Фељтон

Бели вдовици

Луј Адамич: Галичник најкосмополитско место на светот (3)

“БЕЛИ ВДОВИЦИ“

Селото Галичник – кое се наоѓа на околу илјада метри надморска височина во пуста и тешко пристапна планина каде што не водеше патот – веројатно спаѓа во едно од најнеобичните цивилизации на светот. Тоа е село на “бели вдовици“.

Приближно единаесет месеци во годината, од сто и неколку домови, ни во еден нема возрасен маж, ако се изземе само еден, или двајца свештеници и неколку 80 и 90 годишни мажи. Повеќето возрасни во оваа заедница ги сочинуаат жените – млади, стари и на средна возраст, главно слабо образовани, но со изненадувачка интелегенција, а често и необично убави.

Нивните мажи и најстарите синови (ако се постари од 15 години)се распрскале по средна и западна Европа, во Грција, во Романија, во Југославија, на северниот брег на Африка, во деловите на Мала Азија, Русија и во Соединетите Американски Држави, каде што за време на градежната сезона работат на високо специјализирани ѕидарски, дрводелски, столарски и слични работи, издржувајќи ги со своите заработувачки своите дома и себе си.

Приказната за Галичник – што патем речено е само едно од неколкуте такви села среде високите височинки и гребени на границата меѓу Југославија и Албанија – мошне е драмаатична, Таа почнува од времето, кога пред повеќе од 500 години, Турците го освоиле средновековното Македонско царство и кога многу македонски семејства, особено оние со помладите жени, ќерки и синови, морале да бегаат со целиот подвижен имот во некоја странска земја, или во високите планини надвор од досегот на алчните и страстни султанови офицери и војници.

Кога Турците ја освоиле Македонија, идните основачи на Галичник биле познати како умешни занаетчии, а живееле во градовите и во местата во рамнината. Биле организирани во занаетчиски еснафи и мошне се гордееле со својата умешност.

КАКО ГАЛИЧНИК СТАНА ТРАЈНО ЖИВЕАЛИШТЕ ?

Водачите на еснафите, како што изгледа, мислеле дека Турците нема да остант долго, па своите членови и нивните семејства ги поттикнувале да побараат сигурност во планините, па неколку стотици од нив така и направиле. Семејствата се населиле на највисоките места до кои можеле да дојдат, носејќи со себе се што можеле, вклучувајќи ги овците, алатите и грбовите или ознаките на своите еснафи.

Но, наспроти предвидувањето на водачите на еснафите, Турците во Македонија останале  речиси пет векови, за тоа време, како и во другите околни населби, Галичник стана трајно живеалиште, и покрај страшните неподобности на својата локација и денес, во суштина, е таков каков што беше пред сто години.

Во петнаесеттиот век, кога стана очигледнло, дека турците ќе останат долго, првобитните населеници на Галичник почнаа да си градат куќи, кои ги изградија толку добро што многу уште и денес постојат и во нив сега живеат повеќето нивни потомци. Се разбира, тоа се камени згради, ѕидани во невешт и примитивен стил на средновековната станбена архитектура во балканските места и градови. Меѓутоа, некои се мошне пространи, удобни и светли, иако не толку убави како модерните станбени згради во предградијата на американските  и на европските градови, сите заедно сочинуваат една хармоанична целина како можеби некое место во Европа или во Америка.

Галичник е сраснат во своите  ридести предели или подобро речено, тој виси на една страна на планината. Неговите ѕидови и покриви се направени од камени плочи откорнати од местата каде што сега се куќите и со боја која не се разликува од околниот каменест пејзаж. Кога Стела и јас приоѓавме до селото, не го ни забележавме се додека не се приближивме на едвај една минута одење.

ВО СЛЕДНИОТ БРОЈ :
ПЕЧАЛБАРСТВОТО  – “НАЈСТАР ЗАНАЕТ“

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top