанскиот договор – голема грешка на руската дипломатија

Санстефанскиот договор предвидувал најголемиот дел од Македонија да биде вклучен во голема бугарска држава предизвикал меѓународна криза и тешкотии за самата Русија. Во приложените историски записи се наведуваат и руски оценки за погрешноста на таквото решение. Санстефанскиот мировен договор, склучен на 3 март 1878 година меѓу Русија и Османлиската Империја, бил обид за прекројување на […]

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

To top