Песни за Македонија

Александар Македонски на поаѓање во поход

Никогаш веќе нема да те видам на чардаците,
ниту како наведната собираш летина.Никогаш нема да го чујам
клепањето на косата
ниту клепањето на воденичкиот камен во реката.

Никогаш веќе нема да се вратат
ни деновите ни месеците ни годините
пред куќата во дворот на чардаците и амбарите.

Никогаш веќе нема да се качи невеста на коња
кога гласот од свирките го порабуваше со топлина  небото
нашето сито и решето на дождовите
ниту пак кога искра од огнило го осветлуваше
ликот на родителот
во пролетната квечерина на громот
мирисот на тратот, смреките, матерката.

Никогаш повеќе нема да се соберат
освен во песната и сеќавањата сите слики
на едно дете, на едно момче крал
освен љубовта, девојката во сонот и тревите
земјата на патот и во постелата
освен жената и земјата
огнот и млекото на пролетта
што ги отвара патиштата
А мене не ми се умира.

Радован Павловски

Најново од: Песни за Македонија

Песна за Александар Цар Македонски

Се провикна млад Александре, се провикна сред Македонија, та запали коња Букефала, Букефала, коња крилатога. „Слушајте ме, мои верни друзи, мои друзи, силни војводи, тесно ми е во оваа земја, мал е светот за јуначко срце!“ Па подигна силна си војска, нареди ја фаланга камена, со копјата в небо што се бодат, со штитови сонце […]

Црно му било пишано на Александар Турунџев

Црно му било пишано на Александро Турунџе, шеснајсгодишен војвода, на седумнајста го фатија.   Го турија во зандани, во тие тесни долапи, чифте белегзии на раце, и дробен синџир на гуша.   Телеграм дојде од Стамбол за Александар Турунџе, да си ја види невестата и својте дробни дечиња.   Го изведоа на Ат-пазар, му ја […]

Методија Шаторов – Шарло

Песната на Томе Велјановски – Марулецот е посветена на животот, револуционерната дејност и трагичната смрт на Методија Шаторов – Шарло, македонски комунист, национален деец и борец за признавање на самобитноста на македонскиот народ. Во Прилепа градот, во Ѓогдере Маало,на десеттиот јануарски ден, во 1897 година,Тасејца Шаторова машко дете родила,нункото името Методија му го дал. Порасна […]

Гордана Димовска : Света земја

Ти не си чудо, ти си светлина на светот. Ти си дрво со длабоки корени. Многупати некој ги кршел твоите гранки, удирал и во коренот, но ти сепак имаш некоја сила – не дозволуваш сосем да те уништат. На твоите гранки лисја се веат, шепотат и дење и ноќе. Ги будат другите цветови и тревки, […]

Гордана Димовска : Восклик за Македонија

Од ехото на минатото, низ бури и низ пламен, се раѓаше слободата како никулец од камен. Низ векови на ропство, на поделби и крик, македонскиот народ го чуваше својот лик. И дојде тој септември, тој историски ден, кога сонот на претците беше овековечен. На Осми септември, со гордост во очи, народот силно, со еден глас, […]

Црна се чума зададе

Црна се чума зададе, таму долу в Македонија, таму долу, в Демир Капија. Кој ќе се јунак избере чумата да ја пропади? Се избрал јунак, се нашол — млад Делче, млади војвода. Тој појде в Македонија чумата да ја пропади. Црн ми се облак зададе, пак долу в Македонија, таму долу, в Демир Капија. Дали […]

Александар Македонски на поаѓање во поход

Александар Македонски на поаѓање во поход Никогаш веќе нема да те видам на чардаците, ниту како наведната собираш летина. Никогаш нема да го чујам клепањето на косата ниту клепањето на воденичкиот камен во реката. Никогаш веќе нема да се вратат ни деновите, ни месеците, ни годините пред куќата, во дворот на чардаците и амбарите. Никогаш […]

Оливера Јовановска : Вечно сеќавање на Елпида Караманди

Оливера Јовановска Оливера Јовановска : Вечно сеќавање на Елпида Караманди Елпида Ставрева Караманди, Леринска вода ја напои. Потекнува од влашко семејство, Ирисот во окото не ѝ мирува. Друм под нозете со мајка ѝ фатија, Ах, во таа Битола гнездо свија. Студиите ги продолжи во Белград, Та во 1939 година СКОЈ ја собра во прегратките. Активности […]

To top