Коментари

Предавници и патриоти на Грчки начин

Клаудија Лутовска

Поделбата на предавници и патриоти се случува и во соседна Грција.

Талиа Драгона, генерален секретар во грчкото министерство за образование и универзитетски професор од Атина е обвинета за нејзиниот став дека Грција го гради својот национален идентитет во 19тиот век.

Таа се соочи со жестоки напади дека не е патриот затоа што смета дека грчкиот идентитет е создаден во 19 век, но нејзините ставови се насочени кон позитивна страна и отвораат дебата за имигрантите и за националниот идентитет како прашања за кои политичките партии во Грција избегнуваат да зборуваат. Познатиот грчки новинар и борец за човекови права Такис Михас пишува оти ова е позитивниот ефект од случајот со Драгона. Според него, сите сериозни историчари веруваат дека отоманскиот период е еден од најпросветителските во историјата. Во својот текст во „Елефтеротипија“, Михас додава дека не само Драгона туку и познати британски историчари сметаат дека грчкиот национален идентитет е создаден во 19 век.

Додека во Македонија имаме ситуација каде -„Сите граѓани се помалку или повеќе патриоти, барем оние кои се раководат од идејата за подобро утре. Проблемот е што во случајов имаме самопрогласени бранители на националните интереси коишто се сметаат себе си за многу поголеми патриоти за другите, кои пак понатаму самите креираат стереотипи на тоа кој е предавник, а кој не.“ според Вангели Анастас- кој вели дека такви тенденции секогаш постоеле, а ќе постојат и во иднина. Државните институции имаат должност да спречат натамошни поделби меѓу сопствените граѓани, вели Анастас Вангели- Магистер по изучување на национализми.

„За жал, во нашиот случај, токму претставниците на државата се тие коишто ја засилуваат оваа поделба поради тоа што отворено манифестираат нетолеранција и желба за пресметка со своите неистомисленици“

Талиа Драгона, генерален секретар во грчкото министерство за образование и универзитетски професор од Атина, деновиве се соочи со лавина од напади затоа што смета дека грчкиот идентитет е создаден во 19 век.
Обвинувањата пристигнаа во грчкиот парламент од страна на националистичката партија ЛАОС на Јоргос Караџаферис, која го впери прстот во Драгона затоа што во својата книга „Што е нашата држава“ пишува позитивно за Османлиската Империја и тврди дека грчкиот идентитет е креиран во 19 век. Од овие причини ЛАОС ја нападна Драгона дека не е патриот и оти има антигрчки ставови.

На националистите им пречи што Драгона пишува оти не треба да се верува дека Грција продолжува да биде носител единствено на античката култура, како и дека не смее да постои негативен став кон мигрантите во државата.

Интересно е што Драгона во една од книгите поради кои е критикувана пишува дека Македонците во Северна Грција немаат право на самоидентификација.

„Кога станува збор за културните права, малиот број на таканаречени славомакедонци во Северна Грција и, уште поважно, многубројното муслиманско малцинство во Тракија го немаа правото на самоидентификување“, пишува Драгона во делот за социјалната интеграција во периодот пред диктатурата во својата книга „Државјанството и нациите-држави во Грција и во Турција“.

Во интервјуто за „То вима“ објавено деновиве, Драгона вели дека никој нема право да и дава диплома за патриотизам.

– Јас сум горда на историјата, културата и на мојот идентитет, но истовремено се борам за Грција и грчката борба за демократија, хуманитарно образование, толерантно општество, со цел изедначување на нашата позиција во Европа и почитување на сите луѓе и култури во светот – вели Драгона во интервјуто со објаснување оти нејзините цитати од книгите биле извадени од контекст со цел да се покаже дека се антигрчки.

Кристијан Фос, историчар, научен соработник на Универзитетот во Фрајбург ја анализира ситуацијата на Грчкиот национален идентитет во однос на појавата и провекувањето на спорот со името на македонија- Ако се прашаме како е можно прашањето за името се уште да предизвикува толку големи емоции во Грција треба да наведеме две работи. Прво, сопствениот национален идентитет на Грците, второ – прашањето на малцинствата. Што се однесува до првото денес знаеме дека денешните жители на Грција имаат релативно низок етнички континуитет од старите Хелени. На крајот од 19 век националистите изразија свои ставови според кои јасно се става до знаење: „Ние сме единствените легитимни наследници на старата Грција и поради тоа на грчка територија може да има само етнички Грци“.       ¬

Во врска со ова е размислувањето за малцинствата, кое е одржано се до денеска. Тоа претставува голема животна лага на Грците кои одрекуваат постоење на други етникуми во нивната држава. Ова секако се однесува и на Македонците и се до денес се сретнуваме со официјално непризнавање на македонското малцинство во северозападниот дел на Грција,  кое сосема јасно се декларира како македонско. Според мое мислење прашањето за малцинствата сосема јасно стои зад големата возбуда во спорот околу името со Република  Македонија.- вели историчарот Фос.

– Проблемот е создаден вештачки, во таа смисла што за Грците името Македонија не игра никаква улога. Министерството за Северна Грција се нарекуваше министерство за Северна Грција и дури по конфликтот со Република  Македонија настанат во 91-та година, Грците почнаа да го величаат Александар Велики и неговото наследство, ѕвездата од Вергина и пред се името на Македонија, кое толку многу национално го експлоатираа. Така го нарекоа новиот универзиотет во Солун, аеродромот го преименува, а Александар се појави на сите монети од 100 драхми. Значи на почетокот на 90-тите години Македонија стана многу важна за Грците, а на денешните политичари им паѓа тешко да застанат пред микрофоните и да речат: „Направивме грешки. За нас е важно да имаме добри и стабилни односи кон соседот.“ Во тоа јас гледам голем проблем, затоа што ниту партијата Пасок ниту Нова Демократија, што сега е на власт, не се подготвени да ја согледаат реалноста и да ги признаат грешките“.

Клаудија Лутовска
Клаудија Лутовска –

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top