Фељтон

Македонски национален проблем – комунистите си играат мајтап со македонската демократија

makedonski-nacionalen-problem

makedonski-nacionalen-problem

Од сите комунистички земји во Европа, со исклучок на Советскиот Сојуз, Југославија е земја во која демократијата најтешко се пробива, а делови од неа, како на пример, Србија, денеска остана последен комунистички бастион во Европа. Бидејки силата на српскиот комунизам доаѓа од српскиот хегемонизам и империјализам, тоа и режимот на српскиот Сталин, Слободан Милошевиќ е една мешавина од комунизам и фашизам, неговиот тоталитаризам има белези и на комунизам и на фашизам. Фашистичкиот карактер на денешниот српски тоталитаризам најмногу се манифестира во југословенската армија која фактички е српска армија, зашто нејзиниот команден кадар се состои 80 проценти од Срби. Југословенската армија денеска не е ништо друго, освен воена сила на српскиот хегемонизам и национализам, која како преторијанска гарда ја заплашува егзистенцијата на демократијата во републиките во кои таа наполно победи – Хрватска и Словенија, како и во републиките во кои таа постигна завидни резултати, но наполно не победи – Македонија и Босна-Херцеговина.

Македонија е Република во југословенската федерација чие битисување е постојано стегнато во клештите на српскиот хегемонизам и империјализам, во која процесот на демократизацијата директно зависи од степенот на демократизацијата на Србија. Ако паднеше комунизмот во Србија, процесот на демократизацијата во Македонија ќе отидеше далеку напред. Но и покрај сето влијание од српскиот хегемонистички комунизам врз севкупната политичка положба во Македонската Република, демократијата си го проби патот во Македонија и оствари завидни постигнувања и таа му нанесе голем, да не кажеме и катастрофален пораз на домашниот македонски комунизам. Нозете на македонскиот комунизам ќе му беа потсечени уште повисоко, ако не беше неговиот моќен тутор, српскиот комунизам. Македонскиот народ гласајќи за ВМРО-ДПМНЕ, која стана најзначајна партија во македонската плуралистичка сцена ја покажа својата демократска определба а комунистичката СКМ-ПДП ја исфрли на второ место. Меѓутоа, и тоа второ место комунистите во Македонија не го добија на чесен начин, туку го добија со терор и заплашување, со манипулации од чисто ганстерски и мафијашки карактер, какви што не се прават во една демократска земја. Македонските комунисти уште во предизборната кампања си играа мајтап со демократијата, а тоа продолжија да го прават и после изборите.

Уште во текот на предизборната кампања, македонските комунисти согледаа дека комунистичкиот монопол на власта најмногу може да биде загрозен од ВМРО-ДПМНЕ, па затоа тие сета своја пропагандна машинерија ја ставија во клеветничка кампања против ВМРО-ДПМНЕ, во заплашување на народот дека ВМРО-ДПМНЕ го води во авантура и му носи нови национални катастрофи. За да ја оцрнат ВМРО-ДПМНЕ комунистите се служеа со  такви нечесни и недемократски средства за кои светот знае дека се употребуваат во некои афрички и јужноамерикански земји познати како банана-демократии.

ВМРО-ДПМНЕ – партијата која имаше најнационална и најдемократска програма, беше прогласена од комунистите за немакедонска партија и за партија со недемократски, терористички  намери. Какви ли се етикети не и лепеа комунистите на нашата партија:  фашистичка, националистичка, а најповеќе Ванчомихајловистичка и бугарашка партија. Со еден збор комунистите сакаа ВМРО-ДПМНЕ да ја прикажат како антимакедонска и антидемократска партија. Но нашиот народ не пасе трева па да го водат за оглав комунистички говедари, тој не беше заборавил дека истите тие комунисти цели 45 години го лажеле и мамеле, затоа тој не можеше да верува во нивните лаги за ВМРО-ДПМНЕ. Комунистите ги плашеа борците и пензионерите дека ВМРО-ДПМНЕ, ако дојде на власт ќе им ги земе пензиите и становите, а селаните беа заплашувани дека ВМРО—ДПМНЕ, ќе им ја земе земјата. Во текот на предизборната кампања по фабриките и други претпријатија беа истакнувани списоци на технолошки вишок од работници и службеници кои треба да бидат отпуштени од работа. На тие списоци беа истакнати имињата на работниците и службениците кои не ја сокриваа својата готовност да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Дури и полицијата беше ангажирана против нашата партија. Наши луѓе кои растураа летоци, беа собирани од улиците и плоштадите и приведувани во милиционерски станици, летоците им беа одземани а тие претепувани или заплашувани со тепање. Однапред платени сали со закажани термини за Основачки собранија на ВМРО-ДПМНЕ во последен момент беа откажувани по наредба од полицијата или од Комитетот на СКМ. Закажаните Основачки собранија мораа да бидат одложени. На други места за истата сала ВМРО-ДПМНЕ, плаќаше и по осумпати повеќе од другите партии. Така, на пример за истата сала во Охрид за која СКМ-ПДП плати една милијарда динари, МААК две милијарди, албанската ПДП четири милијарди, ВМРО-ДПМНЕ плати ОСУМ милијарди динари.

И во земјите со големи и долги демократски традиции познато е значењето на средствата за информирање, за придобивање на гласачи. Во тој поглед македонските комунисти имаа апсолутна предност, тие го држеа во свои раце монополот на печатот, радиото и телевизијата а ВМРО-ДПМНЕ, не само што немаше пристап ни во печатот, ни на радиото, ни на телевизијата туку постојано беше изложена на напади и клевети во тие средства за информирање.

Меѓутоа, комунистите со своето недемократско и антидемократско дејствување против ВМРО-ДПМНЕ си направија за себе една фатална грешка. Нивната ганстерска кампања против ВМРО-ДПМНЕ не можеше да не биде сватена од народот  како комунистичко едноумие и безумие, како насилие врз демократијата, па така, нивната антивмровска кампања им се враќаше назад како бумеранг. Колку што нивната кампања беше побескрупулозна и побезобразна, толку повеќе  ВМРО-ДПМНЕ беше засакувана од народот како негова вистинска национална и демократска партија.

На изборите народот си го кажа својот збор, ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број мандати, стана прва партија во Македонија, ги истурка комунистите на втора позиција. Победата на ВМРО-ДПМНЕ беше победа на Илинденскиот идеал на македонскиот народ и на вистинската демократија. Но, комунистите не би биле комунисти ако ја респектираа, ако ја прифатеа демократијата, како израз на народната воља па да се управуваа по неа. По одржаните избори започна втората фаза на нивното антидемократско дејствување.

Со Макијавелистички и чисто хохштаплерски махинации, комунистите настојуваа да ја отстранат ВМРО-ДПМНЕ од власта. Повеќе пати тие се одрекоа од договорите што ги направија со ВМРО—ДПМНЕ. Така на пример: беше направен меѓупартиски договор ВМРО-ДПМНЕ, како партија со најголем број мандати во македонскиот парламент да ги даде претседателот и потпретседателот на Претседателството на Македонија. Беше постигната и согласност кои личности да бидат избрани на  тие функции – владиката Михаил за претседател на Републиката, Љубчо Георгиевски за потпретседател. Според тој договор комунистот Петар Гошев, требаше да биде избран за  претседател на македонската влада. Меѓутоа уште пред седницата на Собранието на Македонија на која што требаше да бидат избрани претседателот и потпретседателот на Републиката,  комунистите на седницата на својот Централен комитет  донесоа решение да не гласаат за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и извршија притисок врз Македонската Православна Црква, епископот Михаил да ја повлече својата кандидатура. Михаил Гогов со повлекувањето на својата кандидатура им го отвори патот на комунистите да го кандидираат Киро Глигоров за претседател на Републиката.

На првото гласање во македонскиот парламент, Глигоров не го доби потребното двотретинско мнозинство гласови и  не беше избран.Тогаш комунистите ги мобилизираа своите сподвижници низ цела Македонија, ги кренаа на демонстрации против ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја дека е неодговорна и авантуристичка бидејќи со своето негласање за Киро Глигоров го оневозможувала конституирањето на републичката законодавна и управна власт. Под пресијата од комунистичките демонстрации ВМРО-ДПМНЕ, повторно влезе во преговори со СКМ-ПДП и со другите партии застапени во македонскиот парламент и се направи нов меѓупартиски договор, според кој ВМРО-ДПМНЕ, се согласи да го гласа Киро Глигоров за претседател на Македонија, а за потпретседател на Републиката требаше да биде избран Љубчо Георгиевски. Исто така беше договорено ВМРО-ДПМНЕ, да го даде и претседателот на македонската влада. Но комунистите за вторпат го прегазија и изиграа меѓупартискиот договор. Кога во парламентот се гласаше за потпретседател на Републиката, тие не гласаа за Љубчо Георгиевски.

На ВМРО-ДПМНЕ не и остана ништо друго, туку да крене демонстрации притив комунистичките манипуланти, и на второто гласање во парламентот, комунистите иако неволно, ги дадоа потребните гласови, Љубчо да биде избран за „потпретседател на претседателот“?. И кога се мислеше дека македонската демократија конечно ќе почне да функционира, комунистите и кладоа нова кочница. Тие го одолговлекуваат избирањето на претседателот на владата, под изговор дека предложениот кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, инж. Александар Лепавцев ги немал потребните стручни квалификации. Ништо не помогна и тоа што ВМРО-ДПМНЕ покрај споменатиот кандидат истакна уште тројца. Комунистот Киро Глигоров, како претседател на Републиката ги дисквалификува кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ како нестручни. Во моментов кога ја пишуваме оваа статија македонската влада се уште не е  конституирана. Комунистите, Киро Глигоров и Петар Гошев кои зад себе имаат долг стаж на “стопанственици” го упропастија македонското стопанство доведувајќи го до питачки стап, сега си го узурпираат правото да одредуваат кој е доволно стручен или не, за да биде избран за претседател на македонската влада!
За жалење си Македонијо!

Драган Богдановски 1991год
(продолжува)

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top