Досиеја

Членска книшка на Македонски женски сојуз од 1926 до 1934 година – сведоштво за стремежот кон слободна и независна Македонија

Македонска Нација

Македонска Нација

Членската книшка е печатена во Бугарија, а оригиналниот текст е на бугарски јазик и со тогашниот бугарски правопис, бидејќи женската организација била формирана и дејствувала во Бугарија.

Македонскиот женски сојуз бил организација на жени бегалци од Македонија, формирана во Бугарија. Дејствувал во периодот од 1926 до 1934 година и одржувал контакти со ВМРО.

Во почетокот членството на Македонскиот женски сојуз го сочинувале главно помалку познати Македонки од бегалските и емигрантските средини. Подоцна во организацијата се вклучуваат и сестрите на Тодор Александров, Драганов и други жени од круговите на познати дејци, а во нејзините активности свое место добива и Мара Бунева.

Судбината на Македонскиот женски сојуз е дел од пошироката и сложена историја на македонските емигрантски и револуционерни организации што дејствувале во Бугарија меѓу двете светски војни. Создавани од Македонци поврзани со македонското прашање, тие дејствувале во услови на силни политички влијанија, внатрешни поделби и притисоци.

По Деветнаесетомајскиот преврат во 1934 година, бугарските власти го забраниле Македонскиот женски сојуз, како и голем дел од организациите поврзани со ВМРО.

Но документите остануваат.

Самата членска книшка претставува значајно историско сведоштво. Нејзината содржина зборува за Македонија, за жените Македонки, за борците за слободата на Македонија и за стремежот кон слободна и независна Македонија.

А во неа останале запишани и зборовите:

„Боже, помогни да доживеам Слободна и Независна Македонија!“

Македонски женски сојуз

Членска карта бр. 36

Превод од бугарски на македонски јазик

ВЕРУВАМ
за
сите жени Македонки
  1. Јас верувам дека божествената правда ќе блесне и на родното небо. Јас верувам дека слободата е крилеста и дека ќе го озари нашиот народ!
  2. Ги благословувам борците за слободата на Македонија, затоа што тие ги остваруваат светлите народни идеали.
  3. Ги величам хероите и хероините и смирено се поклонувам пред нивниот пламен, затоа што нивната саможртва е величествена.
  4. Во душите на своите деца и ближните ја всадувам љубовта кон Македонија.
  5. Секогаш присуствувам на молебени, манифестации, собранија, излети и посети организирани од Македонскиот женски сојуз, затоа што не сакам со моето отсуство да ја намалам нивната бројност и да ја зголемам радоста на вековните поробители.
  6. Редовно ја плаќам својата членарина, затоа што знам дека таа е само капка во морето во споредба со неизмерниот данок на оние кои го принесуваат својот живот пред родниот олтар.
  7. Се сметам за среќна што сум членка на Македонскиот женски сојуз, кој се бори за слободата на Милата Татковина.
  8. Ги исполнувам повелбите на Сојузот и во светиот ден на Македонија со спокојство ќе кажам: „Родино света, јас не бев бездеен набљудувач на твоите страдања, а иако многу малку дадов за тебе, го дадов од срце и душа!“
  1. Мојата утринска и вечерна молитва завршува со возгласот: „Боже, помогни да доживее Слободна и Независна Македонија!“

Архивска забелешка

Членската книшка е печатена во Бугарија, а оригиналниот текст е напишан на бугарски јазик, со тогашниот правопис. Во оваа објава текстот е преведен и јазично приспособен на македонски литературен јазик, со настојување да се зачуваат неговата содржина и изворна порака.

Членската книшка останува вредно историско сведоштво за стремежите на овие жени – љубовта кон Македонија и надежта дека еден ден ќе ја доживеат слободна и независна.

Најново од: Досиеја

Одржан семинар за Македонија во Берлин

Берлин, 08.09.95 Во преполната сала во Ратхаус Шенебер – седиштето на поранешната Берлинска влада, се одржа семинар на тема „Македонија на пат кон Европа“. На семинарот зедоа учество дипломати од неколку амбасади и тоа: Кина, Египет, Русија, Британија, Словачка, Чешка, Бугарија, Хрватска, Шведска, Индонезија, Франција, Италија, Словенија, Полска. Исто така на семинарот во Берлин присуствуваат […]

Отпорот на македонскиот народ кон странските пропаганди

Во текот на XIX век Македонија била изложена на силно дејствување на пропагандите на соседните држави. Грчката, српската и бугарската пропаганда, потпирајќи се врз своите државни институции, цркви, училишта, дипломатски претставништва и различни друштва, настојувале да го прошират своето влијание меѓу македонското население и да создадат услови за остварување на своите територијални претензии кон Македонија. […]

Предавниците ја земале наградата – а останувале запаметени по срамот

Македонија имала многу непријатели однадвор, но нејзините најтешки рани честопати биле нанесувани тогаш кога непријателот добивал помош однатре. Внатрешните поделби, атентатите и одмаздите одзеле многу животи и ја ослабнале борбата за македонската слобода. По Балканските војни Македонија била поделена меѓу соседните држави, а македонското револуционерно движење влегло во еден од најтешките периоди од своето постоење. […]

Македонците се судрија со полицијата во Софија на 28 Maj 1934 g.

Дваесетмина повредени во првата јавна манифестација по воспоставувањето на диктатурата Безжична дописка до „Њујорк тајмс“ СОФИЈА, 28 мај. — Во првата јавна демонстрација по воспоставувањето на бугарската диктатура, дваесет Македонци денеска беа повредени во судир со коњичката полиција. Судирот се случи за време на годишното одбележување во чест на Македонците што загинале во текот на […]

Предавствата – една од најтешките рани во македонската историја

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“ Ова е еден од најмоќните цитати на Гоце Делчев. Во него јасно се […]

31 октомври 1982 – се појавува „ШТАЗИ“„Да се набљудува“

На 31 октомври 1982 година во источногерманската документација се појавува оперативно барање. На него стои: Jakovleski, Manojlo. Целта е јасна: „In der Zeit von Einreise bis Ausreise beobachten.“ Во времето од влегувањето до излегувањето – да се набљудува. Ова е еден од најважните документи во целата приказна. Тој покажува дека интересот на Штази кон Мане […]

Мане Јаковлески и Ресторанот „Ново Скопје“ под надзор на Штази во поделениот Берлин

Повеќе од три децении не знаев дека источногерманската тајна служба – Штази – собирала информации за мене, за моите движења и контакти, како и за рестораните „Ново Скопје“ и „Македонија“ во Западен Берлин. За тоа дознав дури во 2017 година, благодарение на мојот близок германски пријател Матија Дорнфелд, кој работеше во Министерството за надворешни работи […]

To top