На прво место Коментари

Честит 8 Септември – Денот на независноста!

По повод 35-годишнината од прогласувањето на самостојна и суверена Република Македонија, редакцијата на „Македонска нација“ упатува искрени честитки до македонскиот народ, до сите граѓани во татковината и до Македонците ширум светот.

На 8 септември 1991 година, граѓаните со огромно мнозинство ја изразија својата волја да живеат во независна и суверена држава. Тој историски чин претставуваше остварување на вековниот стремеж на генерациите што се бореа, страдаа и се жртвуваа за слободна Македонија.

Денес, 35 години подоцна, со гордост им оддаваме почит на сите што придонесоа за создавањето, развојот и опстојувањето на македонската држава. Наша заедничка должност е да ги чуваме нејзината независност, сувереност и државност, како и македонскиот јазик, историја, култура, идентитет и национално достоинство.

Македонија е нашиот завет, нашата гордост и нашиот вечен дом. Да останеме обединети во љубовта кон татковината и посветени на нејзината слобода, достоинство и напредок. Само со слога, мудрост и верба во сопствените сили можеме да изградиме посилна и просперитетна Македонија и сигурна иднина за поколенијата што доаѓаат.

Нека македонското име, јазик и идентитет живеат вечно!

Нека е вечна, слободна и горда Република Македонија!

Честит 8 Септември – Денот на независноста!

Редакција „Македонска нација“

 

Најново од: На прво место Коментари

Честит 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија

Триесет и пет години откако македонскиот народ ја потврди својата желба за независна Македонија – држава која и денес е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации. ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Пред 35 години нè обедини сонот за слободна и независна Македонија. […]

Нека ни е честит и вековит Денот на независноста – 8 Септември!

8-ми септември пред 35 години беше остварен вековниот сон на генерации Македонци, празник што достоинствено го слави секој Македонец, каде и да се наоѓа – во татковината или низ светот. На 8 септември 1991 година граѓаните на Македонија излегоа на референдум и ја изразија својата волја за самостојна и суверена држава. Над 95 проценти од […]

Македонски историски календар: 8 септември

8 септември 1991 година – Македонија ја избра независноста На 8 септември 1991 година граѓаните на Република Македонија излегоа на референдум и со огромно мнозинство се изјаснија за самостојна, суверена и независна македонска држава. Референдумското прашање гласеше: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија, со право да стапи во иден сојуз на суверени држави […]

Македонците се како пиреј – кога мислиш дека е крај, Македонија повторно се раѓа

Македонија ваквата судбина ја носи уште од времето на Александар Македонски до денес. Низ вековите се менувале царства, владетели, граници и политички системи, но секогаш кога некој ќе помислел дека Македонија е поразена или оставена без иднина, од земјата повторно никнувал пирејот. Такви се Македонците – можеш да ги делиш, да ги прогонуваш и да […]

На референдумот на 8 Септември 1991 година во Берлин – 97 отсто гласале „за“ независна Македонија

Референдумот за независност се одржа на 8 септември 1991 година, отворајќи го патот кон осамостојување на Македонија од Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Македонците во Берлин, и покрај правните ограничувања во Германија, се организираа и масовно ја поддржаа независноста на својата татковина. Референдумското прашање гласеше: „Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на […]

Македонски историски календар: 7 септември

На 7 септември се одбележуваат значајни настани од македонската историја, меѓу кои смртта на револуционерот Аргир Манасиев и ослободувањето на Кавадарци и Македонски Брод во текот на Народноослободителната борба. 1932 – Починал македонскиот револуционер Аргир Манасиев На 7 септември 1932 година починал Аргир Наков Манасиев, македонски револуционер, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација. Роден […]

За СДС е добро сè што ѝ штети на Македонија – дури и попречувањето на борбата против корупцијата

Кога институциите откриваат и спречуваат корупција, СДС не ја поздравува нивната работа, туку измислува политички конструкции и се обидува успешно разрешениот случај да го претстави како слабост на системот. СДС, наместо да одговори за бројните корупциски скандали и судски случаи што го одбележаа периодот на неговото владеење, денес со политички напади се обидува да ја […]

Македонија папокот на светот

Македонија не е само географска точка на картата, туку простор на кој со милениуми се вкрстувале цивилизации, култури, верувања и историски патишта. Нејзината земја крие безброј археолошки сведоштва, а нејзиниот народ носи колективна меморија што не успеале да ја уништат ниту војните, ниту поделбите, ниту забраните. Токму затоа документарниот филм „Европската Атлантида? Изгубениот ‘папок на […]

To top