Фељтон

Македонски национален проблем – Идејата за конфедерација е компромитирана

makedonski-nacionalen-problem

makedonski-nacionalen-problem

Распаѓањето на комунистичкиот систем во земјите на Источна Европа не можеше да не ја погоди и титовистичка Југославија, зашто и таа не беше помалку комунистичка од комунизмот на другите комунистички земји. “Самоуправниот социјализам” како основна карактеристика на југословенскиот комунизам, беше само еден измамнички трик, само едно хохштаплерство измислено од Тито за да се доведе светот во заблуда, Титовата диктатура да се облече во демократска руба. Титовизмот беше волк преоблечен во јагнешка кожа. Тито беше локален југословенски Сталин. Неговите белонараквисани раце не беа помалку извалкани во крв од рацете на големиот советски диктатор Сталин.

Тито беше само еретик од комунистичката догма, од сталинизмит, но тој си остануваше да биде комунист  како што христијанските секти остануваат да бидат христијански и после нивното отцепување од некоја од трите големи христијански цркви Католичката, Православната и Протестанската.Впрочем, и трите споменати големи христијански цркви, секоја за себе претендира дека само таа е вистинска Христова црква а другите две големи цркви ги смета за еретички. Како христијанството, така и комунизмот се расцепи во повеке секти, имавме сталинистички комунизам, маоистички комунизам, титовистички, енверхоџовски комунизам и други комунистички секти. Секоја од овие комунистички секти претендира дека самa таа гради вистински социјализам според учењето на црвениот господ бог Маркс. Но сите овие комунистички секти имаат една заедничка карактеристика, а тоа е диктатурата комунистичка, тоталитарниот режим врз кој е изграден комунистичкиот систем на управување.

Титовистичиот “самоуправен” социјализам колку и да се завиткуваше во парталите на лажната демократија тој во ништо не се разликуваше од сталинизмот или од маоизмот, зашто и тој почиваше врз комунистичкото едноумие и врз комунистичката диктатура. Затоа и титовистичкиот комунизам не можеше да ја  избегне судбината на останатиот комунизам во светот, и тој мораше да умре заедно со сталинизмот и со другите комунистички секти. Процесот на демократизацијата ја зафати целата комунистичка Европа, ја зафати и Југославија и ја кутна на смртна постела, затоа што таа и како држава и како комунистички режим е криминална.

Се додека пудросаниот диктатор беше жив, па и по неговата смрт, југословенскиот комунистички унитаризам со железна рака ги задушуваше националните антагонизми во југословенската федерација кои имаа и политички и економски карактер. Авнојска Југославија, како и нејзината претходница Версајска Југославија, си остануваше да биде  вештачка државна клепаница со големосрпска хегемонија во неа. “Федеративниот” систем на комунистичката Југославија само беше параванот зад кој се сокриваше српскиот хегемонизам. Југославија си остануваше да биде унитаристичка држава која се управуваше од центарот Белград,хегемонот на тој унитаризам беше српскиот комунизам.

Националното прашање во титовистичката Југославија беше решено само на хартија, но не и на дело. Од комунистичкото “решение” на националното прашање беше задоволен само хегемонистичкиот српски народ, а сите други народи федерацијата ја чувствуваа и се уште ја чувствуваат за своја темница. И токму затоа несрпските народи во распаѓањето на комунистичкиот систем и во слабеењето на федеративната држава ја согледаа историската шанса за ослободување од српскиот хегемонизам и империјализам, за извојување национална независност и за воспоставување на вистинска демократија.

Во борбата за ликвидирање на комунистичкиот режим во Југославија, за демократизација и за национална независност челно место зедоа двата економски најразвиени народи Хрватите и Словенците, кои зад себе имаа исто така и најголема демократска традиција, остварувана некогаш во рамките  на Австро-Унгарската империја. Благодарение на таа демократска традиција демократизацијата во Хрватска и Словенија  беше изведена до крај, беше воспоставен демократски парламентарен режим по углед на западната парламентарна демократија додека во Србија комунистите си останаа на власт. Србија на чело со својот претседател Милошевиќ, остана последен комунистички бастион во Европа. Таа комунистичка Србија ја држи во свои раце армијата и со неа сака да ги задуши и да ги сопре како демократските процеси, така и стремежите на несрпските народи за ослободување од српската хегемонија.

Во своите стремежи да се ослободат од српската хегемонија, Хрватите и Словенците сакаа тоа ослободување да биде направено без пролевање на крв, па затоа побараа престројување на Југославија од федерација во конфедерација. Тие се надеваа дека во конфедерацијата ќе ги остварат своите национални стремежи – ќе се ослободат од српската хегемонија, Хрватската и Словенечката република ќе станат суверени држави врзани со најслаби можни врски за конфедерацијата. Во тој контекст Хрватите и Словенците поведоа своја суверена економска политика и се борат за своја војска и своја дипломатија, па дури и за своја национална валута.Овие легитимни барања на хрватскиот и словенечкиот народ за српските хегемонисти беа хрватски и словенечки национализам, осмислена акција за разбивање на Југославија, па затоа се што правеа Хрватите и Словенците за својата национална сувереност беше прогласено од српските хегемонисти за антиуставно небаре бандитскиот устав кој ја легализира српската хегемонија е неприкосновен и вечен! Ниту еден од народите што влегуваат во Југославија не е венчан за неа, но и да е  некој венчан за неа не значи  дека цела своја вечност треба да живее со неа. Браковите во кои нема слога денеска мошне брзо се разведуваат.

Додека процесот на демократизацијата и на националната еманципација во Хрватска и Словенија одеше напред со сигурни чекори, српските хегемонисти стануваа се поагресивни и поагресивни имајки ја југословенската армија на своја страна, тие се закануваа со војна окупација на Хрватска, со воведување на воен режим во неа и со апсење на  хрватско раководство. На неколку пати тенковите на југословенската армија беа завзеле позиции на влезовите на Загреб и очекуваа наредба да ја исполнат превратничката задача. За целите на српскиот хегемонизам служеа и акциите за собирање на оружјето од територијалните   единици на Хрватска и Словенија, како и спречувањето на обидот Хрватска да купи оружје од Унгарија.

Отпорот што милитантниот големосрпски унитаризам го пружа против конфедерализацијата на југословенската  држава покажа дека идејата за престројување на Југославија во конфедерација е неостварлива идеја, дека таа е само  една политичка фикција.Денеска и најмирољубивите и најдемократски ориентираните Хрвати и Словенци се убедија дека конфедерацијата не е остварлива и дека хрватскиот и словенечкиот напад својата иднина мораат да ја обезбедат со нивното отцепување од Југославија, со создавање на независна хрватска и словенечка држава надвор од границите на секаква Југославија.

Тоа дека и една конфедерација нема да ги реши економските проблеми на несрпските народи покажа печатањето на пари што го направи Република Србија  на голема штета на сите други републики.

Промените што настанаа во комунистичкиот свет и посебно во Југославија не можеа да не најдат свој одраз и во Република Македонија. Продирот на демократските процеси и слабеењето на југословенската држава ја доведоа и Македонија во ситуацијата да се преиспитува самата себеси каде е, во каква состојба се наоѓа и кој пат да го избере кон една посреќна иднина.

Оти македонското прашање не е решено ниту може да  се реши во било каква Југославија тоа стана јасно на илјадници Македонци.А пак дека Македонската Република е најнеразвиената република во југословевската федерација со најнизок животен стандард тоа му е повеќе од  јасно на секој човек што живее и што работи во Македонската Република.Огромното мнозинство од македонскиот народ во Југославија не гледа никаква иднина, таа на економски план му носи колонијално ропство, а на политички план зависност и вазалство кон Србија.Најсвесните сили од македонскиот народ во југословенската држава ја согледаа и пречката за остварувањето на заветниот илинденски идеал за слободна, обединета и независна Македонија и затоа ништо не беше чудно и случајно што на македонската плуралистичка сцена се појави ВМРО-ДПМНЕ како партија со програмска цел за обединета и самостојна Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ беше првата партија која во своите програмски цели го  имаше преустројството на Југославија од федерација во конфедерација. Меѓутоа, денеска кога идејата за конфедерацијата е компромитирана на широкиот југословенски простор, кога од таа идеја се откажаа Хрватите и Словенците, а Србите се покажаа нејзини непомирливи душмани, би било залудно губење на време и на патриотска енергија, би било погрешна националната политика Македонците да се борат за една конфедерација која што никој друг народ не ја сака. Во сегашната историска ситуација интересите на македонската  нација наложуваат македонската национална политика да оди по патот на хрватската и словенечката политика за растурање на Југославија и за создавање на независна македонска држава под протекторат на Обединетите Нации и Обединета Европа.

Пропаѓањето на комунизмот и слабеењето на југословенската држава ја овозможи ренесансата на бессмртниот Илинденски идеал, ја вроди волјата на македонскиот народ да го оствори својот национален идеал преку создавање на обединета Македонија, како независна национална држава. Илинденскиот идеал станува се поактуелен за денешните македонски политички генерации, тој идеал крепне и јакне,станува движечка енергија или мотор на македонската национална политика.

Илинденскиот идеал на македонскиот народ е неспоив со идејата за секаква југословенска држава, конкретно и со идејата за југословенска конфедерација. Македонецот да се откаже од Илинденскиот идеал значи да се откаже од самиот себеси.Затоа, оние Македонци кои тргнале со голема кошница в раце да берат круши во југословенската конфедерација, круши нема ни да видат, а ќе бидат принудени да наберат српски шипинки или уште полошо – четнички пелин.

Драган Богдановски – 1991
(продолжува)

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top