Фељтон

Истражувања: Македонија во Балканските војни (четврт дел)

Четите на Сандански одново во дејство

На почетокот Сандански е против тоа да се учествува во наметнатите и завојувачки балкански војни, но големото разочарување што го доживеал од Младотурците и бесната пропаганда што ја покренуваат новопечените балкански сојузници против Турција, придонеле тој да го смени својот став.-Целиот Серски револуционерен округ на нозе и под оружје

По добивањето оружје од бугарската армија, Македонско-одринското ополчение веднаш било префрлено на фронтот во Тракија. На Тракискиот фронт Штабот на Македонско-одринското ополченство бил распуштен, а бригадите препотчинети. Првата бригада е ставена под команда на Хајреболскиот одред, втората добила задача да се концентрира југоисточно од Мустафапаша (денес Свиленград) и да настапува кон Димотика и Дедеагач. Третата бригада влегла во состав на Ѓумурџинската група, односно во Крџалискиот одред. На 7 ноември 1912 година започнале борбените дејства. Македонските доброволци, без оглед на тоа што биле испратени далеку од својата татковина и што пред тоа немале никаква воена обука, се покажале мошне борбени и успеале уште во првиот налет да ги принудат силите на Јавер-паша на повлекување, при што Турците имале бројни загуби. Во меѓувреме биле формирани уште три доброволни баталјони: Кукушкиот, Воденскиот и Штипскиот. Со нив била засилена секоја бригада со уште по еден баталјон. Вкупната бројна состојба на Македонско-одринското ополчение во пролетта 1913 година изнесувала 14.670 души, од кои 12.000 биле Македонци.

НЕВОЛНО СОГЛАСУВАЊЕ

Јане Сандански веднаш по дознавањето за српско-бугарската спогодба на своите соборци им изјавил дека не е можна спогодба меѓу Србите и Бугарите доколку не се работи за поделба на Македонија. Поради тоа, а следејќи ја и мислата на Гоце Делчев дека за Македонија е подобро да остане под турска власт отколку да ја распарчуваат соседите, Сандански бил против Балканските војни доколку тие не се водат за создавање на една балканска федерација. Таквиот став Сандански го искажал со зборовите: Тие што ќе дојдат да н ослободат, всушност ќе не поробат.

Покрај Јане Сандански, односно Серското крило на ВМРО, против Балканските војни биле и македонските социјалисти, Учителската организација и други. Тие ослободувањето на Македонија го гледале во можноста за создавање обласна самоуправа во Македонија во демократизирана Турција и во можноста за создавање независна македонска држава во слободна демократска заедница на балканските народи. Таквата идеја кај наведениве македонски сили била застапувана уште од периодот на Младотурската револуција.

Меѓутоа, непосредно пред Балканските војни, овие сили под влијание на соседните пропаганди во Македонија биле потиснати. Со оглед на тоа што во српско-бугарската спогодба, Бугарија се откажала од прелиминарниот Санстефански договор и поради тоа што на Македонија двете потписнички ветувале автономија, сите македонски сили (ВМРО и МВК), па и Јане Сандански одлучиле да учествуваат во Балканската војна под бугарска Врховна команда. Сандански ги вклучил своите чети под команда на бугарската 7. Рилска дивизија.

Иако на договорите и на ветувањата на соседите не им верувал, Јане Сандански ги започнал подготовките за војна во услови кога Младотурците ги отфрлиле надежите и очекувањата и го заостриле теророт, и кога друга можност не постоела. Освен тоа, македонското револуционерно движење било разединето, па Серската група не можејќи да остане во средината, решила од сите зла да го избере најмалото да ја помогне бугарската царска армија. Според некои извори, Сандански се определил, во крајна линија, за соработка со Бугарија поради претпоставката дека Бугарија имала најголеми изгледи да ја заземе цела Македонија, со надеж на тој начин да ја зачува нејзината целост и единство, не откажувајќи се притоа од принципот Македонија на Македонците и од остварувањето на истиот. Меѓутоа, неговата определба за Бугарија и самите бугарски офицери ја сметале како сојузничка, односно како сила што ги координира содејствата со бугарската армија и што соработува во полза на заедничката победа врз турските сили.

Согледувајќи ја новонастанатата состојба, Серската револуционерна група: Јане Сандански, Александар Бујнов, Тодор Паница, Таската Серски и други, во почетокот на јуни во 1912 година одржале советување во Солун. На советувањето, покрај другото, било решено да земат активно учество во војната и за таа цел да заминат за Источна Македонија и да ги започнат подготовките. До септември во 1912 година веќе биле извршени организациските и логистичките подготовки. Во почетокот на септември, во Мелник било одржано второ советување, на кое се расправало за воените прашања.

ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА МЕЛНИК

По тој состанок сите раководители на организацијата заминале во илегала, со задачи да го подготват населението и локалните војводи на дадениот повик да ги започнат дејствата. Мелничкиот округ бил поделен на околии, на реони и на села, а така се формирале и единиците, односно вооружените формации. Центар на округот бил Мелник, а главен раководител Јане Сандански. Негов помошник бил Ѓорѓи Казепов, кој воедно бил и околиски војвода.

Од Мелник биле раководени и координирани дејствата во целиот Серски револуционерен округ. По распоредувањето на реонските и на околиските војводи, Сандански издал усни и писмени општи и поединечни упатства. Во нив се одредувал начинот и бројот на мобилизираните во секое село, начинот на собирање оружје, храна и друга опрема, организирање на вооружените формации чета, баталјон и одред. Покрај македонското, поради авторитетот на Сандански, во неговите формации самоиницијативно се пријавувало и влашко, еврејско, дури и грчко население. Во упатствата биле содржани начините и формите на вооружените дејства на четите.

Тие требало да поставуваат заседи во теснини, да сечат телефонски и телеграфски столбови, да уриваат мостови и пруги, да напаѓат од зад грб, да му нанесуваат загуби на непријателот на секое место и брзо да се извлекуваат. Значи, да водат партизански облик на вооружена борба. Покрај тоа, овие чети ја вршеле разузнавачката и известувачката служба.

Кон крајот на септември во 1912 година, Тодор Александров се обидел преку Чернопеев и Казепов да контактира со Јане Сандански, со цел да ги распушти серските другари и да ги стави под команда на штабот на ВМРО или пак да ја обезбеди неговата соработка. Сандански во почетокот одбивал секаква соработка со штабот на Александров. По тоа прашање закажал средба со своите војводи А. Бујнов, Т. Паница, Т. Серски и други раководители на реоните. Средбата се одржала на Пирин и било констатирано дека штабот на Александров се обидува да ја стави Серската организација под своја команда. Распуштањето на другарите за Сандански било апсолутно неприфатливо.

Меѓутоа, со оглед на неизбежноста на војната и во името на Македонија се согласил на спогодување со четите на Александров. На теренот во целиот Серски округ, Сандански и неговите формации биле сметани за суверени и главни заштитници на македонскиот народ. До почетокот на војната, Сандански успеал да мобилизира околу 2.000 луѓе. Борбените дејства Сандански ги започнал на 5 октомври 1912 година, односно 13 дена пред соседните земји да објават војна на Турција. Еден дел од овие сили се борел источно од Пирин кон Неврокоп (Годе Делчев) и Драма, а другите се бореле во областа на Мелник и Свети Врач (Сандански), односно го ослободиле Мелник и ги продолжиле дејствата кон околните места.

Ванче Стојчев
(продолжува)

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top