Фељтон

Поделбата на Македонија и нејзините правни последици (6)

Империјалистишките  стремежи на владите на балканските  држави да загосподарат со Македонија, прифатени во Парискиот мировен  договор, имаа посебен одраз и  на процесот на консолидирањето на македонската нација и на признавањето на нејзиниот субјективитет. Имено, нејзиниот развој уште еднаш беше пресечен  со анкетирањето на трите дела од Македонија во соседните балкански држави.

Со  поделбата на Македонија се изврши задушување на секоја појава на македонската национална свест во широките маси на македонскиот народ на кои им е одземено правото да се именуваат како Македонци. Владејачките режими на балканските држави во сите три дела на поделена Македонија заведоа режим на денационализација, применувајќи различни методи на присилна асимилација (забрана на употреба на мајчиниот јазик, колонизација, спроведување на посебни мерки на аграрна реформа, користење за таа цел на системот на школството и сл.). Во ова владите на балканските држави наоѓаа сопствен и заеднички интерес: дефинитивно да се задуши секоја национална појава на македонската национална идеја и со тоа да се олесни асимилацијата на македонскиот народ.

Наспроти  овие мерки, владите на балканските  држави потпишаа конвенција за заштита на националните малцинства во анкетираните делови од македонската територија, со што признаа дека во нив живее посебен народ со свој национален персоналитет.

На  ова прашање се изразија најтешките последици од парискиот мировен  договор во чии одредби не се определи македонското национално малцинство, бидејќи на македонскиот народ му се одзеде правото на самоопределување. Со ова потписниците на мировниот договор воведоа меѓународно-правна практика која ја доведе Македонија во парадоксална ситуација: таа да биде преставувана од страна на оние кои ја поробија. Со тоа завојувачите се здобија со правото тие да го преставуваат македонскиот народ како дел од својот народ, и истовремено преку потпишување на конвенции за “доброволна” размена на  “своето” население, всушност да вршат негово искоренување.

Штетните  последици на мировните договори се одразија и меѓу односите на самите влади на балканските држави. Нивната  завојувачка политика спрема Македонија создаде сериозни проблеми и меѓу нив самите. Со определување на границите во мировните договори, кои ја санкционираа поделбата на Македонија од 1913, ниедна од нив небеше задоволна со делот што и припадна. Тие постојано истакнуваа аспирации и врз другите делови. Бугарија како страна која ја загуби војната, мораше привремено да ги прикрива своите аспирации врз другите делови на Македонија, но секогаш изразуваше претензии врз истите. (Кон крајот на 1924 година југословенската влада го активира прашањето за СОЛУН и го откажува сојузот со Грција од 1913 година. Се појавија и спорови околу признавање на “интелектуална пенетрација” помеѓу Грција и Југославија од страна на Бугарија. Сите овие спорни прашања се решавани со потпишување на југословенско-грчката конвенција, Солунската конвенција и пактот за пријателство и арбитража од 17 август 1926 година. Во се ова значајно влијание имаше француската влада која и укажуваше на грчката влада на опасноста на склучување на југословенска – бугарска спогодба, која би била постигната за сметка на Грција. Со ова се мислело на можноста Југославија во заедница со Бугарија, еден ден да реши да го припои Солун).

И големите вонбалкански сили различно се однесуваа спрема определениот статус на Македонија со мировните договори. Во зависност од политичката констелација во Европа и целите кои тие ги имаа на Балканот, меѓу нив се јавуваа различни интереси кои беа спротивни едни на други. Тие го користеа нерешеното прашање со Македонија и го подржуваа разединувањето помеѓу балканските држави користејќи ги нивните различни интереси и незадоволства од меѓусебната поделба на Македонија.

Сложеното македонско национално прашање со одредбите на Мировниот договор во Париз уште повеќе се усложни, бидејќи тие придонесоа Македонија пофторно да стане арена на меѓусебни конфликти помеѓу балканските држави. Тие преземаа бројни политички акции и дипломатски аранжмани насочени кон остварување на нови аспирации и нови завојувања на веќе поделената македонска територија. (Така на пример, потпишувањето на пактот Пашиќ-Мусолини (16. I 1924 г.) дојде со цел југословенската влада да го отстрани италијанското влијание врз сепаратистичките движења во Југославија и посебно врз иредентистичките движења во земјите соседи на Југославија. Се сметаше дека со пактот југословенската влада ќе стави крај на надежите на оние сили што сакаат промени на постојните граници).

Во  ваквите услови се јавуваат општествените сили од средината на македонскиот народ кои врз основа на традициите, од револуционерните борби од периодот на отоманското владеење преземаат организациони и политички акции да создадат национално ослободително движење врз нови идејно-политички основи во борба против новото поробување во кое е доведен македонскиот народ со Мировниот договор. Во ова национално движење хегемоната улога во борбата на македонскиот народ за извојување своја национална и социјална слобода и за конструирање на својата држава ја презеде работничката класа. Се побараа нови патишта и правци во остварувањето на правото на македонскиот народ на самоопределување преку организирана дејност на ВМРО (обединета) која ги преставува автентичните интереси на македонскиот народ. Со својата политичка платформа ова национално движење се потпира во својата борба на прогресивните сили во одделните и посебно на комунистичките партии со што настанува нова етапа во револуционерната борба на македонскиот народ во периодот помеѓу двете светски војни.

Јонче  Манојлов
Преземено од повеќе литератури за Македонската држава

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top