Фељтон

Поделбата на Македонија и нејзините правни последици (4)

Преземено од повеќе литератури за Македонската држава

Мешовитата комисија во 1922 година донесува посебен акт, тнр. План за плаќање, кој е ратифициран од двете влади, со некои модификации извршени во 1923 односно 1924 година. Со овој акт се регулира начинот на давање надоместок на недвижните имоти на емигрантите кои во врска со Конвенцијата треба да ја напуштат својата земја. Паричниот надомест според овој акт го вршат владите потписнички на конвенцијата.

Начинот на плаќање на облигациите (предвиден во срок од 12 год.) довело до тоа, бегалците истите да ги продаваат но не според нивната номинална вредност, туку за 50-60% од нивната вредност. Кога пак Бугарската народна банка донела одлука дека ќе дава срочен заем при залог на облигации во размер 50% а подоцна и со 40% од нивната номинална вредност, со тоа бегалците биле повеќекатно оштетени. Ваквиот режим на исплата на облигациите бил уште повеќе усложнет бидејќи бегалците истите ги добивале со задоцнување од повеќе години. (протесни писма од страна на македонските бегалци, објавени во весникот “Македонија”)

Меѓутоа, иако според Конвенцијата плаќањето требало да се врши во готов износ, согласно Планот за плаќање сопствениците на ликвидираните имоти добивале само 10% од вредноста на ликвидираниот имот во готов износ, а остатокот т.е. 90% во облигации емитирани во Бугарија. И оваа сума бегалците не ја добивале редовно што предизвикало нови протести. За да се отстрани оваа нередовност во исплаќањето во септември 1927 година бил склучен посебен договор меѓу грчката и бугарската влада во Женева. (Според овој договор облигациите биле со 6% камата, додека бегалците за земениот заем од приватни лица плаќале камата и до 20%. Бидејќи поради неисплаќање на утврдениот износ бегалците биле принудени да склучуваат договор за заем кај приватните лица, со тоа нивните долгови толку пораснале што ја проголтале и нивната главнина).

Финансискиот договор од 09. ХII 1927 година и други слични договори меѓу преставниците на грчката и бугарската влада доведувале до нови тешки материјални оштетувања врз примањата кои бегалците требало да ги остварат врз основа на добиените облигации од ликвидираните имоти во Грција. Прво, со новите договори, рокот за амортизирање на облигациите се продолжил на 30 години (наместо на 12 години како што беше тоа предвидено со Конвенцијата). Ваквата одредба од договорот довела до паѓање на цените на облигациите и со тоа природно, биле оштетени бегалците. Второ, при конпензациите и пребивањето на долговите меѓу Бугарија и Грција се покажало дека Грција е должник на Бугарија. Меѓутоа Грција приговорила на изнесената сума од разликата, надевајќи се дека бугарската народна банка плаќала 60% од номиналната вредност на облигациите и барала врз тој износ да се пресметува разликата, во плаќањето на должната сума на Бугарија. Трето, со посебен договор меѓу Бугарија и Грција се предвидувало долгот што Грција требало да го плати а кој произлегувал од ликвидираниот имот на бегалците Македонци од Егејска Македонија, да се пресмета во репарациите што Бугарија била должна да ги плаќа на Грција.

Со ова не се исцрпува прегледот на состојбата од економското искористување што било систематски спроведувано врз македонските бегалци-емигранти во врска со ликвидирањето на нивните имоти во Егејскиот дел на Македонија.

Еден не мал дел на македонски бегалци бил населен во Пиринска Македонија. Нивниот број се движи до 6.259 семејства. Населувањето на македонските бегалци и во овој дел бил проследен со бројни тешкотии и економско искористување на бегалците.

Статистичките податоци околу распаѓањето со земјишниот фонд и згради кои останале по Балканските војни (1912/13), зборуваат за тоа дека бугарската влада можела да обезбеди потребен минимум за настанување на македонските бегалци доколку овој фонд бил сочуван како државна сопственост. (Во 1929 година имотите на оние муслимани кои се иселиле од Пиринска Македонија изнесувале 3.607 куќи, 285.821 декара ливади, лозја и сл.и 1224 декара гори и пасишта). Меѓутоа земјиштето и зградите, сопстваност на иселените Турци кои живееле порано во овој крај, биле распродадени уште во текот на самата војна а како купци се јавувале луѓе кои во тоа гледале можност за сопствано збогатување. (Бугарската влада во декември 1912 и подоцна 1915 година донела акт со кој се објавува дека не се признаваат купопродажбите извршени во овие години.Меѓутоа тоа останало без секаков резултат, бидејќи најголем дел од постојаните површини, бивша сопственост на муслиманите, биле користени од оние кои имале полномошно од бившите сопственици на овие имоти).

Продажбата на имотите од страна на муслиманите кои се иселиле во Турција или давањето на истите со полномошно на управување на тамошните жители, спречило со истите да располагаат комисиите за настанување на бегалците. Доколку некои од имотите биле доделени, се јавувале безброј граѓанскоправни спорови и се спздавало правна несигурност.

Законот за уредување на недвижната сопственост во новите земји, од 1921 година, не придонел овие имоти да минат во сопственост на македонските бегалци односно да бидат отстапени под одредени услови на оние Македонци од Пиринскиот дел на Македонија кои немале доволно земја за обработка. Некои одредби од законот допуштале овие бес сопственички имоти да бидат предмет на продажба од страна на бившите сопственици или од нивни ополомоштени лица снабдени со уредни полномоштва и со документација за сопственост на земјата. На овој начин изостанала можноста преку експропријација овие напуштени имоти да им се отстапат под одредени услови на македонските бегалци.

Во предвидениот рок за иселување, бројот на декларации за иселување од Грција во Бугарија поднесени од страна на Македонците бил сосема незначителен. Бидејќи владите потписници на конвенцијата биле заинтересирани за успешно остварување на иселувањето на Македонците од Егејскиот дел на Македонија постигнале спогодба рокот предвиден во конвенцијата да се продолжи до 15. Х 1923 година. Отпорот на Македонците и потоа продолжува, така што доброволно ретко се пријавувале за иселување поради што, рековме биле и потоа пролонгирани до 31. ХII 1924 година и потоа, кога и овие рокови не дале никакви резултати, продолжено е до 15 ХII 1926 година.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top