Фељтон

Името има корени (2)

Herodotus-World-Map

Herodotus-World-Map
“Теоријата за инвазијата на Дорците (заснована врз пишувањата на Херодот 9.26 и наследена од Тукидид 1.12) во најголем дел претставува измислица на историографијата од 19 век и истата не е поткрепена со никаков археолошки или лингвистички податок…Археолошки гледано Дорците се невидливи.

Северна Грција се уште треба да ни понуди макар  и најобичен артефакт што треба  да биде поврзан со Дорците…Не постои никаков доказ за оваа т.н. дорска миграција во централна и западна  Македонија и во североисточна Тесалија…Не постои археолошки запис за движењето на Дорците, а митските аргументи во најголема мера се претпоставки, засновани врз фолклорни традиции за тоа дека Дорците потекнувале од северозападна Грција. Дури и доколку последново е вистина, врската помеѓу оригиналната татковина на Дорците и добро познатиот дорски дијалект од подоцнежните времиња не е јасна. Сигурно дека сите “дорски Грци ’’од Класичниот период не можеле да бидат потомци на расеаните племиња од северозападните грчки планини. 

Тоа што подоцна биле наречени Дорци не е доказ за нивното дорско потекло во етничка смисла. И Грците од 19 век имале обичај себеси да се декларираат како Ромеи, а својата земја како Румелија,како доказ за нивното римско наследство,наспроти современиот грчки јазик со словенски примеси’’. 
Borza Eugen: “In the Shadow of Olimpus, The Emergence of Macedon”, Princeton University Press ,New Jersey,USA,1990 …стр.65,67 и 68. 

Истото ова го тврди и Чадвик Џон,(Chadwick John “Who were Dorians?”Cambridge, 1976), како и други историчари…’’. 

Дали Дорците живееле на територијата на Епир? 

Одговорот на ова прашање ќе го побараме во делото на Донски во кое тој го наведува напишаниот “Меморандум за античките граници на Грција” од страна на мајорот Ардаг ,за потребите на владата на Велика Британија, а во која детално се наведени племињата кои биле присутни на територијата на Епир.

Страбо: “Племињата кои живеат од Амбракискиот Залив кон исток и во продолжение  на Пелопонез, се грчки… Сите племиња  кои живеат од реката Стримон, па се до Понтскиот премин и Хемус, се тракиски, освен брегот, кој е населен со Грци… Десно од влезот на Амбракискиот Залив живеат Акарнијанците, кои се грчко племе. Лево од нив се наоѓа Никополис и таму живеат Касопејците, кои се епирско племе.” 
Но, да објасниме што значел “Советот на Амфиктионците”. Овој Совет (некаде опишан како “Лига”), бил создаден кон крајот на 7 век пред Христа. За да дадеме објаснување за неговото создавање и намена, ќе пренесеме цитат од светски познатата ЦД енциклопедија “Микрософт Енкарта” (1998 год. наслов Amphictyonic League), овде читаме:

“Амфиктионскиот Совет бил  заедница од античките грчки  племиња и бил создаден за  да го заштити храмот на  Деметар од Антела, во близина  на Термопилите. Подоцна оваа  заштита била пренесена и на храмот на Аполон во Делфи. На почетокот тоа била религиозна организација, но подоцна станала политички инструмент во интерес на нејзините најмоќни членови. Дванаесетте членови на овој Совет се среќавале еднаш во шест месеци во Делфи или на Термопилите.”

Значи, во овој Совет биле вклучени тогашните грчки племиња заради заедничка заштита од околните моќни  непријатели (Персија, а подоцна  и Македонија). И во него немало ниту едно епирско племе, што укажува на фактот дека ниту Епирците себеси се сметале за Грци, ниту пак тогашните Грци ги сметале Епирците за свои “сонародници”. 
Значаен е и фактот дека списоците на грчките племиња кои го сочинувале овој Совет ги дале тројца антички автори, независно еден од друг а тоа се Теопомп, Есхин и Павсанија. 
Теопомп од Хиос бил историчар, кој живеел во 4 век пред Христа.

Есхин бил познат оратор и тој  исто така живеел во 4 век пред Христа, што значи дека им бил современик на Филип Втори и на неговиот син Александар Велики Македонски. 
Павсанија, пак, бил историчар (роден во Лидија. денешна Турција живеел во 2 век по Христа) Во ‘Описот на Грција’ Павсанија дури не го ни спомнува Епир, како “грчка територија”,освен што алудира на приказната за Додона и Молосијанците ,a посветил особено внимание на опишувањето на аничките градови на “Грција” 
Значи, се работи за тројца големи антички авторитети кои (исто како и други пред и по нив) јасно тврделе дека Епирците не биле никакви Грци. 

Тукидид: Во Втората книга на Пелопонеската војна Тукидид дава список на државите кои учествувале од двете завојувани страни. Тие се: 
На страната на Лакадемонците (Спартанците, з.м.)се бореле сите племиња од Пелопонез со исклучок на Аргивите и Ахајците, потоа Магреанците, Локријанците, 
Беотијците, Фокијците, Амбракиотите, Левкадијанците и Анакторијанците. 
На страната на Атињаните се бореле: Кијанците, Лезбијанците, Платеанците, Месенијанците од Наупкат, повеќето од Акарнијанците, Коркиреанците, Закинтијанците и уште неколку острови и колонии.

Во продолжение Тукидид вели: Амфипол, синот на Амфиарвас, го основал  Аргос во Амфилохија на Амбракискиот Залив, непосредно по завршувањето на Тројанската војна. Многу генерации  подоцна, населението во градот станало доминантно над Амбракијанците,кои граничеле со Амфилохија и со нив станале еден народ. Тие им го наметнале јазикот, кој сега го зборуваат, т.е. грчкиот јазик, но остатокот од Амфилохијанците се уште се барбари. (Ова било напишано околу 420 година пред Христа). Натаму, опишувајќи ги силите под Кнемус Лакадемонецот (Спартанецот, з.м.) тој ги спомнува следните негови сојузници, кои биле барбари: Каонијанците, Теспротијанците, Молосијанците, Антитенијанците, Паравенците, Орестите (сите жители на Епир). Тие биле поразени кај Стратос во Акарнанија во 429 година пред Христа”.

И овде гледаме дека историчарот  Тукидид (5 век пред Христа) ги нарекува “барбари” (луѓе кои не зборувале  грчки) племињата кои живееле  во Епир. Меѓу нив го спомнува и македонското племе Орести. 

Ќе наведеме и цитат од книгата “Историја на Грција”, објавена во Велика Британија во 1851 година, каде во врска со етничкиот состав на Епир во антиката, читаме: 
“Територијата што и припаѓала на Елада (или продолжената Хелада, ако ги употребиме зборовите на Скилакс и Дикеарх) се сметала дека почнува од Амбракискиот Залив. Оттаму на ceвep до Акрокераунското испакнување лежи земјата која Грците ја викаат Епир и која е населена со Хаонците, Молосијаните и Теспротијаните, кои се детерминирани како Епирци и за кои се смета дека не припаѓаат кон грчката целина”. (“History of Greece” by George Gerote, Vol. II, third edition, London, John Murray, Albemarle Street, 1851, стр. 282)…’’.

Од овој извадок гледаме дека Страбо јасно ги одделува Грците од Епирците.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top