Фељтон

За посебноста на древно-македонскиот јазик (6)

drevno-makedonsko-pismo

За древните Македонци се знае дека зборувале на сопствен македонски јазик. За овој факт постојат повеќе сведоштва од древните историчари. Овде ќе спомнеме само некои од нив.

drevno-makedonsko-pismoДревниот грчки историчар Плутарх (Plutarch), опишувајќи една расправија помеѓу Александар Македонски и еден негов пријател, во својата биографија за Александар Македонски во 53-та глава, запишал дека Александар: ‘скокнал на нозе и почнал на македонски да ги довикува своите штитоносци.’

Плутарх и на други места пишувал за македонскиот јазик. Така, на пример, во биографијата за Марко Антоние (Marc Anthony), тој пишува дека припадниците на династијата на Македонците Птолемеи (наследници на александровиот генерал Птолемеј, кој подоцна останал да владее со Египет) зборувале на македонски јазик, иако некои од нив го запоставувале овој јазик за да можат да се разберат со своите не-македонски поданици во Египет. (Овој цитат од Плутарх види го во: Најпознати етнички Македонци, кои оставиле свој придонес во светската историја).

Дека древните Македонци зборувале на засебен македонски јазик сведочи и латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф (Quintus Curtius Rufus).

Позната е случката кога било судењето на Македонецот Филота (Philotas), кој подготвувал заговор за убиство на Александар Македонски (Q.C.Rufus, ‘De Rebus Gestis Alexandri Macedonis’,VI, 10). Заговорот бил откриен и Филота (Пхилотас) бил јавно испрашуван лично од страна на Александар.

Квинтиј Куртиј Руф (Quintus Curtius Rufus), опишувајќи ја оваа случка, сосема јасно запишал дека Македонците зборувале на засебен јазик. Тој дури цитира и изјава на самиот Александар Македонски, во која, тој обрнувајќи им се на Македонците во прво лице множина, го споменува (цитат): ‘мајчиниот’ и ‘нашиот јазик’. Александар му се обрнал на Филота со зборовите:

‘Сега тебе ќе ти судат Македонците. Те прашувам: дали ќе им се обратиш на мајчиниот јазик?’

Филота одговорил одречно, со образложение дека, освен Македонци, имало присутни и припадници од други народи. На тоа, Александар им рекол на присутните Македонци:

‘Еве, гледате ли? До таму ли дошол Филота, та да се гнаси од мајчиниот јазик?…Но, нека зборува како што сака, а вие спомнете си дека тој подеднакво се отуѓил и од нашите обичаи и од нашиот јазик.’ (Quintus Curtius Rufus: Историја на Александар Македонски, во превод на д-р Љубинка Басотова, Патрија, Скопје, 1998, стр. 272).

Но, Филота не останал рамнодушен на овие обвинувања, па во својот одговор, рекол:

‘Мене ми се префрла што одбивам да зборувам на мајчиниот јазик и дека сум се грозел од обичаите на Македонците. Значи така јас му се заканувам на кралството, што го презирам? Но, уште порано, оној родниот јазик, беше напуштен во општењето со другите народи, па така и победниците и победените требаше да учат еден туѓ, странски јазик.’ (Исто, стр. 274).

Сепак, во обвинувањата против Филота се вмешал војсководецот Болон (Bollon), кој, меѓу другото, го обвинил Филота дека (цитат): ‘…иако бил Македо-нец, не се срамувал, преку преведувач, да ги ислушува луѓето што зборувале на неговиот роден јазик’. (Исто, стр. 276).

И оваа случка е толку јасна во однос на постоењето на засебниот македонски јазик, што никаков коментар не е потребен. Исто така, од овој опис, гледаме дека, дел од Македонците, поради практични причини (поголема можност за
општење со другите народи и сл.) го користеле и туѓиот грчки јазик (кој овде е опишан како ‘туѓ, странски јазик’), иако меѓу себе и натаму си зборувале на мајчиниот македонски јазик.

Дека древниот македонски јазик бил сосема различен од грчкиот ќе спомнеме уште едно древно сведоштво. Се работи за еден пронајден фрагмент од папирус, за кој се сметало дека претставува дел од изгубеното дело под наслов ‘Историја на наследниците’ (“History of the successors”) од древниот грчки историчар Аријан (Arrian). На овој фрагмент од папирус (PSI XII.1284), спомната е една епизода од древно-македонската историја во која повторно јасно е потенцирана засебноста на македонскиот јазик. Овде читаме дека секретарот на Филип и на Александар Македонски, по име Евмен (цитат): ‘…испратил напред еден човек, по име Ксение, кој зборувал македонски…’ “…sending forth a man called Xennias who was Macedonian in speech)”… за да преговара со Македонската војска на Неоптоломеј. Овој настан се случил околу 321 година пред Христа. Всушност оригиналниот збор со кој Аријан (Arrian) го опишал Ксение (Xennias) бил зборот: ‘Македонисти’. Интересно е што ист ваков термин постои и во денешниот македонски јазик (иако можеби со малку поинакво значење).

Пишувајќи за овој документ, познатиот американски историчар д-р Борза пишува дека некои прогрчки автори (како на пример: Лидел, Скот и Џонс во нивниот Грчко-англиски речник Liddell-Scott-Jones in their “A Greek-English Lexicon”) се обиделе овој термин да го преведат како ‘човек кој зборувал на македонски начин’ (style of speaking) (отприлика нешто како ‘лаконскиот’ начин на зборување и сл.). Но, д-р Борза оправдано го критикува ваквиот нивни став и е дециден во врска со толкувањето на овој термин, па вели:

‘Контекстот на сцената опишана во овој фрагмент од папирус н# наведува да веруваме дека ова значело нешто повеќе отколку ‘начин на зборување’: Ксение, кој зборувал македонски, бил испратен од Евмен за да преговара со командантот на македонските единици. Ваквата мисија барала одлично владеење на јазикот, какво што очигледно им недостасувало на обичните Грци. Евмен, кој им бил секретар и на Филип и на Александар добро ги знаел овие работи. (Борза, стр. 92).

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top