Фељтон

Поделбата на Македонија и нејзините правни последици (1)

Правната положба на анкетираните делови на Македонија

Мировната конференција во Париз (1919) во определувањето во определувањето на положбата на Македонија по завршувањето на Првата светска војна, ја санкционира нејзината поделба извршена со Букурешкиот мировен договор од 1913 година, тргнувајќи од следните историско-политички правни поставки;

Прво. Мировната конференција одби да ја прифати внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) како легитимен преставник на македонскиот народ со право да учествува во преговорите при определување на идниот државноправен статус на Македонија.

Делегатот на ВМРО кој беше снабден со редовно полномошно побара можност да се престави на Конференцијата и да ги “изнесе – како што се вели во мполномошното – желбите на македонскиот народ”. Меѓутоа, Конференцијата го одби ова барање и со тоа македонскиот народ остана на неа без свој преставник.

Со ова одбивање, Мировната конференција застана на становиште дека меѓународно-правен субјективитет се признава само на држави, а не и на револуционерни организации кои се борат за слободата на својот народ. Ваквото становиште придонесе интересите на македонскиот народ да бидат интерпретирани на начин како што тоа им одговараше на државите кои веќе завладеале делови од македонската територија и настојуваа истите да ги задржат под свој суверенитет.

Второ. Одредбите на парискиот мировен договор и другите пропратни договори – најтешки последици имаа врз самата егзистенција на македонската нација и во тој контекст врз остварувањето на правото на македонскиот народ на самоопределување. Париската мировна конференција одби да го прифати постоењето на македонската национална индивидуалност и во тој контекст правото на македонскиот народ на сопствена држава.

Мировните договори беа во прилог на владите на балканските држави, кои во анкетираните делови на Македонија непречено го спроведуваат процесот на денационализација на македонскиот народ. Се сметаше дека ваква разделена нација потешко ќе може да ја оствари својата консолидација во борбата за национално ослободување. Со подведување на нацијата под три различно политичко-правни режими кои во основа тргнуваат од единственото гледиште да не се прифати македонскиот национален етникум, балканската буржуазија сметаше дека со тоа поефикасно ќе го спречи опстојувањето на македонската национална свест кај широките народни маси.

Трето. Акцептирајќи ги овие поставки, Париската конференција не се впушти да решава за тоа на Македонците во анкетираните делови да им се признае статусот на македонското национално малцинство. Прашањето за статусот на националните малцинства во одделните земји, Конференцијата го достави да се решава со посебни меѓународни договори, кои содржат основни начела за определување на националните малцинства во одделните земји. (победниците во оваа војна и нивните сојузници во војната: Грција, Романија и Кралството СХС, потпишаа нировен договор со победените држави: Австроунгарија, Бугарија и Турција со кои се регулира статусот на националните малцинства. Меѓу тие акти спаѓа Нејскиот и Сенжерменскиот договор склучен на 10.ХII 1919 година кои содржат исти текстови за правата на националните малцинства. Во нив содржани основните начела за статусот на националните малцинства во поодделните земји на кои се однесуваат овие акти. Земјите потписнички, кои им гарантираа одредени права на националните малцинства, се задолжуваат дека во своите закони, уредби и други подзаконски акти и општи официјални политички акции нема да допуштат истите да им противречат на основните законски начела утврдени во меѓународните договори.) Меѓутоа во овие договори не било изрично речено кои се тоа народносни групи кои потпаѓаат под режимот на националните малцинства бидејќи на самите држави потписници на договорите им било оставено, тие со свои и внатрешно законодавни акти, да одредат на кои народносни групи им припаѓа статус на национално малцинство. Овие држави исто така, со своите акти го определуваат етничкиот идентитет на народносните групи. Тргнувајќи од овие начела содржани во меѓународните договори, балканските држави на Македонците не им признаа статус на национално малцинство. Со тоа се создаде правна основа за непречено спроведување политика на национално угнетување и присилна асимилација врз македонскиот народ во целина.

Јонче Манојлов
преземено од повеќе литератури за Македонската држава

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top