Фељтон

Македонија од 1912 до 1941 година (трет дел)

neosporen_fakt

За јакнење на патриотските чувства, на Македонците им било наредено да ги бојадисуваат куќите во грчките национални бои, ѕидовите во бело, а прозорците и вратите во сино, а на секој празник да го истакнуваат грчкото знаме.

“Порано, кога во денешна Македонија под грчка власт царуваа бандитите, андартите и комитите, за да го спасат својот живот, селаните секојдневно беа присилени да го менуваат убедувањето. На комитите им се претставуваа како Бугари, на андартите како Грци. Денес се принудени секој час да декларираат автентичност на грчки чувства. Инаку, камшикот кој никогаш не е демобилизиран стапува во акција”, пишува весникот на грчките комунисти “Ризоспастис” за пеколот што го преживувале Македонците.

Најжестокиот терор и најразновидните анационални и асимилаторски мерки против македонскиот народ во егејскиот дел на Македонија биле спроведувани во периодот на диктатурата на Метаксас (1936 – 15. април 1941 година). Уште во почетокот на Метаксасовата диктатура бил донесен и спроведуван специјалниот закон со кој најстрого се казнувала употребата на македонскиот јазик. Во врска со ова го наведуваме следниот документ: „Повик. Јавниот обвинител на селото Като Идруса, врз основа на членот 143-145 од Кривичниот закон го повикувал Григориос Јован Митрос, жител на селото Полипотомос, лично да се јави во судската сала на овој суд на 15. мај 1935 година, понеделник во 9 часот претпладне да му се суди затоа што на 19. февруари оваа година бил фатен да говори со друго лице на словенски јазик – за кршење на членот 697 на Кривичниот закон, а во врска со Упатството на полицијата бр. 15-36. Ако истиот не се јави ќе му се суди во отсутност. Село Полипотомос, 24. ИВ 1939 година. Потпишано од јавниот обвинител.“ Во случајот се водела судска постапка четири години по сознанието дека некој Македонец говорел на својот мајчин македонски јазик.

Во случај осудениот Македонец или Македонка да не можеле да ја платат казната заради тоа што говореле на својот мајчин јазик, биле водени во затвор и ја губеле слободата се додека не ја платиле казната. Мошне честа појава била грчката полиција и жандармерија и во ноќно време да прислушуваат пресвлечени во цивилни одела, дали некој од Македонците говори на својот македонски јазик. Оние што биле фатени да говорат македонски јазик биле присилувани да испијат 300 грама рицинус, а потоа биле мачени. Оние што преживувале биле испраќани во интернација на пустите безводни острови по Егејското Море.

Покрај силниот терор против говорењето на македонскиот јазик, грчката влада отворала ноќни училишта по сите градови и села кои морале да ги посетуваат сите Македонци, жени и мажи од 14, па до 100 години возраст. Од ова не биле ослободени ни мајките доилки. Во овие училишта се учеле грчката историја и географија. Особено се популаризирала големогрчката идеја дека Македонците отсекогаш биле Грци. Оние што не го посетувале грчкото ноќно училиште биле казнувани, прогонувани и интернирани. Во врска со тоа, англискиот новинар Милд В. кој патувал по Македонија во 1928 година пишува: „Грците ги прогонуваат не само живите Словени, кои еднаш ги нарекуваат „Бугарофони“, а друг пат „Славофони“, туку и сите мртви Словени(Македонци) чии гробови се растурени по цела Македонија. Тие дури ни во гробовите не им даваат мир. Ги бришат македонските  написи на крстовите, им ги вадат коските од гробовите и ги запалуваат.“ Во статистиката „Лес Цахиерс де Дроитс Лчхомме“ бр. 24-25 од 3. ноември 1927 година на страните од 501 до 502 се дава преглед на злосторствата извршени во егејскиот дел на Македонија од јануари 1919 до 1 јануари 1926 година. Според таа статистика во тој период биле извршени следните злосторства: убиства – 104, силувања – 95 од кои 26 врз девојчиња под 14 години, пожари – 17, ограбени и протерани семејства – 1.165, направена штета од 1.653.000 драхми и 6.450 турски лири, односно 148.000 златни франци.

Покрај теророт што го спроведувале полицијата, војската и останатите органи на власта врз македонското население, застрашувачки влијаеле и изјавите на одделни раководни политичари, но и написите, особено во државните информативни гласила. На пример, грчкиот неделен републикански весник „Елефтерос“ од 28 јануари 1946 година објавил статија под наслов „Да си одат ”Славо”- македонците од нашата Македонија – нека си заминат каде сакаат“, понатаму пишува: „Но, „Славо”-македонците постојат, според нашето мислење нивниот број е мал, според мислењето на Белград е голем, уште поголем е според бугарската пропаганда. Тие лошо направиле што останале во Грција, бидејќи им беше пружена прилика да си отидат и да живеат со своите „сонародници“ и со оние со кои говорат на ист јазик. Голем или мал број, без разлика, тоа е еден повод за создавање проблеми меѓу Грците, Југословените и Бугарите. Треба да исчезнат оттука, ако нашите соседи сакаат да живееме сите во слога, ”Славо”-македонците треба да се иселат веднаш и задолжително во која било соседна држава, во Бугарија или во Југославија. Тесна им е и тесна ќе им биде грчката земја. Кај своите, „сонародници“ време е да изберат дали се Бугари или Југословени – подобро ќе живеат и ќе се смират кога веќе „протестираат и кога својот живот во Грција го сметаат за пеколен“.

Атинскиот весник „Етнос“ на 22 јануари 1947 година објавил една статија на народниот пратеник за Костур и Лерин Периклес Хиадис под наслов „Грција и ”Славо”-македонците“ во кој пишува: „Во грчка Македонија нема повеќе место за Грците и Македонците заедно… Преголеми маки претрпеле грчкиот народ на Македонија од овие змии и чудовишта…“. Генералштабот на грчката армија побарал од Филипос Драгумис, во интерес на внатрешните и на меѓународните интереси на грчката држава, да најде име за да го прекрсти македонскиот јазик. Според дотогашните прописи, јазикот на Македонците во 1920 година се нарекуваше македонски, во 1928 година – македонско-словенски, и во 1940 година – словенски. Ова произлегува од еден историски документ, всушност доверлив Меморандум од дваесет отчукани страници од Филип Драгумис до Генералштабот на грчката војска, од 12 ноември 1948 година. Меморандумот се наоѓа во личната архива на Ф. Драгумис, во библиотеката „Генадиос“, во поддосието 104. 6, документ број 160 и со наслов „За пограничното бугарофонско население“.

ГРЧКИ ДОКУМЕНТИ ЈА ДЕМАНТИРААТ АТИНА

Грци се колнеле пред Библија дека верно ќе преведуваат од македонски

Македонскиот јазик ниту е измислен, ниту е коминтерновска творба заедно со македонската нација, како што тврдат Грците во својата агресивна пропаганда, докажуваат документи од почетокот на минатиот век. Еден од нив е и нотарскиот договор од 1915 година склучен во Лерин. Договорот на 6 март 1915 година бил попишан меѓу Македонецот Ставро Стојчев и Турчинот Алим Јузеир. Ни едниот ни другиот не го знаеле грчкиот јазик, кој бил воспоставен со грчкото администрирање на делот од Македонија што Грција го доби по договорот во Букурешт во 1913 година. Поради тоа, грчките власти во Лерин ангажирале преведувач што ги зборувал и македонскиот и турскиот јазик.
neosporen_fakt
Во нотарскиот акт пишува: „Пред мене, нотарот Василиу П. Кувела, во присуство на сведоци, грчки државјани кои ми се познати, здрави и неосудувани жители на Лерин, трговците Теодор Керамици и Христо Данаил, ми се јавија и се легитимираа Ставро Стојчев, земјоделец, жител на Опсирина, Околија Флорина и Алим Јузеир, жител на Флорина, земјоделец. Тие не го знаат грчкиот јазик. Првиот зборува македонски, вториот турски. Го повикавме преведувачот Наум Грива, трговец со тутун, кој се заколна пред Светото евангелие дека верно ќе врши превод од македонски и турски на грчки и обратно“.
neosporen_fakt_1
Во натамошниот текст се зборува за заемот што Стојчев му го дал на Јузеир од тогашни 4.530 драхми, односно 220 отомански лири. Документот е потпишан од сите присутни и завeрен со печат на нотарот и на грчката административна управа. Документот е оригинален, со неколку таксени марки што тогаш поединечно чинеле по 25 пари.

Овој документ со години го чуваат наследници на Ставро Стојчев. Тие документот му го отстапиле на Петре Наковски, поранешен македонски амбасадор во Полска, кој подолго време истражува и пишува за македонските бегалци од Егејска Македонија, а наскоро во издание на Архивот на Македонија ќе ја промовира и книгата „Македонските бегалци во Полска 1948-1975 година“.

Овој е само еден од многуте документи во кој се побиваат грчките и бугарските тврдења дека македонскиот јазик и нација се измислени и дека се формирани со одлука на Јосип Броз Тито и Коминтерната.

Од
Академик Катарџиев
во книгата „Македонија во 20 век“
издадена од „Култура“

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top