Фељтон

Царскиот пат (прв дел)

Овој свој Научен труд го посветувам на своите синови Трајче и Тоше, и на сите Добри Македонци кои во срце ја носат мојата Македонија.
Рецензентот поетеса, специјалист по Криминологија Афродита Пандиловска која живее во Америка за Душко новиот Питу Гули вели:

Македонски национален деец и патриот. По својот надворешен изглед се гледа чиј внук  е. Како карактер е истиот Питу Гули, невидено храбар, неустрашив и крајно борбен.  По посетата на библиотеката во Александрија во своите млади години, осознавајки работи кои во време на Југославија биле забранета тема, сака да ги анимира. Со што си создава проблеми во ерата на едноумието. Тогашната југословенска власт го има окарактеризирано за сепаратист. Одземен му е пасошот, многу малку фалело да заврши во затвор, како многу напредни Македонци. Живеејки одреден период во Солун и Атина, Грција, во контактите со тамошните Македонци ја осознава нивната голгота. А воедно ја согледува идеологијата и целта на Грција, да се сотре сеÄ што е Македонско. Да се негира Македонија како би го оправдала поседувањето на 51% од Македонија да и се украде историјата, а сега и името. Роден е во Скопје.

Дипломиран сообраќаен инженер, судски вештак и проектант по сообраќај. Покрај тоа има завршено: економија со надворешна трговија, хомеопатија и нутриционистика. Зборува седум јазика, кои неизмерно му помагаат во проучувањето на животот и делото на Македонците од Антички времиња до денес. Син е на Трајко исцелител, визионер, космополит со напредни идеи поради кои често бил затворан од Бугарите. Бил затворен од Бугарите и во”Келијата на смртта со Дучо Кранго.” По завршување на војната врши високи функции, но многу брзо  се убедува дека идеологијата е ефтино продадена за лични интереси и се  откажува од таа идеологија. Затоа неговите деца не се членови на СКЈ. Внук е на Питу Гули по мајка и на Елена и Панче по татко, исцелители. Исцелителството фамилијарно се наследува од генерација на генерација, се до античките Македонци Дарони, кои здравје дарувале со векови. Припадник на Дароните е и Хипократ, кој е најимпозантната личност во медицината од Македонија.

Душко активно работи за анимирање на вистината за Македонија и Македонците. Има многу вложено, но јасно кажува дека е спремен да ја плати секоја цена, за да ја презентира вистината за Македонија на виделина пред светот. Со неговите книги Македонија пред светот, го брани нашето вековно име Македонија. Има напишано научен труд со кој докажува дека во крвните садови на Председателот на Америка Џорџ Буш тече крв по Античко Македонските Цареви: Филип 2ри и Александар Македонски.

Научниот труд му го има испратено на Џорџ Буш, кој сега ја подржува Македонија повеќе од порано. Се надева дека, штом ќе осознае за своите македонски корени подетално по добивање на книгата”Вистината за Македонија”ќе ја прочита оваа книга, па нормално неговата подршка ќе биде максимална. Целата фамилија на Душко се борела за самостојна Македонија. Еве неколку докази. Неговиот прадедо по мајка, најхрабриот признат војвода од Илинденското Востание  Питу Гули, кога Никола Карев го убедувал да замине од Крушево, да не оди на Мечкин Камен тој му одговорил:

“Што е мојата крв во однос на реките крв што досега се пролеани за нашата Македонија. Јас се заколнав на познатата вековна македонска заклетва “Смрт или Слобода”и останувам доследен како многу, многу Македонци досега.” Кога заминувал на Мечкин Камен, неговата сопруга со цел да го предомисли од идењето на Мечкин Камен го прашала:

“На кого ги оставаш твоиве деца,на Македонија на која и животот и го посветив. Неговите чичковци Перо, Павле и Илија, како и неговиот вујко Ставре, кои барале да одат на Солунски фронт, да го ослободат Беломорскиот дел на Македонија, биле пратени во смрт на Сремски фронт. Повеке од 90% од Македонците кои биле жртвувани на Сремски фронт загинале, но неговите чичковци и вујкото со невидена храброст се бореле против германскиот окупатор и сите се вратиле живи и здрави во Скопје, во својата сакана Македонија. Неговиот прадедо по татко Стефан, кој како и целата негова фамилија, бил исцелител. Кај него дошол турскиот бег да се лекува. Кога стигнал пред вратата на Стефан видел многу народ кој чекал на ред за да биде лекуван. Тој влегол внатре преку ред. Кога го видел тоа Стефан му рекол:
“Кај мене постои ред и секој мора да го почитува.”Бегот се налутил и го увредил Стефан исцелителот велејки:

“Ти ли бре ѓаур ќе учиш мене на ред.” За една навреда го заклал турскиот бег без око да му трепне. Потоа отишол во теќето на Дуќанџик каде и ја поминал ноќта. Според турските закони воколку некој е во право ако отиде во теќе и ја мине ноќта во него и ништо не му се случи. Значело дека Господ му го простил гревот и Турците му го простувале. Има уште многу докази за борбата на неговата фамилија за самостојна Македонија но тие ќе ги оставиме за друг пат, во друга книга за Македонија. Патриот за својата Македонија и нејзината историја од античко до денешно време. Има направено многу испитувања,  сериозно и студиозно ја има обработено оваа тема. Ни предочува факти пред кои дури и нашите пријатели”Грција, Бугарија, Србија и Албанија”не можат да произнесат против аргументи. Елоквентен, пријатен во разговорот, шармантен, интелигентен, блика со градски манири, представителен, способен, талентиран и студиозен. Светски научници, археолози, историчари, патеписци, дејци и многу други од Америка, Англија, Франција, Австрија, Грција, Бугарија, Србија, Албанија, Шпанија, Полска, Русија и други докажуваат дека ние Македонците сме наследници на Античките Македонци. Дека не сме Грци, Бугари, Срби или Албанци.

Дека тајниот заговор против Македонија и Македонците од дамнешни времиња до денес сеуште е на сила. Безброј документи кој се докази за гореспоменатите работи се криеле, а и денес се кријат од светот како не би излегла комплетната вистина за Македонија на виделина. Походите, победите, прославите, начинот на живот, јазикот, црквата, образованието, верата, вопитувањето, филозофијата, празнувањата, функционирањето на Македонија и нејзината држава се опфатени на еден многу допадлив и лесен начин. Александар Велики Македонски ставен на пиедестал на Бог уште додека бил жив па сеÄ до денес има небројно многу почитувачи на неговото грандиозно  и неповторено дело до денес. Визионер на едно општество со Коине-Есперанто јазик кој го создал од над четириесет јазици кои се зборувале во тогашната наша огромна Македонска Империја. Сите меѓу себе се разбирале. Каде сите ја чувствувале  за своја татковина државата во која живееле. Што и по дваесет и три века во овие модерни времиња не е достигнато. Филип 2ри Македонски основоположник на сешто Македонија има достигнато и оставено на светот како наследство. Воинствен, талентиран, способен, бесстрашен, интелигентен, невидено смел, со дарба за недостижен владетел и неизмерно храбар, по потреба неизмерно Умен, голем визионер, ненадминлив стратег. Тоа е наследството на Александар Велики Македонски и на Македонците кои го имале за старт на своите освојувачки походи и владеење со светот. Во огромната Империја на Македонија науката и културата го имаат достигнато својот максимум, македонските цареви биле опкружени со огромен број културни дејци и научници. Перфектните театри во кои и гледачите од последните редови го слушале и најтивкото шепотење на глумците. Стадиони со 30 до 40 000 гледачи и требале само на Македонија за нејзината фаланга и прослава на националниот празник Ксантика. Модерни градови изградени низ целиот тогашен свет. Импозантни храмови посветени на македонските богови. Библиотеки кои биле основа за науката и културата во Македонската Империја. Цркви кои биле дел од прославата на најголемиот македонски празник Ксантика што ја уцврстувало верата на овој наш древен народ. Театрите и парковите се местата на живеење на Македонците. Во нив филозофијата е издигната на највисок пиедестал и совршенство, за што и денес многу нации ни завидуваат.

Користена литература
Прва Енциклопедија  на Грција клучот на знаење од Хари Пачи издавач
Еми Пачи-Гарин Психолг-Педагог на Факултетот на Лозана
“Александар Велики”од Потис Стратикис издадена од Браќа Стратики
Атина Грција

Полибије “Историја 1 и 2”
Цицерон “Филизофски списи”
Аристотел “Атински Устав”
Аристотел “Политика”
Аристотел “Поетика”
Флавие Аријан “Епиктетовиот прирацник”
Леарцие “Зивотот и мислењата на големите фолозофи”
П.С. Кохан “Историја на старогрчката Книжевност”
Плутарх”Славни антички ликови”
Хомер “Илијада”
Хомер “Одисеја”
Конфучије “Избрани списи”
Сенека “Писма од пријателот”
У. Вилкен”Александар Македонски”
Кина “Археолошки ископини”
Д. Шантиќ “Јапан”
Ф.Р.Шами “Грчка цивилизација”
Г.С.Гриневич “Прасловенска писменост”
Е. Фишер “За потреба на уметноста”
С. Освалд “Грчка и Римска митологија”
С .Пандовски “Клеопатра”
Жебељев “Демостен”
Н.А.Машкин “Историја на Рим”
А.    Мишулин “Историја на стариот век”
Зенон Косидовски “Кога сонцето беше бог”
Д-р Милош Ѓуруќ “Историја на римската книжевност”
Д-р Бранко Бошњак “Грчка филозофија”
Д-р Вељко Ковач “Историја на филозофијата”
“The Alexandrian” by Martha Rofheart, New York, 1977
“The Triumph of the Greeks” by Paul Hamlyn, New York
“The Jews in their land” by David Ben-Gurion, New York 1966
“The Emergence Of Europe”by Ricker Saywell, Toronto, Ontario,Canada
“From Alexander toConstantine” Passages and Documents The Historu of  
Social and Political Ideas, From 336BC, 337AD by Ernest Barker
“Imperial history”by C.M.Macinnes,C.B.E.,M.A.,L.D., Emeretus Profesor
University, Bristol.
“The Phoenicians” , by Aldo Massa.
Chester W. New and Charles E. Phillips
“The Decline and Faal of the Roman Empire” by Gibbson,Chapter 16
“Les Editions de L Homme, of the Tracian Horsemen”by Veronique
Schiltz, Montreal, Canada
“Social and Political Thought in Byzantium,John of Damascus, De
Imaginibus Oratio 2, pg.94 col 1297;English tran,by Elizabet Barker
“The age of Alexander, Translated by Ian Scott-Kilvert,Author G.T.Grffitf”
“The Ancient World”by Richard Mansfield Haywood, New Jork University
“The Outline of History”, by H.G.Wells, Garden City, New York-1930
“The Portable Greek Historians”The Essence of:Herodotus,Thucydides,
Xenothon, Polybius by M.I. Finley.
“Tre pocket Aristotle”,Selections from:Physies,Psychology,Metaphysics,
Nicomachean Ethics,Politics, Poetics, Translated,W.D.Ross by
Justin D. Kaplan.
“Men of the Earth”, University of California, Santa Barbara by Brian Fagan
“Evolution and Human Origins”,Physical Antripology by B.J. Williams
“Different World” by J.M.Roberts
“The World of Greece and Rome” by J.M. Roberts
“The Universal Histiry of the World” by James L.Steffensen, New York
“A short History of Early Peoples”by Willis Mason West, Nordwood Press
“A World History”from ancient times to 1760,by Chester W.New,Professor 
of History, McMaster University
“Websters New Collegiate Dictionary,”New International Dictionary,
G.and C Merriam Co., springfield, Mass.,USA
“A history of Greece” by N.G.L.Hammond, M.A.,D.S.O.,University of Bristol “History of Macedonia”, Volume 1, by N.G.L. Hammond, Oxford-1972.
“History of Macedonia”, Vilume 2 by G.T.Griffith, Ohford-1979.
“the Byzantine Comonwealth”,Eastern Europe,from 500-1453,Histiry of
civilization  by Dimitri Obolenski-1971.
“Alexander of Macedon”,The Journey tu Worlds End by Harold Lamb,
Garden City, New York.
“Atlas of World Histiry”Volume 1,Beginning to the Eve of the French
Revolution by Hermann Kinder and Werner Hilbemann.
“Macedonian Greece”by JohnCrossland and DianaConstance,B.T.Batsford
LTD., London
“Our Oriental Heritage”The Story of civilization: part 1, by Will Durant
New York-1954
“The Byzantine Achievement”An histirical perspective,A.D.330-1453London
and New York
“The Lost Years of Jesus Revealed” by The Rev.Dr Charles Francis Potter
B.D.,S.T.M.,Litt.D.,New York-1990
“Alexander The Great” by Charles Alexander Robinson Jr.,New York-1963 “The Endyring Past” by John Trueman, Toronto,Canada-1960
“Alexander The Great”By L.Du Garde Peach, Nepwort LTD-1963

Душко Трајков Митревски
(продолжува)

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top