Фељтон

Истражувања: Македонија во Балканските војни (трет дел)

vance-stojcev

Прва балканска војна

На Македонија на потомците на Кирил и Методиј може да и помогне само Русија

Непосредно пред објавувањето на Балканската војна по дознавањето за Српско-бугарската спогодба, македонското национално јадро од Битола, односно македонскиот сепаратистички кружок, на 15 август 1912 година испратил Програмско писмо до Другарството и до високи раководни органи во Русија, во кое се наведува дека Балканскиот сојуз е создаден заради поделба на Македонија од страна на Србија, на Бугарија и на Грција, а не за нејзино ослободување. Тие не ја признаваат македонската националност, па сакаат да ја србизираат, да ја бугаризираат и да ја грцизираат.

На Македонија, на потомците на Кирил и Методиј може да помогне само Русија, и тоа на следниов начин: 1. енергично застапување на братска Русија во полза на Македонците; 2. уништување на бугарската, на српската и на грчката пропаганда во Македонија; 3. обновување на црковната независност; 4. слободен развиток на националната свест, т.е. на свеста дека Словеномакедонците се еден и неделив народ; 5. отворање училишта на македонски јазик; 6. македонската интелигенција треба еднаш засекогаш да ја прекине срамната продажба на својата совест и чест на бугарските, на српските и на грчките пазари и 7. широка внатрешна самоуправа на Македонија…

Во писмото на крајот се наведува дека во Македонија мириса на смрт. Дека единствениот спас за нашето дело, за нашата независност, а со тоа и за спасот на Европа од војна е вмешувањето на Русија, но не во вид на поддршка на словенскиот сојуз против Турција, туку како морална поддршка на Македонија и брз, решителен притисок врз Турција за неодложно спроведување реформи во Македонија. Ако Русија му даде поддршка на Балканскиот сојуз, тогаш ќе избувне балканска воја, а Србија, Бугарија и Грција ќе ја поделат Македонија.

СЕОПШТА МОБИЛИЗАЦИЈА

На 17 септември 1912 година, бугарската влада објавила сеопшта мобилизација. На сите мобилизациски места пристигнувале Македонци од разни места. Поради нивната голема бројност, началникот на Штабот на бугарската армија генерал-мајор Иван Фичев, наредил да се формираат партизански (доброволни) чети и одреди за дејство од зад грбот на противникот. Задачата му ја доверил на потполковник Александар Протогеров и на мајор Петар Дрвингов. За создавањето на овие чети и одреди, Штабот на бугарската армија доделил 600 пушки и 60.000 лева. На предлог на Протогеров и на Дрвингов, во организирањето на партизанските одреди се приклучиле потполковник Стефан Николов, капетан Димитар Атанасов и капетан Стојан Величков. Од тој состав бил формиран Штаб на партизанските одреди (ШПО).

Петар Дрвингов во Седмичниот билтен за изучување на Турција и нејзината армија бр. 3. од 10 февруари 1911 година, меѓу другото, напишал: Денес македонската емиграција, повеќе од кога и да е порано, завладеана е со мислата дека слободата на Македонија може да се постигне само преку силата на бугарското оружје. Поради тоа, таа емиграција не е за потценување, зашто во време на војна може да одигра решавачка улога. Може да се тврди смело дека не може да се пронајде Македонец, млад или стар, кој не би посакал да влезе во македонските доброволни дружини, кои во војна сигурно ќе се формираат.

Со оглед на тоа дека се работи за искористување на македонската емиграција за бугарски цели, која, сепак, требало да се бори внатре во Македонија, т.е. во тилот на турската војска, бугарската Влада од македонската емиграција формирала доброволни формации што ќе мора сами да се снабдуваат и за чии дела одговорност не сноси Владата. Доколку тие формации бидат примени во редовната армија, Владата ќе мора да се грижи за нив, а тоа би било осудено и од Турција и од другите големи сили и особено од соседните земји што се подготвувале за поделба на Македонија.

На 19 септември 1912 година, односно вториот ден по објавувањето на мобилизацијата, генералот Фичев испратил наредба до Протогеров и до Дрвингов да формираат мали партизански одреди. Дрвингов изготвил ,,Правилник за доброволните чети кои ќе дејствуваат во Македонија и Одринско во ослободителната војна. Во Правилникот, покрај другото, се предвидувало четите да дадат заклетва за верност пред бугарското отечество и пред бугарскиот цар. Клетвата имала двојно значење за македонските четници. Од една страна му се колнат на царот, а не се регуларна војска. Од друга страна, биле обврзани како полноправни војници на бугарската армија, за евентуални престапи да одговараат пред бугарските воени судови.

Според Правилникот на Дрвингов, основна задача на партизанските чети и одреди била да уриваат мостови, железнички пруги, телеграфски и телефонски линии и други објекти од витално значење во тилот на турската војска. Се предвидувало создавање на 52 партизански чети, секоја од по 20 до 30 души, односно вкупно со околу 1.250 души. Војводите имале обврска да го организираат снабдувањето од месни извори и да формираат месни чети. На тој начин, да создаваат мрежи на селски чети по примерот на илинденската ВМРО. Од објавувањето на мобилизацијата на 17 септември, па до 26 септември 1912 година, биле создадени 59 партизански чети. Секоја од нив имала свој редовен број. Паралелно со нив, бил формиран и еден партизански баталјон (составен од две чети) и четири специјални партизански чети.

МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКОТО ОПОЛЧЕНИЕ

Генералот Фичев, со наредба од 26 септември 1912 година сите партизански чети и одреди формациски ги вклучил во составот на Македонско-одринското ополчение. Со тоа македонските партизански одреди и чети станале дел од бугарската армија и ја примиле нејзината организациона структура – одделенија, водови, чети. Со истата наредба, Штабот на партизанските одреди бил преименуван во Штаб на ополченските дружини, односно во Штаб на доброволни баталјони. За главен командант на Штабот е поставен генерал-мајор Никола Генев. Негов помошник е потполковник Александар Протогеров, а мајорот Петар Дрвингов е поставен за началник на Штабот. До 26 септември во 1912 година, Штабот на доброволните баталјони располагал со 6.500 доброволци и само со шест офицери.

Формацијата на доброволните баталјони ја изработил Дрвингов. Бројната состојба на баталјонот требало да изнесува 1.079 лица. Во еден баталјон имало четири чети од по 215 души, една неборбена чета и органи за опслужување. Борбените чети се состоеле од четири вода по 49 души и органи за опслужување. Водот се состоел од шест одделенија со по осум души. До крајот на септември во 1912 година, од македонската емиграција биле формирани пет баталјони: Дебарски, Скопски, Битолски, Охридски и Солунски. Од вкупниот број на формираните чети во Бугарија при крајот на септември во 1912 година, во Македонија биле префрлени 52 партизански чети, од кои 17 во Битолскиот округ, осум во Скопскиот итн. Во текот на октомври во 1912 година биле формирани уште пет доброволни баталјони: Кумановски, Костурски, Велешки, Прилепски и Серски.

Во почетокот на ноември 1912 година биле создадени три бригади и штабови на бригадите. Во секоја бригада влегувале по четири баталјони. За команданти на бригадите биле поставени: на првата бригада потполковник Стефан Николов, на втората потполковник Антон Пчеларов и на третата бригада потполковник Александар Протогеров. Во целост, Македонско-одринското ополчение се состоело од штаб, од три бригади од по четири баталјони, музика, воена болница, интендантска чета, огненострелачки парк, снабдувачки транспорт и инженерско-технички дел.

Пишува: Ванче Стојчев

Во сеќавање на проф. д-р Ванче Стојчев

vance-stojcevИстражувањето и документирањето на геноцидот врз македонскиот народ сеуште не е актуелна тема која можеби треба да биде водилка за сите нас кои останавме на македонската кауза. Македонскиот народ како многупати во историјата и денес е приморан да се бори за сопственото име, за идентитетот, за својот јазик и за опстојување на својата држава. Почитуваниот Ванче Стојчев целиот свој живот работеше, пишуваше и зборуваше, за македонците за македонската вистина и за Македонија.

По кусо боледување, во Воената болница во Скопје почина проф. д-р Ванче Стојчев, професор на Воената академија, поранешен директор и основач на Воениот музеј на Македонија, неуморен борец и документарист кој донесе во татковината многу значајни документи на актуелните теми кои се стогодишна мисла за македонците.

Посветен научник и почитуван граѓанин на Македонија кој мечтаеше преку документите што ги наоѓаше да поттикне ред или редослед на историските настани или „Како од балканското буре со барут да се создаде историја за македонците“. Од осамостојувањето на Република Македонија, соседните држави ги обновија своите големодржавни аспирации, ја активираа негаторската политика кон Македонија.

Ситуацијата е многу слична на онаа од пред 96 години кога во 1913 година во Букурешт соседните држави со поддршка на големите сили меѓу себе ја поделиле Македонија, – рече во најавата за печатење на своето последно капитало дело за вистината за Македонија, сега покојниот проф.д-р Ванче Стојчев.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top