Фељтон

Печалбарството – „Најстар занает“

Луј Адамич:
Галичник најкосмополитско место на светот

Околните ридови практично се камења. Овде – онде може да се види по некоја група неразвиени дрвја или парче земја покриено со кратка и остра трева. Таа земја што ја има и не е во состојба да роди нешто друго.

И така, во неможност да обезбедат средства за живот во својот крај, жителтие на Галичник како и на другите слични села во овие планини, почнаа да одат во светот по леб  пред повеќе векови, всушност, речиси истовремено по доаѓањето во овој крај. Со тек на време, тие станаа прочуени во многу краишта во светот како одлични занаетчии со силна традиција за гордост поради своето мајсторство и се до пред неколку години, кога целиот свет почна да лелека под товарот на најтешката криза во историјата, никогаш немаа тешкотии во изнаоѓањето работа  каде и да отишле.

Тие себе си се нарекуваат печалбари (светски надничари). Мнозина од нив се занимаваат со ист занает со кој се занимавале нивните прадедовци и пра-прадедовци се до 500 години наназад.

Кога најстарите синови ќе наполнат 14 или 15 одини, нивнтие татковци, според обичајот стар колку и селото, ги водат со себе во Германија, во Франција, во Грција, во Италија, во Данска, во Египет, во Русија или во САД. Тогаш почнува нивното учење на семејниот занает, а со кој постепено се изградува и гордоста на  мајсторството, на галичката традиција, на достигнувањата на галичаните распрскани по целиот свет.

Ѕидарите и каменорезбарите од Галичник работеле на палатите во Версај, на мостовите во Будимпешта, на катедралата Свети Стефан во Виена, во големите хотели што гледаат кон неаполскиот залив, на кралските палати во Белград и во Букурешт, на мормонскиот храм во Јутаха, во колосалниот Дњепрострој во Русија, на Емпаер Стејт Билдинг на Менхетен.

ГАЛИЧАНКИТЕ СЕ ГЛАВНИТЕ ФАКТОРИ НА ТРАЕЊЕТО НА ОВАА ЧУДЕСНА НАСЕЛБА

И додека мажите се отсутни, жените  – тие “бели вдовици“ – галичанки водат грижа за куќата, за децата, за селото. Тие предат волна а со своите прсти на вретено, волна која ја стрижат од овците што ги одгледуваат на оваа малку сиромашна трева што расте тука околу селото. Од таа преѓа на рачни разбои во своите домови тие ткаат волнена ткаенина, од која ги прават своите живописни носии, токму онака како што тоа го правеле и нивните прабаби и пра-прабаби пред повеќе векови.

Галичник, во балканска смисла, е село  кое добро стои (или подобро речено: беше додека не го уништи кризата); мажите можеа на своите жени да им испратат или да им донесат од најголемите градови на Европа и на Америка најдобри фабрички ткаенини за фустани, или готова облека, но тоа беше спротивно на нивните стари обичаи. Од жените во  Галичник се очекува сами да ја прават својата облека и повеќето од нив ја сакаат. покрај тоа, ни рече една од нив  – “кога не би ткаеле и кога не би шиеле фустани за себе и за своите  домашни, со што би се занимавале цело време? А исто така, според моето мислење, носиите што ги прават тие , иако помалку несмасни, многу се поубави  и на нив им одговараат повеќе од било кој друг фустан или костим што нивните мажи би ги донеле од големиот свет шиени на машините за масовна продукција.

Друга традиционална должност на галичките жени е да мораат да се грижат да останат привлечни што можат подолго. Тоа е неопходно, зашто, како што рече една постара жена со која разговарав за оваа работа, “најсигурен начин  мажот да се врати од далечниот свет полн со разни искушенија, е жената да биде толку привлечна и убава кога мажот ќе заминува, па од тој момент на разделба постојано да ја посакува  повторната средба со неа – а кога ќе се врати, таа во тоа не смее да го разочара“.

Да се одржи убава, на жената во Галичник тоа не и е особено тешко. Воздухот и сончевите зраци во тие планини се мошне благотворни. Храната што ја јадат е крајно едноставна. Од најраното детство тие многу се движат горе-долу по стрмни патеки околу своето и до соседното село. Нивната работа, за разлика од повеќето жени на другите краишта на Балканот, ретко е макотрпна. Последица од тоа е што многу од нив, како што веќе предвестив, природно се убави, а некои дури и во поодминатите години. Цртите на нивното лице се правилно изрежани со острото длето на наследната трудољубивост и на историското искуство за кое тие постојано се свесни, а се омекнати во изразот со длабока здравост на едноставниот живот, здрав воздух, планинско сонце и со умерено бавен, но изразен и постојан мудро усогласен ритам на нивниот живот.

Повеќето жени се со среден раст, со грациозни движења, со речиси раскошен од, но со забележлива воздржаност. Набљудувајќи ги со денови додека таму престојувавме, ни стана јасно дека нивната убавина не е толку индивидуална или лична, колку дел или карактеристика на хармонична целина нарежена во село Галичник и на планините кои го опкружуваат. И кај Стела и кај мене тие оставија впечаток на една совршеност, но совршеност, ни се чинеше, која постоеше само дотогаш додека беа во таа средина.
Одмарајќи се, или дури работејќи на своие разбои, тие пееја стари, главно меланхолични песни, полни со копнеж за својата осаменост, за макотрпната работа на своите мажи и синови во далечните земји. Но тие не се несреќни, како што би помислил некој, секако не за жалење. Привлечноста на нивнтие лица, како и на нивните песни содржат една нота на тага – последица од вековната заедничка судбина што жените ја сфаќаат и ја прифаќаат.

Продолжува…
Галичките приказни – трагични како грчките трагедии и Враќање на галичките печалбари од “белиот свет”

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top