Коментари

Среќен роденден ВМРО ДПМНЕ!

Клаудија Лутовска

klaudija
Клаудија Лутовска

Во оваа сторија  има многу што да се кажува, да се прекажува и памети, зошто ова е наше минато, наша сегашност, наша иднина. Читајќи ја Македонската историја морам да признаам дека кога се дозна дека ги зеде некој тие четири свети букви ВМРО и ги стави на партија многумина Македонци си поставија прашање, смее ли некој тоа да го направи? и кој може тоа да го направи? Но има некоја магија, некој аманет во тоа да се викаш ВМРО, да се идентификуваш како ВМРО, да ти почнуваат утрата и завршува денот вложувајќи во ВМРО. Тоа е влог за Македонија.

Во 1990 година се случи ренесанса за Македонија. А еве сега прослава на тоа што тогаш се случи, а се случи ВМРО ДПМНЕ. Многу успеси и падови, надежи и разочарувања во денешната дваесетгодишна приказна на ВМРО-ДПМНЕ. Период во кој најголемата и највлијателна партија во десницата мина низ многубројни премрежиња и преживеа крупни трансформации. Настаните оставија длабоки траги не само во ВМРО-ДПМНЕ, туку имаа големо влијание и врз целата домашна политичка сцена.  

Во 20-годишната сторија на ВМРО-ДПМНЕ се испреплетени многу лични приказни.

Кога ја гледав прославата се прашував каде ли се оние од  1990та ? Ги нема починатите: Драган, Кљусев, Мијалков, Врапчето,…Како и секогаш и во 1990 г. имаше некои кои знаеја како да се поведе народот но, имаше и некои со нечесни намери кон својата земја и народ. На прославата видов многу од оние кои на 17 Јуни 1990 година ги удрија темелите на партијата, со еуфоричен занес ги полнеа плоштадите и ветуваа нова, поинаква и просперитетна независна Македонија.

Многу важни датуми за ВМРО ДПМНЕ се Берлинскиот – Минхенскиот состанок, оснивачкото сообрание и секако на родоначалниците на партијата: Драган, Борис, Љубчо, Владо, Гојко, Мане, Дијана, Стево,…

Збиднувањата во Берлин- Германија и во Европа и многу Македонски патриоти на многубројни случувања поврзани со почетоците на заживувањето на ВМРО-ДПМНЕ ќе останат запишани во историјата на Македонија, а Берлин како град пријател, но и како град „херој“ за скоро сите настани поврзани со Македонија во  Европа и пошироко во тие години. 

Во јуни 1990 година Македонскиот Ресторан „Ново Скопје“во Берлин, има голем влог во формирањето на оваа партија. Од тамо исто така, се одржуваа долгогодишните врски и пријателски односи со Драган Богдановски – идеолошкиот татко и автор на првата и единствена вистинска политичка програма на ВМРО-ДПМНЕ.

И така на Македонија и е судена ВМРО, на Македонците  им стана судбина ВМРО и како по аманет, ВМРО ја води секогаш моќен  Македонец.

Ако престане да биде ,,Македонец“- тој престанува да биде и ВМРО или обратно.

Уште една цврста гранка, здрав корен, е на врвот на ВМРО. 

Никола Груевски е  прво Македонец, а потоа лидер  на партија, Премиер на државата, но и чесен и достоен граѓанин на денешна Македонија, за која тој цврсто стои на земјата и лавовски се бори и ја води Македонија.  

А Македонија не е  само тука, таа дише со секој Македонец  по планетата земја.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top