Фељтон

Кратка историја на Древна Македонија (2)

Македонија била населена уште од најраните времиња. Најстариот познат жител (човек) на Балканскиот Полуостров е пронајден во Македонија. Имено, во 1960 година на Света Гора (на македонскиот полуостров Халкидик) бил откриен череп (најваројатно од жена) за кој се смета дека припаѓал на неан дреталец. Черепот бил најден во пештера близу местото Петралона, поради што бил наречен арцхантропос петралониенсис. Се смета дека е стар дури 270.000 години. Во истата пештера биле откриени наоди од човекови активности стари барем половина милион години! (Kokkoros and Kanellis: ‘Decouverte d’un crane d’homme paleolithique dans la peninsule chalcidique’, L’Antropologie 64, 1960).

Во Македонија е пронајдено и најстарото палеолитско орудие. Се работи за примитивна камена рачна секира.

Знаци на организиран живот на територијата на денешна Македонија се среќаваат уште во постариот неолит. Главна карактеристика на тоа време е развитокот на домашната преработка, особено на грнчарството.

Во Македонија е пронајдена и најраната досега откриена неолитска населба. Тоа е населбата откриена неколку километри северно од Бер. Оваа населба е датирана помеѓу 6300 до 5300 година пред Христа. Куќите во оваа населба имале повеќе соби, а некои од нив имале и тераси. Во секоја куќа имало огниште, складиште за храна, како и централно светилиште. Во населбата била најдена претстава на женска фигура, како и цртежи на жаби, кози, диви свињи и бикови.

Од времето на неолитот (5000-4000 пред Христа) близу македонскиот град Кожани била пронајдена уште една неолитска населба со куќи, чии ѕидови биле измачкани со кал. Таваните биле потпрени на столбови и биле измачкани со смола. Веќе во доцниот неолит (4000-2800 пред Христа) западните и централните делови на Македонија биле значително населени.

Во Бронзовата епоха на тлото на јужна Македонија е забележана појавата на локалната Арменохори група. Во фазите од Железната епоха продолжува развитокот на културата, што довело до тоа, Македонија многу рано да го доживее преминот од протоисторискиот во историскиот период.

Грчкиот археолог Андроникос своите најрани наоди во Вергина (Кутлеш) ги датира од 12 век пред Христа. Истото мислење го дели и Хамонд, кој смета дека првиот организиран живот во оваа населба потекнува од 1180 – 1100 година пред Христа. (Н.Г.Л. Хаммонд, Хисторѕ оф Мацедониа И, Оџфорд, 1976, стр. 385,390,407,409,420).

И најголемиот старозаветен пророк Мојсие напишал нешто што несомнено се однесува на дамнешен организиран живот во Македонија (која, како што е познато, во Стариот Завет е означена со името ‘Китим’). Во своето дело ‘Броеви’ (24:24) Мојсие запишал:

‘Поморски народи се собираат од север. А бродовите од страна на Китим го покоруваат Асур, го покоруваат Евер, па и него ќе го стигне вечна гибел.’

Спомнувањето на ‘бродовите од страна на Китим’ може да значи дека Мојсие оставил сведоштво за постоење на Македонска флота. И нема ништо чудно во сето ова, до колку не се знае дека Мојсие ова го напишал некаде помеѓу 15 и 13 век пред Христа!

Сето ова значи дека можеме да кажеме дека Македонија имала свое организирано домородно население со длабоки корени во најдалечното минато.

Сепак, досега потврдените историски извори ни зборуваат дека првиот идентификуван владетел на Македонија бил македонскиот крал Пердика. Тој живеел во 7 век пред Христа. Неговите претходници Каран, Коин и Тирима спаѓаат во сферата помеѓу историската вистина и преданијата.

Од мала и сиромашна држава, Македонија, за кратко време се воздигнала во самиот врв на тогашниот свет. Главно население во неа биле Македонците, кои денес во науката се познати како древни Македонци. Древните Македонци биле засебен народ. Тие зборувале на сопствен македонски јазик, имале сопствена култура и сопствена религија. Како народ, древните Македонци биле создадени како резултат на сложените етногенетски процеси низ кои поминале претходно населените домородни племиња на територијата на Македонија (подетално за засебноста на древните Македонци види во: Кои биле древните Македонци? и другите поглавија).

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top