Американскиот писател Луј Адамич во 1932 година го посетил Галичник. За авантурите кои ги доживеал при патувањето и пристигнвуањето во Галичник, за престојот, за срдечниот пречек што му го приредиле Галичани , за нивното богато културно нследство, за фолклорот, носијата и за се друго, своите впечатоци ги пренесол во книгата “Враќање на домородецот”.По повод 110 годишнината од раѓањето на Адамич, Здружението КАМ од Галичник минатата година , ја издаде книшката Галичник најкосмополитско место на светот, всушност тоа е дел од книгата “Враќање на домородецот”, во која писателот ги овековечил Галичник и Македонија. Во некоклку продолженија во целост ќе ги објавиме патеписните белешки на Луј Адамич.
Променета одлука
Во Сушак и во Риека минавме вкупно само неколку часови. Се качивме на еден мал параброд под Југословенско знаме, кој тоа лето сообраќаше меѓу Венеција, Трст и Сушак и по должината на далматинскиот грег кон југ.
Според нашиот план, што го напавивме во Словенија со помош на неколку познавачи на Далмација, требаше да се симнеме во Сплит и тука да останеме две-три недели можеби и цел месец, и да ги посетиме блиските градови Трогир и Шибеник, островите Хвар и Брач, а потоа да одиме на островот Корчула, кој според некои извори, е родното место на Марко Поло, од таму до Дубровник, во кој имавме намера да минеме најмалку два месеци, со кратки патувања во Црна Гора и во Босна Херцеговина и така натаму – но не бевме уште ни на половина пат до Сплит, а нашите намери веќе се изменија.
Речиси веднаш, откако испловивме од Сушак, се запознавме со двајца македонски иселеници во САД кои се враќаа во Галичник. Кога ми рекоа да се од Галичник, имав впечаток дека очекуваа од мене да знам што е и каде е Галичник. Се однесуваа како Галичник да е прочуен, како на пример, Париз или Холивуд. Но, јас за него никогаш порано не сум слушнал, па после неколку моменти тоа им го признав. Потоа еден од нив, кој рече дека еднаш на насловната страна на некое списание во Њујорк го видел моето име, почна да ми раскажува за местото, кое како што сфатив, мора да се наоѓа некаде во планините во Македонија, близу албанската граница. Ми зборуваше за него цел час, можеби и два, и она што го слушнав ми се стори толку интерсно, така што некаде на половина пат меѓу Сушак и Сплит ја прифативме понудата од двајцата – тие беа браќа – Стела и Јас да подјеме со нив и да бидеме нивни гости во Галичник.
Киро Кипровски
Во следниот број:
НАМЕСТО ВО СПЛИТ ВО ГАЛИЧНИК